Ми се допаѓа целиов опис и звучи како детален профил на некој конкретен маж

Меѓутоа, вакви појави јас само на филмовите сум видела. Не познавам таков „мангуп“ што одговара на профилов.

Дури ми звучи некако нереален.
Јас познавам неколку типови на мажи (кога веќе сме тргнале да генерализираме).
Љубовџии- или мажи кои се способни да заведат многу жени и често ги менуваат партнерките. Привлечни се, имаат добро држење, а искуството им овозможило да ги запознаат жените подобро, па знаат како да го добијат тоа што го сакаат.
Просечни дечки- мажи кои не спаѓаат во ниедна од категорииве, а сепак имаат по некоја карактеристика од сите

Некогаш ќе им тргне љубовта од рака, некогаш ќе се разочараат, не се многу тактични и почесто се потпираат на среќа отколку на стратегија.
Баксузи- така да ги наречам

, што се тапа на љубовно поле, не им иде со жените од разноразни причини (непривлечни се, повлечени, срамежливи, збунети итн.), late bloomers у поглед на секс и ретко исполнети на љубовно поле.
Скопски (или било кој град-ски) фраери- појава карактеристична за нашево поднебје и тип на мажи што ми се најодбивни од сите. Некоја пара у џеб, популарни, картел цурите вени сечат по нив, добро се облакаат, држат сепариња по дискачи, возат бесни коли, неписмени се и интелигентни ко пиле.
Е сеа, твојов опис е најблиску до првата група што ја набројав (љубовџии), ама тие мажи, и покрај тоа што се паметни и способни, ни одблиску не се до толку проникливи и итри, секогаш со однапред смислен план, во стање да ја срушат на земја и најпретпазливата девојка. Твојов профил едноставно е премногу добар за биде вистинит.

Ипак за луѓе праиме муабет, не за суперхерои

И најспособните мажи имаат слабости и некогаш во животот ќе се изгубат под моќта на некоја жена. И тие се од крв и месо, а како такви, прават грешки, се збунуваат, прават погрешни избори, погрешни потези.