Јас не напишав дека деведесет проценти од населението треба да се занимава со земјоделство, и не напишав дека индустријата е лоша работа.Напротив, јас напишав дека сега треба храната да ни биде приоритет број еден зошто ние немаме домашно производство, ние зависиме од храната која ја увезуваме.Од една страна бараме да се намали цената на храната (зошто е многу скапа), а од друга страна пишуваме (не ти лично) дека земјоделието е не толку битна работа за нас.Можеби знаете можеби не знаете, но денеска во светот приоритет е производството на храна, а тоа е така зошто има недостиг на храна.
@ABC
Македонија како држава може да конкурира само на нашиот пазар и на балканскиот пазар со своите продукти, а тој пазар исто така не е мал.Можеби не е поголем од европскиот пазар, но не е исто така и мал балканскиот пазар, и може да се профитира и тоа многу од тој пазар.А да зависиме во Македонија само од увозна храна, е многу погрешна политика, тоа е исто како да зависиме од добрата волја на некоја земја, а еден писател напишал дека добрата волја и судбината се најпревртливите и најнепресметливите две нешта што постојат.Нашата земја може да обезбеди на овој пазар доста квалитетни продукти кои можат да им парираат на овие германскиве производи, ако ништо друго да им парираат на нашиот пазар и со тоа да овозможат намалување на цените на храната, а конкуренцијата сигурно дека не можеме да ја создадеме со помош на турските производи кои не вредат ништо, туку тоа можеме да го направиме со нашите продукти, кои имаат и тоа многу добар квалитет а голем плус е тоа што се поевтини од германските.Ти не можеш целосно да зависиш од увозна храна, ти со тоа создаваш монопол, дури и сега се чувствуваат ефектите од тоа, прво германскиот производ е скап, премногу скап за нашиот стандард.Да не зборуваме колку се зголемува цената кога ќе ги дадеш сите потребни давачки, а Македонија не е во зоната каде не се наплаќа царина.А што се однесува до турските производи, да тие се евтини, но да те прашам нешто што мислиш колку се тие квалитетни и здрави????Или пак си мислиш дека Турците ни го даваат она најдоброто што го имаат, епа не, турската роба што е во Македонија не вреди да се искористи и за да се прехрани со неа добитокот.
Ние бараме поевтина цена на прехрамбените продукти, а немаме домашно производство, и уште се осмелуваме во таква позиција да бараме поевтини цени на храната од Германците, и која е логиката тука да ве прашам??