Увоз на автомобили?

  • Креатор на темата Креатор на темата Kiko
  • Време на започнување Време на започнување
Ако воланот е од десна страна, нема да можиш да ја увезиш (освен ако не ја преправиш).
Грешка си...

Ако е воланот од десна страна можиш да ја увезиш. Ќе си платиш царина, данок, А-тест и сите тракатанци по пропис и колата ќе влези во Македонија. Не ти даваат да ја регистрираш.

Да неречам, прво те тераат да ги платиш сите давачки, и на крај цврц, нема таблици.

--- надополнето ---

Нешто вакво http://suchen.mobile.de/fahrzeuge/s...&negativeFeatures=EXPORT&lang=de&pageNumber=5 да увезам колку би ме коштало?
До кај 20.000 сигурно ќе те фати.

--- надополнето ---

Нешто вакво http://suchen.mobile.de/fahrzeuge/s...&negativeFeatures=EXPORT&lang=de&pageNumber=5 да увезам колку би ме коштало?
До кај 20.000 сигурно ќе те фати.
 
До регистрациа?
Така нешто. Груба проценка е тоа, сепак треба за поточно да се отвори Швахе каталогот... Според него проценуваат колку вреди колата, и колку се плаќа давачки за увоз.
 
Грешка си...

Ако е воланот од десна страна можиш да ја увезиш. Ќе си платиш царина, данок, А-тест и сите тракатанци по пропис и колата ќе влези во Македонија. Не ти даваат да ја регистрираш.

Да неречам, прво те тераат да ги платиш сите давачки, и на крај цврц, нема таблици.

...Еееееер...шо...Сотир ќе ми речи „Аааа...десен волан имаш нема да ја регистрирам?!“ а со документ од А-тест му одиш?!

Ќе ја регистрират и оро ќе играт. Како се гладни за пари...3500 да ги фрлат во вода...од „етички причини“ ...не ми се верва. Какви коли врват на регистрација, а не десен волан.
 
Прашање едно, акцизата на автомобили нели се пресметува според вредноста на возилото а не според зафатнината на моторот, http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=285 еве на страната на царинската служба е дадено рангирање за големината на акцизата на возилата според вредноста на возилото, така што ако за возилото имаш потврда за европско потекло плаќаш 2% царина + 18% ддв + доколку надминува вредноста на возилото над 3000 евра плаќаш и акциза? и потао идат другите давачки тив и хомолагација 10000ден цол таблици и еко такса 130 евра, влез 50 евра, преводи околу 30евра итн....? се разбира увозот е само за возила кои исполнуват еко 2 стандарди.
 
Стара вест ти е оваа

Сега треба да е Еуро 3, немаш данок, но имаш ддв. Возилото ти го проценуваат според Швацкелист и на тоа ти пресметуваат ддв. Еко такса, влез, превод, регистрација, а-тест ти се стандардни трошоци за секое возило.

Е сеа колку е акцизата за возило над 3000 евра не знам, заборајв...5% не знам како беше...
 
Мислам дека уште може да се внесуваат коли со еуро2, а дилемата ми беше околу пресметката на акцизите, значи акцизите се пресметуваат според вредноста а не според зафатнината на моторот т.е според табелата за акциза што е во претходниот мој пост! Фала
 
Здраво.Нов сум во целава приказна со увоз на автомобили и би сакал да прашам некој ако има искуство со внес на автомобил од Бугарија или Словенија.Заинтересиран сум да внесам Форд Фокус 1.6 од 1999 до 2002 год со поминати некои си 140000 максимум.Колку би ме фатиле давачки од плацот таму до мк таблици? Фала однапред
 
Дали има некој на форумов што се занимава со увезување коли од странство?
 
Шо ти треба/интересира ?

Па дали сам бил (на пр.во Германија),како(каде) наоѓа возило,какви се заебанциите со документите за пренос,со какви таблици ја возиш до тука,колку време одзема додека ја регистрираш на свое име,колку дополнително чини и како ти ја ценат колата преку тој документот(на пример ако внесеш обичен 1.9 ТДИ мотор со 110 коња колку би било).
 
Ова да го увезам колку ќе фати?

Според шваке каталог ова возило вреди некаде околу 28.000.00 ЕВРА

Ако платиш 18% ДДВ и уште 15.5% Акциза и на сето тоа 2% царина и останати давачки ќе те фати 15.000 ЕВРА ... Лудило брате. Подобро да си купиш да кажеме 308 на ново со фул опрема :D

Не се нормални !!!!!
 
Не се исплатува подобро ќе купам вакво или вакво и ќе бидам во ќар, добро како и да е ти благодарам што се потруди!
 
Според шваке каталог ова возило вреди некаде околу 28.000.00 ЕВРА

Ако платиш 18% ДДВ и уште 15.5% Акциза и на сето тоа 2% царина и останати давачки ќе те фати 15.000 ЕВРА ... Лудило брате. Подобро да си купиш да кажеме 308 на ново со фул опрема :D

Не се нормални !!!!!
Грешиш многу. На тој сајт најверојатно е прикажана вредноста на ново возило, инаку со оглед на староста и амортизацијата, тука таа кола би била проценета на околу 6000 евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom