Дали би прифатиле да се смените за некого?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Не, нема шанси да се мењам, ниту сега ниту порано сум го правел тоа.
А зошто би се мењал било кога низ животот? У ствари како човек да се промени? Може само да излезе на површина дел од неговата личност, некоја особина (позитивна негативна сеедно), дотогаш прикриена или потисната-а до скоро непотребна...
А крупни промени...не верувам во нив. Каков си (како те скроил татко ти и сошила мајка ти) таков си.
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
85
Поени од реакции
8
Дали би прифатиле да се промените за некого?

Личното мое мислење за тоа ЗА КОГО би требало да се сменам во карактерот е моето момче...кое сега за сега во овие 6 месеци имаме ОДЛИЧНА врска...односно јас мислам дека сите треба да не прифатат онакви какви што сме...а што се однесува до ДРУШТВО...и јас бев во едно слично такво друштво....постојано имаше озборувања помеѓу себе...оваа ваква е таква е....во почетокот се беше ОК,се додека не почнаа сите да си го покажуваат своето лице...и решив да се одделам и да најдам нови пријатели...
Сепак ако ти гледаш дека не те прифаќаат онаква каква што си,подобро е да најдеш ново друштво...
 
Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
„Не, кој што ме сака, ќе ме сака ваков/ваква.“
Реченицава според мене е апсурдна. Не се сите должни некого да трпат ради неговиот неподнослив карактер. Па мајкуму, не се вртит светов околу него. Не се променуваш, не мораш. Сам ќе си останиш:gushka:.
Лично јас, доколку сакам, можам да се променам. Зависит колку е силна желбата во мене за нови промени и да станам подобра/полоша личност. И да, ако некому му сметат мојов карактер, слободно примам забелешки, да ги увидам грешките па да ги исправам и да се променам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
„Не, кој што ме сака, ќе ме сака ваков/ваква.“
Реченицава според мене е апсурдна.
Хм, апсурдот е далеку поголем ако пробаш да се смениш, а испадне тотално фијаско...

Прво, начисто, збориме за големи промени, а не дали мажот мочал на даската од клозетот или не миел тањири или дечкото ја зафркавал, наводно бил лош...
Темата е коренити, одлучни, радикални промени како разбрав...Ако е за ситна шминка...тогаш заборавете го овој муабет :)

Има луѓе кои нема да те сакаат таков/таква, но исто толку има и кои ќе те сакаат. Е сега, ако ти целиш на некого, тој абар промени...тешко успеваат вакви односи и наводни промени. Дури честопати во брак...почетокот и муабетот е...ако е таков, ќе се смени, ако...за да после некое време БУУУМ, отиде заедницата.

Дрвото (не мислам на никого овде :smir:) може да се изделка и формира од него статуа, рамка, маса...но да ставиш дрвена плоча наместо стакло на прозор и да гледаш низ таа плоча...дрвото си останува дрво со сите својства дадени од молекуларната градба.
Истото е и со каменот, стаклото, водата...се си има однапред зададени карактеристики, а за да се направат длабоки промени, значи тотално нов материјал, треба да се измени целосно молекуларните врски и/или структура на тој материјал.
Значи ако некој сака(л), за мене минато свршено време :) ) јас да се сменам целосно и да не личам на себе, да се обезличам...тешко,

значи мамо раѓај друго дете, воа не го бива :wink:
 
Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Има луѓе кои нема да те сакаат таков/таква, но исто толку има и кои ќе те сакаат. Е сега, ако ти целиш на некого, тој абар промени...тешко успеваат вакви односи и наводни промени. Дури честопати во брак...почетокот и муабетот е...ако е таков, ќе се смени, ако...за да после некое време БУУУМ, отиде заедницата.
Јасно ми е за какви промени стануват збор. И претходниот пост се однесуват конкретно на такви, а не мажот мочал со спуштена даска, тоалетната хартија ја фрлал во шолја, а не во канта и слично.
Во денешно време светов е дојден до тој степен да се откажит од фамилија ако нешто не му чинит. Не можит едноставно ако си неподнослив за сите, да си чиниш себеси и уво да не ти чуе, ко ги шишат сите јас ќе си останам ваков ко шо сум. Немој да мислиш дека И тие шо ќе те трпет [не мислам на тебе] ќе те трпет вечно.
За да живееш во определена заедница требит да се пронајдит заеднички јазик со луѓето околу тебе. Да се пронајдит некој баланс, ако не нешто друго, инаку хаос невиден би настанал.
И да, човек ако сакат можит да се сменит. Со добра волја секако и упорност. Ова го тврдам.

Дрвото (не мислам на никого овде :smir:) може да се изделка и формира од него статуа, рамка, маса...но да ставиш дрвена плоча наместо стакло на прозор и да гледаш низ таа плоча...дрвото си останува дрво со сите својства дадени од молекуларната градба.
Истото е и со каменот, стаклото, водата...се си има однапред зададени карактеристики, а за да се направат длабоки промени, значи тотално нов материјал, треба да се измени целосно молекуларните врски и/или структура на тој материјал.
Значи ако некој сака(л), за мене минато свршено време :) ) јас да се сменам целосно и да не личам на себе, да се обезличам...тешко,

значи мамо раѓај друго дете, воа не го бива :wink:
Остај ти дрва, камења, стакла, води, молекули и хемии. Не сум ни јас, ни ти дрво. Стаклоно немат памет да си речит: Е на овај не му чинит дека сум ептен изгнасено. Дај чекај да се подзачистам ?
Пак ќе кажам, разумни луѓе сме и доколку сакаме нешто да изведиме, ќе го изведиме. Ако не за доброто на останатите, барем за свое добро. Ако не си цврст во одлуката, мамо раѓај ново дете и исчисти го стаклото.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Јасно ми е за какви промени стануват збор. И претходниот пост се однесуват конкретно на такви, а не мажот мочал со спуштена даска, тоалетната хартија ја фрлал во шолја, а не во канта и слично.
Во денешно време светов е дојден до тој степен да се откажит од фамилија ако нешто не му чинит. Не можит едноставно ако си неподнослив за сите, да си чиниш себеси и уво да не ти чуе, ко ги шишат сите јас ќе си останам ваков ко шо сум. Немој да мислиш дека И тие шо ќе те трпет [не мислам на тебе] ќе те трпет вечно.
За да живееш во определена заедница требит да се пронајдит заеднички јазик со луѓето околу тебе. Да се пронајдит некој баланс, ако не нешто друго, инаку хаос невиден би настанал.
И да, човек ако сакат можит да се сменит. Со добра волја секако и упорност. Ова го тврдам.

Остај ти дрва, камења, стакла, води, молекули и хемии. Не сум ни јас, ни ти дрво. Стаклоно немат памет да си речит: Е на овај не му чинит дека сум ептен изгнасено. Дај чекај да се подзачистам ?
Пак ќе кажам, разумни луѓе сме и доколку сакаме нешто да изведиме, ќе го изведиме. Ако не за доброто на останатите, барем за свое добро. Ако не си цврст во одлуката, мамо раѓај ново дете и исчисти го стаклото.
Сакаш да кажеш дека си јуник и дека можеш као Трансформер да се смениш или некој друг толку ќе се смени? Е ај нека ти бидне кејфот...али чекај, ваљда животот е пред тебе. Скокни па кажи...не се истрчувај, низ живот колку подолго го живееме гледаме секакви ствари...сакале нејќеле. И ја сум бил идеалист и сум мислел и на вакви теми.
Али ај, нек биде по твое дека сме Разумни луѓе...инаку честопати разумот отсуствува и покрај силната желба за истиот. Уосталом, will see.

Впрочем гледам дека се срдиш ако спомнувам примери и споредби. ОК, еве...нешто као прашања.

Зошто да се смени човек?
Кој треба кого да трпи?
А што ако е чувството за нетрпеливост обострано?
Што ако се смени, а повторно не одговара во очите и умот на другиот...што тогаш...?

Размисли пред да критикуваш за вц школката, тоа беше само прост пример, за секој да го разбере нефилозофски-едноставно.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Не би се сменила заради никого.Било кој може да се обиде да ми сугерира извесни промени,а дали ќе ги прифатам или не,зависи само и исклучиво од МЕНЕ и мојата проценка колку истите би ми одговарале.Сакам да слушнам различно размислување од моето,совети и така и така,ако се добри може да ги земам во предвид.Не сакам ич солење памет,а притисок,наметнување и уценување секогаш даваат контраефекти кај мене.

Во принцип не бегам и не се плашам од промени,ама па исто не сакам да сменувам нешто на секои пет минути.Најчесто треба да има некоја причина за промена.Најчесто...:pipi:

Значи,промени иако се иницирани од друг,доколку предвидуваат нешто реално остварливо,корисно,паметно и интересно(ова обавезно или заедно или само паметно:)) за мене се секогаш добредојдени.Истите отпаѓаат и се отфрлаат во истиот момент ако се косат со моите ставови,не се прилагодени на моите способности или имаат некаков негативен ефект врз некој аспект од мојот живот.Кој ги предложил не е битно.
 
Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Зошто да се смени човек?
Кој треба кого да трпи?
А што ако е чувството за нетрпеливост обострано?
Што ако се смени, а повторно не одговара во очите и умот на другиот...што тогаш...?
1. Напишав и во претходниот пост. Требит со луѓето да се пронајдит заеднички јазик, еден баланс, инаку би било хаос. Едноставно ако твојот карактер не им чинит на сите, логично е грешката да е во тебе, а не во нив.
2. Никој не е апсолутно должен никого да трпит. Ни некој тебе, ни ти некого. Ако дотичната личност нема намера да се променит, добар и пут во потрагата по нови жртви.:gushka:
3. Одговорот лежит во првото прашање, првите две реченици. Ако не, аривидерчи, немат нервози од двете страни :).
4. Доволно е една според мене. Би ја направила погодна пред се’ за себе и за останатите. Ако таа повторно не одговара во очите и умот на другите, тогаш немат повторно да има промени.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Само мојте дома и никој друг имаат право да ми кажат да се сменам...условно кажано.

Терајте го тоа што е ваше, а ако некој не ве прифаќа вас и вашите идеи тогаш не треба да биде покрај вас, многу е едноставно.
 
Хм, кратко и јасно, то ми беше и мене поентата :smir:
 
Г

Господ

Гостин
Ни под разно не би се променил ма колку и да некој ме смета за било каков.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Би сменила нешто во моето однесување само доколку им смета на повеќето, мислам на поблиските и доколку и јас сметам дека не е во ред. Мислам дека секогаш треба да бидеме отворени за по некоја добронамерна критика, и да пробаме да си ги смениме маните, ама не ради тоа што мислат другите туку ради нас самите, а доколку сметам дека ништо не ми фали тогаш ништо не би сменила ама доколку другите се во право, би пробала да сменам и би им била благодарна што ми го посочиле тоа :)
 
Член од
23 август 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
Незнам ама според мене нормално е човекот да се менува, ама тоа речиси никогаш не се случува планирано туку еден ден ќе сфатиш колку си попримил од луѓето околу тебе и обратно колку тие попримиле од твоите особини
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Па,да.
Би се променила.
Би се офарбала плава,на пример.

:tapp:
Јас самата себе не можам да се сменам,ниту друг.
 
MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Како велат: “Лисицата крзното го менува но карактерот не„ па така и јас, никогаш не би се променила за никого, а и да сакаш тешко е карактерот да го смениш:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom