- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Па сега ако можат работите така да се поедностават...А значи ако си припадник на регуларна војска ке можеш кај ти прдне да одиш и да колеш нели?А да ти дојдам ја тебе у куќа и да ти речам не ти е телевизрот по западни стандарди и не ми се свиѓа како им се обраќаш на жена ти и децата па да ти мавам завратници кога и да ми текне како ке се однесуваш ти спрема мене?Може кафе ке ми свариш?
Ако твојот комшија (не мора комшија може и подалечен) е сиромашен и истовремено дилер на дрога и дрогата ја продава на твојте деца. Сиромашен е, нема други приходи. И истовремено има премногу деца, кој што се вооружени и се убиваат помеѓу себе. Многу од децата бегаат од домот и се населуваат на твојот имот. Сега децава што се населуваат кај тебе се фини, работливи, од десет едно ќе се јави онака проблематично. Кое што знае да направи понекоја белја ... А децава работливи или не, сонуваат да ти земат по некоја собичка од куќата, ако може и целата куќа ...
Е па ќе мора да му тропнеш на врата. Да му поставиш услови, да си ја смени професијата, обичаите. Ќе му ветиш помош, затоа што неговите проблеми се и твои проблеми. Ако не пали ќе мора да примениш сила. Но само со сила ништо нема да направиш ...
Тука се сложувам. Не смее американците да го имаат тој комодитет и нивните војници да не одговараат пред меѓународните судови. И многу подобро би било доколку САД не би биле толку доминантни во улогата на светски полицаец.Од кај па ти знаеш за што и како биле осудени тие?Зошто пред неколку дена повторно имаше ист инцидент документиран?КОлку такви поминуваат неказнето?Зошто само американските граѓани се исклучок од меѓународниот суд за воени злосторства а секоја друга земја е обврзана да одговара?Демек они се божјата правда на земјата така ли?
Сигурно би било подобро ваквата улога да премине кај ООН, или некоја друга форма, преку која што ќе се ангажираат и други (Кина, Индија, Јапонија и сл.) при решавање на ваквите проблеми. Никој денес не е изолиран .......
Да, Германците ги сметаа за луди на времето. Кога, Хитлер им дојде на власт...А и пред тоа имале чудни политичари. Па тогаш си мислеа, што ако германциве ги прогонуваат евреите. Тоа е нивна внатрешна, домашна работа. Па што ако ја нападнаа Чехословачка. Па нема сега светска војна да правиме, за таму некој си чеси....Германците го правеа тоа сегде.И потоа го расчистуваа Берлин од пепелта и го с години го переа срамот од своите плеќи и од своите силувани жени.Не сакам да ми се случи и мене истото само заради тоа што некој идиот од вашингтон му текнало дека може да бомбардира земја само заради што го немаат Хастлер во кабловскиот пакет.