токму за голготата на малите фирми говорев малку на друг потфорум,со рамнито данок тоа следува.........малите го полнат буџетот...јбг,слободно прашај во УЈП во ПП оти тоа е регионален центр ке видеч дека во последните 3 месеци се затвориле над 10000 фирмички.......тоа ме загрижува,а бе Европа не ја сакам поради ова....големите ги фаворизира секоаш а декларативно се залага и отвара некоиси фондови за помош на мали и средни претпријатија
Потсети се колку милиони се потрошија досега за развој на мали бизниси.
Македонија излегува од кризата
Во јавноста се шпекулира дека Македонија се наоѓа пред банкрот,со единствена цел да се наруши угледот на Владата и да се ослаби позицијата на премиерот.
Р.Македонија е чекор пред другите во справување со кризата.Погледнете ги само показателите на пад на економската активност во Хрватска во првото тромесечие од оваа година за 6,7% од лани.Споредете ги податоците на задолженост на Англија од 44% од БДП за кој доби предупредување од ММФ за идни тешки години и очекуваниот пад на економската активност од 2,1% на крајот на годината,високата задолженост на Грција и очекуваниот дефицит од 3,7% од бдп кој ќе го решава со замрзнување на платите на службениците.Србија веќе потпиша аранжман со ММФ со кој се задолжи за милјарди,Германија и Франција бројат загуби.САД веќе прогласи дефицит од 20,9 милјарди долари.
Македонија во првото тромесечие доживеа пад од 0,9% што за споредба со светските економии е минимален и незначителен пад.Во последните месеци и ударот врз девизниот курс е со слаб интезитет и НБРМ инкасираше 40,8 милиони,што ни укажува за идниот позитивен тренд на движење на девизните резерви.Средствата добиени од Светска Банка во износ од 100 илјади евра ќе бидат инјектирани во стопантвото преку кредити заедно со банкарскиот систем во државата за кој стопанствениците ќе плаќаат само 1% камата.Имаме и позитивни трендови на Македонската берза што е сигнал за будење на економијата.Со новиот ребаланс владата ќе ги скрати трошоците и планираниот дефицит,а ќе ги подржи проектите кој значат живот за градежниците.Светска криза е,Македонија не е имун,но последните сигнали говорат за првите искри на излез од кризата.Тоа го потврдуваат и податоците за заинтересираност на странските инвеститори за Македонија според гугл.
Па ова не било тешко и јас сакам плата од влада:pos2: