Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
па се е популизам бе,сите политичари се исти,кога требаше да гледаме напред колку ни рипа економијата тогаш едни викаа каде е Словенија,голем пораст има н економија.......сеа пак види парадокс,за кризава колку паѓа економијата,не дават да се споредуиме,кикикики,проѕирно ми некако кога се споредуиме со Словенија,де бе ај со нив неможеме они се јаки...........а бе арно го укинаа форумот политики сите тука застапуат некоја политика.......само Леандра ја читам веке во всрка со економија:smir:

Ја читаш само за економијата,или по малку ти се допаѓа и аватарот?Дај биди искрен ебаго,нема да те “тепаме“.:smir:
 
Ја читаш само за економијата,или по малку ти се допаѓа и аватарот?Дај биди искрен ебаго,нема да те “тепаме“.

Не трпиш конкуренција, а? Помило ќе ти беше ако човекот речеше “само АБЦ го читам“? Дај биди искрен ебаго, нема да те тепаме. Знаеме дека си ѕвезда, ама остави им и на другите место да светнат одвреме навреме.:salut:
 
:icon_lol:.
 
Slusnam nesto tesko odelo so plakanje na administracijata osobeno na onie od obrazovniot sektor...docnenje i do 20 dena...
 
Slusnam nesto tesko odelo so plakanje na administracijata osobeno na onie od obrazovniot sektor...docnenje i do 20 dena...
штом можат да издражат 20 дена без плата ..треба веднаш да се почне со штедење т.е " платата "... им се дава секои 60 дена...и како се привикнуваат тој период да се зголемува..така според познатото правило дека магарето научено да не јаде...умира...ќе имаме шанса да се ослободиме од натрупаната администрација...мноооогу елегантно...:)
 
Тешко изводливо!:helou:

Идат избори (добро сега..не утре, но сепак ќе дојдат)......:vozbud:
 
Не трпиш конкуренција, а? Помило ќе ти беше ако човекот речеше “само АБЦ го читам“? Дај биди искрен ебаго, нема да те тепаме. Знаеме дека си ѕвезда, ама остави им и на другите место да светнат одвреме навреме.:salut:

Добро бе,нека си чита што сака,не мора јавно да потенцира со скриени намери.:smir:

Slusnam nesto tesko odelo so plakanje na administracijata osobeno na onie od obrazovniot sektor...docnenje i do 20 dena...

Некои викаат тешкото е послатко.:smir:
 
Slusnam nesto tesko odelo so plakanje na administracijata osobeno na onie od obrazovniot sektor...docnenje i do 20 dena...

Јас слушнав дека на полиција и на одбрана не им ги платиле вишокот одработени часови.Тоа значи дека парите кој сега ги собраа од задолжување во странство не им се доволни да ја исплатат машинеријата и тековните обврски.Први на удар се домашнит обврски да не се исплатуваат,вторите односно каматите кои течат за сервисирање на долговите се пострашни.Ако таму закаснат,го ебавме ежот.
 
АНТИКРИЗНИ МЕРКИ
Санирање на буџетот Справувањето со кризата преку позајмици, а не со аранжман со ММФ, нуди зголемени јавни инвестиции кои дополнително ќе ја покренат економијата. Кога ќе помине кризата нашето општество ќе плаќа помалку даноци кон државата отколку ако се склучи аранжман со ММФ, притоа имајќи релативно малку повеќе зголемен јавен долг отколку што тоа би било случај со аранжманот со ММФ
409235499FCC4148AE196127EC1F8E9E.jpg

Последниве неколку месеци пред македонската јавност беа сервирани главно две верзии за справување и за излез на Република Македонија од кризата. Првата верзија е да се постигне стендбај аранжман со новореформираниот ММФ под поволни кредитни услови од 1.5 отсто каматна стапка, а втората верзија, која ја одбра Владата, е со надворешно финансирање преку издавање еврообврзници под пазарни услови од 9.875 отсто каматна стапка. И двете решенија имаат иста цел, стабилизирање на буџетот и делумно на платниот биланс на РМ во услови кога македонската економијата бележи пад од 0.9 отсто во првите три месеци и намалени приходи во однос на сите буџетски стапки како ДДВ, царина, данок на профит, персонален данок итн. Висината на економскиот раст во следниве пет години ќе зависи од тоа како Владата ќе се справи со кризата и кој пат ќе го одбере - ММФ или надворешно кредитирање со развојна фискална компонента.

Пред да ги предочам двете варијанти на справување со кризата ќе изнесам една анализа на европската економија во првите три месеци од годинава. Анализирајќи ги бројките преку магазинот „Економист“ и статистичките бироа на балканските земји очигледно е дека во првите три месеци од годинава повеќето европски економии се во криза од поголем или од помал размер. На пример, забележан е пад на економиите на Германија од 6.9 отсто, Австрија - 3.5 отсто, Италија - 6 отсто и Словенија - 8.5 отсто. Од нашите соседи Бугарија има пад од 3.5 отсто, Србија 3.5 отсто, Хрватска 6.7 отсто, Романија 6.2 отсто, додека Грција има незначителен раст од 0.3. За Албанија нема податоци, но ММФ прогнозира раст од 0.3 отсто. Оттука можеме да заклучиме дека падот на македонската економија во првите три месеци е еден од најмалите во регионот и во Европа со само 0.9 отсто, што дефинитивно охрабрува.

Од друга страна пак, анализирајќи ги источноевропските земји што се зафатени од кризата може да се заклучи дека не секоја земја што е во криза склучила ангажман со ММФ. Досега ангажман со ММФ имаат склучено, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Романија. Додека Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора и Словачка се одлучија сами да се справат со кризата и не склучија аранжман со ММФ. За потсетување, во услови на пад на БДП, националните буџети имаат тешкотија да се наполнат, пензиите, платите на вработените во државните администрации, здравствените фондови и редица други државни обврски имаат тешкотија да се исполнат, што би можело да предизвика влошување пошироко во економскиот систем на земјата. Истовремено земјите во развој, каква што е Македонија, се соочуваат со дополнителни проблеми со тоа што приливот на странски инвестиции и приливот на средства од нашите работници во странство е намален, што дополнително го влошува трговскиот баланс на земјата и притисокот врз националната валута и со тоа можната потреба за дополнително задолжување. Во вакви услови земјите што се опфатени со криза прават нова економска проекција на новонастанатата ситуација, вршат одговорно кастрење на буџетот, а недостигот од средства, што не можат да го соберат преку разни даночни давачки, го позајмуваат или на пазарот на капитал или во случајот на земјите во развој преку ММФ под одредени услови. Ова се двете опции што ги има и Македонија.

Реномираниот Joint Vienna Institute и ММФ имаат слична прогноза за негативниот раст на македонската економија од 2 отсто оваа година, цифра која ја сметам за реална. Исто така, за 2010 година се предвидува мал раст на македонската економија од 1 отсто, што е позитивен сигнал. Имав можност да ги анализирам стендбај аранжманите на ММФ со Србија и со Романија и ако Македонија се одлучи да позајми од ММФ тогаш ММФ ќе и' понуди класичен стендбај аранжман со некои новини рефлектирани со неодамнешната реформа на ММФ во форма на дозволен буџетски дефицит од 2,5 отсто од БДП што е позитивно. Ангажманот ќе и' овозможи на земјава да ги користи средствата следните две години со можност за враќање во следните пет години. Аранжманот ќе и' наложи на Македонија да ја скастри потрошувачката на буџетски средства со замрзнување на платите, пензиите и вработување на нови државни службеници. Меѓутоа ММФ нема да се лимитира тука, туку ќе оди на зголемување на разни даноци, како на пример данок на моторни горива, кратење на државните субвенции што го стимулираат растот на земјоделството, можно зголемување на ДДВ, персоналниот данок и данокот на профит. Нивото на зголемување на даноците ќе зависи од проекциите на ММФ за економијата и за потребата да се стабилизира буџетот.
Проблемот со аранжманите на ММФ е дека е поставен од позиција на фискална рестриктивност и поддржување на платниот биланс, но овој пристап на менаџирање на економската криза нема развојна компонента, а тоа многу и' треба на Македонија. Исто така, кризите доаѓаат и поминуваат и ако се потврдат предвидувањата, македонската економија ќе се зацврсти идната година со можна тенденција да се врати економскиот пораст што го имавме пред кризните години. Под тоа сценарио со ММФ-аранжман, во следните пет години ќе имаме држава што ќе жнее рекордно зголемени даноци гушејќи го стопанството од свеж капитал, кој може многу поефикасно да го користи за да го зголеми порастот на економијата, а со тоа и придонесите кон државата. Зголемените даноци може да поттикнат даночна евазија. Свежи ми се сеќавањата кога Владата ги намали даноците на профит и приливот од истите скокна.

Втората опција е одговорно сами да се справиме со кризата и недостигот буџетски средства да се позајми преку продажба на еврообврзници. Оваа варијанта бара од Владата да ја преземе целата одговорност за кастрење на буџетот и за проектирање на истиот на реални основи. За таа цел до крајот на годинава ќе видиме уште еден ребаланс, кој најверојатно ќе се заснова на реален пад на БДП од 2 отсто и на негова база ќе се вршат кастрења на непродуктивните трошоци, замрзнувања плати, пензии и нови вработувања. Една варијанта може да биде контролиран буџетски дефицит помеѓу 4 и 6 отсто за оваа кризна година и враќање во нормален дефицит од 3 отсто идната година и употреба на дефицитот во инвестициски развојни проекти кои ќе ја поттикнат економијата во услови на генерален пад на инвестициите. Под ова сценарио поголеми ќе бидат средствата со кои ќе се преброди кризата и би достигнале до 365 милиони евра.
Македонија може ова да си го овозможи зашто е ниско задолжена земја со јавен долг од само 28.5 отсто од БДП. Критериумот за нормален јавен долг во ЕУ е 60 отсто од БДП, што потврдува дека има простор за поголеми задолжувања без да има реален ризик за економскиот систем на земјата. Исто така, деновиве излезе позитивна вест од Народна банка во екот на кризава девизните резерви на НБРМ се стабилизираа, што дава надеж дека нема да има потреба од дополнителни задолжувања за поддршка на платниот биланс. Исто така, банкарскиот систем во Македонија е извонредно стабилен и нема да има потреба од дополнителни задолжувања за докапитализација на банките. Сево ова дава надеж дека позајмицата ќе биде насочена само кон санирање на буџетот, а не за некои други, исто така, стратегиски потреби.

Ваквиот пристап со справување на кризата нуди поголеми јавни инвестиции отколку со ММФ-аранжман, а тие инвестиции дополнително ќе ја покренат економијата. Кога ќе помине кризата целото наше општество ќе плаќа помалку даноци кон државата отколку ако се склучи аранжман со ММФ, притоа имајќи релативно малку повеќе зголемен јавен долг, отколку што тоа би било случај со аранжманот со ММФ.

Сашо Маневски (Авторот е самостоен економски консултант)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=96402B9ADF401649838867EFAE891275

леабдра имаш конкуренција :pipi:
 
Не е тајна дека имаме само две опции.Најдобро би било сами да се бориме како што опишува дечково,но тоа е чиста теорија со тврдоглавите наши кои не водат.И сами гледаме дека ниту денар не се вложува во равојни проекти кои треба да ни донесат пари.Сите позајмени пари,одат на пошто зашто,што ми дава за право да бидам за теоријата која ќе им ги врзе рацете на нашиве.Сто пати ме разубедија дека и да се позајмиме до 60% од бдп парите ќе отидат во напумпани тендери.И заборавил дечково да напомене како потоа ќе се врати ова задолжување,односно зголемените даноци ги споменал само во делот со ммф,а ги заборавил во делот со задолжување.
Јас не им верувам на оние кои ги трошат моите пари,многу пати ме излажаа:smir:
 
Верувај и тоа е лесно,“тарапаната“ на Малта ќе работи само два дена повеќе за да испечати нови банкноти со Македонски ознаки.Ете така ќе се справиме со државното раздолжување,оти друг начин јас барем не гледам на хоризонтот.:toe:
 
Ме потсети на зборовите на Горчо,ми недостига по темиве.Он секогаш збореше дека принтањето ќе им заврши работа на овие што не водат.Нас ни фали уште инфлација и со клинци ќе ги бркам по улица:smir:
 
Ме потсети на зборовите на Горчо,ми недостига по темиве.Он секогаш збореше дека принтањето ќе им заврши работа на овие што не водат.Нас ни фали уште инфлација и со клинци ќе ги бркам по улица:smir:

Чувај ги во Евра,или Долари во краен случај,а инфлацијата многупати е подобра од дефлација.:smir:
 
Чувај ги во Евра,или Долари во краен случај,а инфлацијата многупати е подобра од дефлација.:smir:

Подобра во земји со повисок стандард.Кај нас е како сида,брзо се шири,а шансите за преживување се речиси нула.Цел историја ни е со инфлација,барем таму сме сигурни дека не не бива со неа:smir:боље без неа.
 
Арно велиш,ама вака без инфлација се јавува депресија,па Минчо си препродава акции.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom