Што значи ова?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Се среќаваме со многу работи кои нам ни се нови и притоа интересни. А пак многу од нив можат да бидат непознати или пак само делумно да ги разбереме.

Дали кога се сретнувате со нешто сосема ново и непознато за вас прашувате што е тоа, кое е неговото значење, за што се користи?

Дали кога одреден термин не ви е познат, барате некој да ви го објасни, или само ќе го прескокнете и продолжувате понатаму притоа правејќи се дека го знаете неговото значење?

Дали и колку се срамите од она кое можеби не го знаете?

Искрено јас секогаш кога ќе сретнам нешто ново прашувам или пак сам истражувам:) Сакам кога нешто ќе видам да ја знам неговата цел, намена...
Никогаш не се правам дека знам се’, и кога нешто не ми е јасно си прашувам без срам.
А Вие?
 
Дури и ако не разберете една реченица, тоа е поради едниот единствен збор во неа, што не ви е познат. Луѓето што не прашуваат кога нешто не им е јасно, за мене се конформисти, несигурни, нереални и сакаат да остават фејк-аларм околу себе. Обожавам да прашувам, мојата љубопитна природа, секогаш ме носела до нови сознанија. Така што, во овој случај, не се штедам на прашања. Важно е да се погоди вистинската личност која ќе ја прашаш, таа да биде остручена во областа, да знае да го пренесе знаењето... Додека има желба за учење, ќе има и такви луѓе. Особено сакам да учам нови зборови, тие ми се пасија. Кога завршувам со читањето на некоја книга, во тетратката имам запишано просечно 50тина зборови, чии значења подоцна ги дознавам на овој или оној начин.
 
Кога нешто не знам, најчесто си прашувам што како, иако некогаш од срам си преќутувам, па потоа кога ќе дојдам дома гледам на интернет што како е (God bless чичко Google). Сепак најчесто прашувам, нема зашто некој да се срами, човек учи додека е жив, не може се да знаеме.
 
повеке од нормално е кога не знаеме нешто или пак не сме сигурни да прашаме некој кој е покомпетентен од нас во таа сфера.
 
Зарем има човек кој знае буквално се и има некоја тема од која не е запознаен.Човекот е такво суштество кое постојано се стреми кон нешто повисоко нешто над него, се стреми кон совршенство иако и самиот тој знае дека никогаш нема да го достигне.Но тоа не го спречува постојано да истражува да се надоградува и дообразува.
Лично секогаш сакам да научам нешто повеќе и тоа што не го знам воопшто не ми е срам да прашам што е и како е.Сепак човек учи додека е жив, па така уживам да сум во друштво со луѓе од кои ќе дознаам нови работи или пак ќе пренесам јас на истите нешто што не го знаеле.
 
Со оглед на тоа што кога ќе наидам на за мене, непознат термин, немам кого да го прашам во мојава околина, морам се консултирам со гугл - единствена опција за учење на нови работи и термини. Инаку секогаш кога наоѓам нов збор, термин истиот си го повторувам неколкупати во себе за да го запомнам, ова најчесто кога налетувам на некој нов збор од англиски.
 
Секогаш прашувам кога не ми е нешто јасно и не се срамам.Од клас ми се смеат дека сум била како од FBI ама на мене не ми е гајле и секогаш им викам Кој ќе си праша тој ќе си знае.
Мислам дека србите имаат една изрека..кој пита тај не скита..или така нешто беше :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom