- Член од
- 13 август 2008
- Мислења
- 1.145
- Поени од реакции
- 893
Сунетисувањето на машките деца од исламска вероисповед е задолжителен верски обред кој се врши на возраст од 5 до 8 години.
На овој верски обред кај Македонците муслимани во реканскиот регион му се посветува посебно внимание така што се прави веселба – исто како за свадба. Затоа сунетот се нарекува и мала свадба, а за гостите се подготвуваат традиционални јадења, онака како што се правело со векови.
Самата церемонија на сунетисувањето започнува со поканување на гостите, при што се пеат народни песни.Неколку дена пред главната церемонија, поблиските роднини се викаат на церемонијалот наречен Китење на капчето. На оваа церемонија најчесто одат жени и се пеат традиционални рекански песни.
Пред да се изведе чинот на сунетисување, детето се шета на коњ низ село, а на коњот со детето се наоѓа и неговиот дајџо-вујко (ако детето нема вујко може и чичко или друг близок роднина).
По извршувањето на обрежувањето (кое порано го извршувал берберот, а денеска се прави во медицинска установа), родителите подготвуваат ручек на кој се канат роднини и пријатели и се прави општа веселба.
Е она што јас не го знаев е дека во ручекот се става кожинката од пенисот и на тој што ќе му се падне во чинијата, ќе има берикет.... Како кај нас христијаните паричката... Што мислите за ова ?!