Љубовта е совршенство и смислата на животот и ја има во секоја пора во универзумот. Како што имам и порано кажано - не постои омраза постои само недостаток на љубов исто како што имаме недостаток на витамини во организмот, така имаме и недостаток на љубов во душата.
Љубовта е секаде околу нас и се што правиме а ни предизвикува задоволство е исто така љубов. Иако се манифестира и прикажува во различни облици и често не ни се забележува, љубовта е енергија која ги движи сите работи кај човекот.
Кога излегуваме да се видиме со луѓето што ни се блиски и тоа влегува во љубов, одењето на концерти, журки и тоа е љубов, затоа што го сакаме тоа, сакаме да си поминеме убаво и со љубов го правиме тоа.
Љубовта сама по себе, не значи само љубов кон партнер. Љубовта е движечка сила на нашата душа, без неа таа е празна.
Љубовта не ја измислил човекот - таа отсекогаш постоела, постои и ќе постои. Човекот секогаш имал љубов во себе, само името на тоа е чувство е дадено од страна на човекот. За мене љубовта како чувство, општо, дали е љубов кон животот, факултетот или блиските луѓе е совршенство. Тоа што човекот си дава за право да ја сквернави љубовта, не значи дека таа е помалку вредна. Луѓето сакаат. И најмрачните луѓе кои тврдат дека не постои љубов не сфаќаат дека и тие сакаат, само на многу поинаков начин. Свој начин. Љубовта не е дефиниција од книга, љубовта не е она што го прикажуваат во филмовите, љубовта не е секс и бакнежи. Љубовта не е она што го кажуваат во списанија, врската со партнер исто не е единица мерка за љубов.
Љубовта е како воздухот што го дишеме. Не ја гледаме, но ја чувствуваме. Не се објаснува со зборови, често не ни забележува дека нешто правиме со љубов.
Љубовта е како ветар кој го забележуваме само кога ни е многу жешко и не освежува неговото бранување.
Љубовта е алфа и омега.
Тоа е моето мислење. Можеби забегано и смешно за многумина. Но цврсто стојам на овој став и нема една жива сила на светов која ќе ме разубеди.
Има една многу убава реплика во филмот "Love Actually".
Whenever I get gloomy with the state of the world, I think about the arrivals gate at Heathrow Airport. General opinion's starting to make out that we live in a world of hatred and greed, but I don't see that. It seems to me that love is everywhere. Often, it's not particularly dignified or newsworthy, but it's always there - fathers and sons, mothers and daughters, husbands and wives, boyfriends, girlfriends, old friends. When the planes hit the Twin Towers, as far as I know, none of the phone calls from the people on board were messages of hate or revenge - they were all messages of love. If you look for it, I've got a sneaking suspicion... love actually is all around.