Србија и Пакистан најмалку ги сакаат САД

  • Креатор на темата Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Србија и Пакистан се наоѓаат на прво место на листата на земји чија јавност најчесто има негативен став кон САД, покажуваат резултатите од спроведеното истражување на агенцијата „Медиум галуп“.

Додека во повеќето држави, вклучени во анкетата, се забележува подобрување во односот кон САД, во Србија и Пакистан негативните ставови се почесто се сретнуваат отколку пред три години. Во Србија тој процент изнесува 18, а во Пакистан 13 отсто.

Што се однесува до балканските земји, повеќето граѓани на Македонија, Албанија и Романија имаат позитивен однос кон САД, покажува истражувањето.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111697
 
Во Србија тој процент изнесува 18

И ова е премногу со оглед на тоа дека едвај 10 години изминаа од бомбардирањето.

Или галуп лаже или нешто не е во ред со србите!
 
Во Србија реално треба да е околу 50 проценти против, а во Албанија над 80-90 проценти ЗА, бидејќи објективно гледано Албанците на Балканот се најзадоволни од американската политика (сетете се на почеста со која го примија Буш, како национален херој).
 
Тоа, наспроти запалената амбасада во Скопје, само затоа дека Мајка Србија ни ја бомбардираа...
 
Хмм..за амбасадата не знам баш многу, ама за бегалската криза '99 и конфликтот '01 заслужено Американците/НАТО си беа персона нон грата. Во тој период целосно го оправдувам македонскиот антагонизам кон САД, наши денешни стратешки партнери.
 
Офтопик, ама да те потсетам само, дека ние во Скопје ја запаливме америчката амбасада, во иста вечер кога првпат се бомбардираше Београд. Во знак на револт нели...киневме и палевме знамиња на УСА, на НАТО...

И денеска, бараме прием во НАТО, и помош од УСА.
 
Да, меѓутоа спореди го тогашното расположение на македонскиот народ кон ЕУ/НАТО, САД и Меѓународната заедница, кое не беше ни малку гостољубиво, да те потсетам на притисоците врз македонската влада во тој период, на што тогашниот премиер остро се спротивстави, затоа го јаде тоа што го јаде. Околу бомбардирањето на Белград, од мое лично видување: ДА, Милошевиќ заслужи некој што ќе го сруши неговото тоталитарно фашистичко-националистичко владеење, но НЕ заслужија стотиците (ако не и илјадници) невини жртви на бомбардирањето на НАТО.
Значи, оправданоста на протестот ја гледам пред се', во несогласувањето да се казни цел еден народ заради огромните (читај непростливи) грешки на владеењето на фашизоидните политичари, во прв ред Слоба!
 
Се е тоа во ред. Те разбирам. Слобо мораше да падне, народот не заслужи тоа по свој грб да го осети. Ама иди направи го тоа на поинаков начин кога ја имаш цела власт во рака, и кога добри 40% од народот се спремни да умрат за тебе и за твојата налудничава идеологија.

Башка, настрана тоа... Што мајка мораше ние...во Македонија..Македонци...да покажеме револт...за нешто што се случило во Србија. Сфаќаш?
 
Srbija ja bombardiraa i od Makedonija,a da ne zboruvam deka neopravdano ja bombardiraa Srbija so odnapred smisleno i sprovedeno scenario(slicno na ona sto ni go smestija i na nas 2001)
 
Башка, настрана тоа... Што мајка мораше ние...во Македонија..Македонци...да покажеме револт...за нешто што се случило во Србија. Сфаќаш?

Римз, прашањево не ти е баш на место. Имаш многу примери за ова, луѓето оддалечени милион километри од Ирак бараат прекин на насилствата и војната, луѓето оддалечени милион километри од Кина протестираат против "кинеската демократија" и сл.
Во нашиов случај, Србија ни е сосед, луѓето (Србите) имаат роднини во Македонија, исто како што Македонците имаат роднини и пријатели во Србија, па оттука може да се бара одговорот на прашањето што ние бараме да протестираме за Србија?
Еве едно провоцирачко прашање: Што ние (македонските Албанци) баравме да се признае Косово? Зошто се радувавме на независноста на туѓа држава?
Слично ти е, за некои Македонци врската со Србија (не политичка, туку роднинска и пријателска) е на иста релација како врската на македонските Албанци со Косово и Албанија.
За болдираното, револт да, но пред се' сочувство со жртвите!
 
Јасно е за србите, но Пакистанците кои се сојузници со САД од каде го имаат тој негативен однос кон САД. Дали заради силното влијание на Ал Каеда...
 
Одговорот е прост. Тие се албанци, јас сум албанец. Заеднички интерес.

Ваљда нема да кажеш дека ти си србин, тие се срби, па заеднички интерес? :)
 
Ти појаснив роднински и пријателски врски! 45 години живееме (можеби принудно) во иста држава. Тоа што викаш тие се Албанци и ти си Албанец, погрешно го практикувате, на сметка на Македонија, бидејќи Косово честопати ви е побитно од матичната држава, но нема врска ќе забегаме во друга тема.
А и уште нешто: заеднички интерес тогаш со Србите ни беше антагонизмот кон НАТО/САД! Пак ќе повторам оправдан!

Јасно е за србите, но Пакистанците кои се сојузници со САД од каде го имаат тој негативен однос кон САД. Дали заради силното влијание на Ал Каеда...

Сојузници, можеби политичарите. Народот не е сојузник, таму колку што знам има(ше) доста операции за "слобода на пакистанскиот народ", е сега кој како си го толкува тоа...
 
Од една страна Пакистан е нуклеарна сила, а со тоа и национален интерес на САД т.е. го сакаат под контрола. Од друга страна пак многубројното сиромашно муслиманско население подложно на манипулации, особено врз верска основа. Оттука и целта на Ал Каеда е да создаде доволно критична маса во Пакистан која ќе ги ослаби позициите на САД.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom