Криза е, а просечната плата првпат над 20.000 денари!

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да се нема образ пред народот. Срамота.

Ја да сум таму би ми било срам да излегувам со вакви информации.
Зошто бе срамота,па тоа се реални податоци,посебно сега одкако се намалија вработените во стопанството:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Епа срц ко ќе ги пријават и тие 340.000...пресметај колку данок ќе заработи државата...така да и за субвенции у астрологијата ќе има!
Јас сум за да ги пријават и треба да ги пријават.Додуша само и од тоа функционираме,со даноци од администрација,па ќе се извадат пари за мадињата на Александар:pos2:
Само што тогаш,ќе треба да подголтнат два пати,пред да зборат за просечна плата во Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Нема криза во Македонија.

Ама и пари има се помалку во истата таа Македонија (ниту северна ниту централна) :smir:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Нема криза во Македонија.

Ама и пари има се помалку во истата таа Македонија (ниту северна ниту централна) :smir:
samo zaebaajte se,ama................................vsusnost sto drugo moze da se prai, osven uste da se prodavaat falsivi OPTIMIZMI..ko sto pravat nekoi alexandrovci... :)
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Зошто бе срамота,па тоа се реални податоци,посебно сега одкако се намалија вработените во стопанството:toe:

Никола е ебано ненормален!!! Кој будала на него диплома му дал не разбирам! Лош премиер е, тоа е јасно. Ама олку тапа екномист дека е не ми се верува... Покачува плати и пензии додека производството опаѓа и приватниците намалуваат/прекинуваат со работа... Не ми се верува дека го велам ова - ама кај да е ќе плачеме по Бране :)))
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Pa dobro be sto se cudite? toj e prosekot na tie sto zemaat plata. Ne moze da se zema prosek na nekoj sto ne zema plata ili zema 5-6000 denari, ajde da ne bidam pogresno razbran ama sekoj znae deka so 5000 ne se zivee pa koj im kriv sto odat da rabotat za tie pari. Odat pravat bavci sadat kompiri sadat tutun i slicno od sto se prehranuvaat i posle pak kako nekoj slepci odat na rabota za 5000 denari da gi pravi majmun nekoj kreten. Neka ne odat pa ke gi vidime site tie gazdi kako ke rabotat sami.Sekogas vikaat nema pari za rabotnicite a preku nok pokazuvaat cuda.Ako nema pari neka gi zatvort biznisite i cao.
Ajde da tupam mnogu ama ednas imav prilika da zborvam so eden covek pred 5-6 godini od Kicevo vraboten vo Oslomej i mi kazuva deka nema zemeno plata 9 meseci a imase sin student vo OHRID. Sigurno ne ziveese i ne finansirase student od platata sto ne ja zemal i koga go prasav "pa dobro zosto odis na rabota ?" ne kaza nisto pokonretno samo gi sobra ramenata. I koj mu kriv sega ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
samo zaebaajte se,ama................................vsusnost sto drugo moze da se prai, osven uste da se prodavaat falsivi OPTIMIZMI..ko sto pravat nekoi alexandrovci... :)
Не бе, вистина е. Генерално (читај малку Вечер, опти-мизам :) ) нема криза, се е во ред, очилава ми се замаглени инаку... Еве и некои стручни согледувањана сајтот на...
http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=4869
за кризата (и други македонцки работи).
Значи според овие извори, се е во ред.

Ама, спротивно на ова, кога идеш у продавница нели ти остануваат се помалку пари за иста количина роба? :smir:

Плата расне, а у ствари не расне туку расне бројот на државно-платени, а паѓа бројот на оние што треба тие државно-платени да ги издржуваат, а у ствари тоа е елегантно ослободување од баластот. Башка номинално е качена дури за 100 евра, а реално јок, паѓа. Дали на микро или макро, ќе мора нашиот македонски работник-пролетер да направи уште едно дупче на каишот.

Инаку Конкрит, мора малку и да се олабави ова-со шала. Во спротивно се појачува желбата за самоубиство, депресијата, апатијата ни се секојдневни другарчиња.

Ne moze da se zema prosek na nekoj sto ne zema plata ili zema 5-6000 denari
Тие кои земаат таков износ на плата сигурно дополнително заработуваат или имаат земја/земјоделство, од кое се вади нешто. Или сопружникот земе друг износ од кој се издржуваат. Инаку само за леб и млеко потребни се минимум 1500-2000 денари месечно. А другата основна прехрана? А струјата, други комуналии?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Уште нешто за светите крави....

Само државата плаќа бенефициран стаж


Приватните газди не сакаат да им плаќаат бенефициран стаж на вработените што работат на ризични работни места, а нема ни кој да ги натера. Проблем е тоа што законската регулатива предвидува самиот работодавец да понуди елаборат во кој ќе образложи кои се причините да плаќа дополнителни придонеси за тоа работно место. Но, на приватните газди не им оди во прилог да кратат од приходите за да му овозможат на работникот предвреме да се пензионира.Привилегиите од бенефицираниот стаж во земјава сега ги користат 40.000 вработени, од кои најголем дел се вработени во државни фирми. Во другите сектори со ризичен профил на работно место, приватните газди ретко се расположени да плаќаат привилегиран стаж.

Можност да заминат во пензија со наполнети од 45 до 50 години возраст сега имаат балетаните, полицајците, шумските полицајци, нуркачите и пилотите. Бенефициран стаж имаат и вработените во затворите и казнено-поправните домови, во Специјалниот завод во Демир Капија и во Болницата за психијатриски заболувања „Скопје“ во Бардовци и дел од медицинските сестри. Исто така и вработените во Дирекцијата за заштита и спасување, во рудниците, во ОХИС, во фабрики за производство на лекови, вработени во индустријата на тешки метали и во рафинерии.Иако некои од градежниците што работат на големи височини треба да добијат бенефициран стаж, никој од газдите не пријавил и не образложил дека сака тие работни места да ги плаќа бенефицирано.

- Ситуацијата е катастрофална. Законската регулатива дава можност за бенефициран стаж, но во секторот градежништво нема интерес кај работодавците да плаќаат дополнителен придонес. Факт е дека градежниците не можат да работат на големи височини и на различни временски услови до 64 години. Најнужна потреба е бенефициран стаж кај градежниците. Од 20 до 30 отсто од вработените во градежништвото треба да имаат бенефициран стаж. Инспекцијата треба да ги принуди работодавците да плаќаат, но тие се оградуваат од одговорност - вели Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво при Сојузот на синдикатите на Македонија.Од Државниот инспекторат за труд велат дека тие немаат такви ингеренции.

- Во законот никаде не пишува дека инспекторот ако наиде на работник што работи на ризично работно место треба да бара дополнителен документ од работодавецот дека му се плаќа бенефициран стаж. Ние проверуваме дали има заштитна опрема и дали местото на работа е обезбедено - велат во секторот за безбедност при работа во инспекторатот.Од Синдикатот за енергетика, индустрија и рударство реагираат дека со законските измени во 2007 година се намалиле правата на вработените што имаат бенефициран стаж.

- Порано рударите со 28 години ефективен стаж, значи заедно со бенефицираниот, можеа да одат во пензија. Односно ако се вработил на 20 години, на 48 години можел да биде пензионер. Со измените со кои стажот не е услов за пензија, туку староста од 64 години, рударите под услов цел работен век да го поминале во најлоши услови во јама не можат да одат во пензија пред 53 години. Кај полицајците и другите служби тоа е решено поинаку, со друг акт, во кој се вели дека со 25 години ефективен стаж може да се пензионираат - објаснува Пеце Ристески од СМЕР.Од Министерството за труд објаснуваат дека интенцијата на европските земји е предвременото пензионирање да се сведе на минимум.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5073DD16F21EE840A2686ADA7B1D1695
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
А колку (процентуално или во апсолутни бројки) се плаќа плус за ваков стаж?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па кога ке се подзамислам подобро и ке размислам....

единствено нешто што работи во државава е собранието, општините и државните фирми. Така да, ако се продолжи со овај тренд на “вработеност на населението“ ке дојдеме до фактот дека собраниска плата = просечна плата во Македонија.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па кога ке се подзамислам подобро и ке размислам....

единствено нешто што работи во државава е собранието, општините и државните фирми. Така да, ако се продолжи со овај тренд на “вработеност на населението“ ке дојдеме до фактот дека собраниска плата = просечна плата во Македонија.
Па тоа и ми беше зборот,според најновите статистички податоци во Македонија има окулу 350 000 официјално вработени лица,оти другите не успеваат да поминат плата до 15ти во месецот,значи исто како да не се вработени.Е сега ако се пресмета просекот на личниод доход од тие кој поминуваат плата до 15ти во месецот,просечната плата изнесува окулу 20 000 денари со тенденција на зголемување зошто и голем дел од тие 350 000 вработени ќе останат без работа во следните месеци,што значи просечната плата се повеќе ќе се изедначува со платата на администрацијата,која единствено ќе остане официјално вработена и релевантна за заводот кој објавува статистички податоци.:toe:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Дали е вистина дека просечната плата е 20000? Најголемиот дел од вработените замаат по 6-7000. Па кој е тој што зема толку големи плати за да го крене просекот на 20000?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.329
Најголемиот дел земаат многу повеќе. Погоре беше објаснето, најголем дел се оние кои земаат плата од буџет, од 20-30 илјади. И финансиските институции се над 20.000 (банки, штедилници), а она остатокот е на Охис и сличните кои и не земаат плата...со месеци или земаат од 4-7.000. Но и тие лека полека ќе ги стават во графа невработени за понатаму просекот плата да се изразува како апсолутна бројка од платата на буџетските корисници.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сменете го насловот во„Криза е,а просечната плата на државната администрација која ги јаде парите на граѓаните рипна над 20.000“
п.с.Во министерство за здраство си ладат диња цел ден под чешма.Да се дома да видам дали ќе ја остават чешмата да тече цел ден.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сменете го насловот во„Криза е,а просечната плата на државната администрација која ги јаде парите на граѓаните рипна над 20.000“
п.с.Во министерство за здраство си ладат диња цел ден под чешма.Да се дома да видам дали ќе ја остават чешмата да тече цел ден.
Па сега кога водата е од сите и за сите,и кога на секој Македонски граѓанин обврска на државата е да му обезбеди чиста и питка вода бесплатно,најмалку 2 часа на ден,тогаш и ладењето диња е само капка во морето.Се разбира доколку државата ја исполнува оваа обврска што ја напоменав погоре,без да им праќа извршители на сопствените граѓани за неплатената вода која покрај се е и најскапа во светот.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom