P.s Tocno e nikoj ne ima pravi problem ,no Burmali djamijata e izgrdena vrz temeli na crkva, a i krajniot zbor za da se gradi ili ne go ima opstinata
Како што ни Ѓурѓовден не е дел од твојата вера, па да се гордееш со него, така не е дел и од неговата, за да можеш да му замеруваш. Ѓурѓовден е само еден од паганските празници кои се празнува под благослов на неспосбните свештеници за искоренување на паганштините од својата вера. Затоа постои правилото, ако не кожеш против него, придружи му се. Но, да не навлегуваме кон тоа, тоа е друга тема.
А дали Бурмали џамија е правена врз темели на црква беше многу поставувано прашање во периодот пред да се согласи владата да им даде на муслиманите исто што и на христијаните. Имено, едно нешто многу ме засега, а тоа е смелоста на гласноговорникот на некаквото тело за обнова на џамијата кога рече: „Бујрум, копајте, направете сондажи, но да знаете дека кога би постоела црква на тоа место, Србите би ја направиле, а не би правеле офицерски дом.“ И јас така се си мислам дека добра му е логикава, само што, сепак, нека си покажат сондажите. Нај раат! Во меѓувреме, кога го ставаа босанскиот мермер, ко кај нас да нема мермери, на плоштадот, ископаа за канализацијата цевки длабоко долу, па се открија темелите на џамијата. Замислете, офицерскиот бил изграден пола на местото на џамијата, а пола на страна, со што при земјотресот се срушила првата половина.... но, тоа е историја...
Како и да е, општината или премиерот, треба добро да размислат, кога веќе натрупуваат се и сешто, што е примарно и што е подобро за иднината на земјава и анродов/народиве-граѓани!
Она што е актуелно е фактот дека Владата на Р. Македонија ќе и додели на ИВЗ плац на плоштадот Македонија токму кај темелите на урнатата џамија за нејзина реизградба.
Со неа, на плоштадот ќе му се врати стариот ориентален историски изглед, со објект стар половина милениум. Како таков објект, тој ќе биде културно, верско и историско наследство, но и посетувана туристичка атракција.
Колку ќе биде посетувана скопската убавица Бурмали џамија од страна на жителите на земјава, муслимани и немуслимани?
Кој од вас ќе ја посети Бурмали џамија?
Еве јас, покрај сите статуи и слики што ги планираат, а досегашниве што не им се малку, можеби ќе одморам гледајќи во ѕидовите на еден храм без лица. Најверојатно ќе има нешто зелено, нешто со цветни и растителни мотиви, ко у секоја џамија, па тоа за момент ќе ми олесни при поминувањето низ плоштадот.
Доколку можеме да прошетаме и влеземе во спомен куќата на скопјанката мајка Тереза, новата црква, театарот, судот, еврејскиот центар и синагогата, тогаш зошто да не влеземе и во џамијата? Ваљда не е забрането за немуслимани и остали туристи? Сематам дека секој од овие објекти треба да се среди туристички, да се носат туристи и да им се продаваат влезници. На пример за џамијава, еден куп Турци ќе дојдат, пошто Албанците не се нешто по верата, повеќе се кон Брисел и Вашингтон (нека не ми замерат кога е вистина), па на секој од нив по пола евро, не повеќе да им земеш,... ехе хеееееј, министерството за туризам ќе има повеќе буџет од целата влада на Грујо!!!
Ај размислете...:uvo::raz:
Ебати джавата ако дозволи такво нешто во центар на Скопје.Кој ке го слуша оној кога ке се дере.Ако се изгради џамијата тоа значи дека следно нешто е поделба на Македонија.
Јас пак поинаку разбрав. Доколку се толерира да им се дава рамноправност во нивните градови, тогаш тоа е знак за федерализација. Се додека сме едни покрај други, а не вие таму а ние тука, тогаш нема да бериме гајле за поделба.
Таа може да биде само копија, реплика на оригиналот...и тоа кинеска копија....кич и ништо друго....најмалку историски реликт...
..да постоеше нешто од неа , па ајде да се реконструира, обнови, конзервира а вака од нула...ќе го нема ..она нештото....
По повод твојов коментар, купив книга со наслов „Османлиски историски споменици во Скопје“ каде пишува и за оваа сега непостоечка џамија.
Има слика од неа, а од неа, во моментов, постојат сега само два дела: Темелите и Столбовите кои се наоѓаат во Градскиот парк, кај Ќеремес.
Може си шетал, а не ти текнало да се запрашаш од кај се столбовиве?
Што значи, и ова твоево не држи вода. Мора да се најде подобар против аргумент за забрана. А сега за сега, го нема никој...:nenene: