Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
банкрот - тоа на македонски е ПОСЛЕ стечајот. Ако заврши неуспешно, т.е. ако не се намират сите доверители.

банкроит имаше СФРЈ (и ние сосе неа), па париски и лондонски клуб и ММФ и сл... ни опростија многу долгови (за жал, заради неспособна влада многу помалку ни опростија нас, него на србија, на пример)

убаво си кажа џони погоре - банкрот е кога нема да ти дадат кредит, А НАС НИ ДАДОА. така да до тогаш - ДОВИДУВАЊЕ.

Значи ли тоа дека Македонија ако ја гледаме како една голема фирма каде државјаните се вработените а премиерот директор работи рентабилно, значи повеќе заработува отколку што троши?

Една фирма која генерира загуби или се преструктуира за да стане рентабилна или се задолжува. Сепак и задолжувањето има крај (затоа и постои самоубиство кога фирмата си ја довел до пропаст-не кај нас нормално :)).

Каде е Македонија во моментот?
 
Книговодствената графа “побарува“ мора да има поголем износ од графата “должи“

сакав ептен да ги пресконам глупостите кои си ги напишал, ко па јас да сум купувал кинески автобуси и сл, ама на оваа глупост морав да ти укажам: ДОЛЖИ и ПОБАРУВА не смее да се разликуваат. во збир мора да се ИСТИ :-)

ако има поголем износ ПОБАРАУВА, значи некој ги штимал резултатите... толку од твоето средно школо....
 
..............банкрот е кога нема да ти дадат кредит, А НАС НИ ДАДОА. така да до тогаш - ДОВИДУВАЊЕ.

И ти се радуваш на кредити!!!!!!!????!!!!!!!
....ја бе ако случајно треба да земам на заем......ми се плаче...ни на крај памет не ми е до радување......

..ајт пријатно.....(ова во твој стил:vozbud:)
 
Значи ли тоа дека Македонија ако ја гледаме како една голема фирма каде државјаните се вработените а премиерот директор работи рентабилно, значи повеќе заработува отколку што троши?

Една фирма која генерира загуби или се преструктуира за да стане рентабилна или се задолжува. Сепак и задолжувањето има крај (затоа и постои самоубиство кога фирмата си ја довел до пропаст-не кај нас нормално :)).

Каде е Македонија во моментот?

држава НЕ Е ФИРМА. не е и целта да повеќе заработува отколку да троши (што е цел на фирма). целта и е народот да живее убаво. задоволно. па макар и да е повеќе или помалку задолжена.

И ти се радуваш на кредити!!!!!!!????!!!!!!!
....ја бе ако случајно треба да земам на заем......ми се плаче...ни на крај памет не ми е до радување......

..ајт пријатно.....(ова во твој стил:vozbud:)

од каде па сега излезе дека јас се „радувам“ на кредити??? само ми ги извртувате зборовите!!! јас кредит во живот немам земено, ако не се бројат кредитните картички, на кои ретко сум во (дозволен) минус.

поентата беше дека НЕ СМЕ БАНКРОТ ни по дефиницијата на џони, од вашиот табор - песимитите, дел од кои тежнеат кон атрибут на продадени души кои повторуваат непријателска пропаганда ПРОТИВ Македонија
 
поентата беше дека НЕ СМЕ БАНКРОТ ни по дефиницијата на џони, од вашиот табор - песимитите, дел од кои тежнеат кон атрибут на продадени души кои повторуваат непријателска пропаганда ПРОТИВ Македонија

Продадени души, непријатели......итн.....кој ли само ги ширеше ваквите атрибути.....

За некој кој се декларира дека само си го кажува своето мислење многу си дозволуваш да лепиш придавки само затоа што и тој другиот си го кажал своето мислење....

..ти можеш овде да ми пишуваш разни приказни и бајки и да не убедуваш колку ни е добро ко на рекламите...но улицата те демантира во секој збор.......работата не ја бива што не ја бива и оди се подоле и подоле
....проблемите не се решаваат со пикање на главата во песок кажување дека ги нема....
 
И МЕНЕ МИ ЛЕПАТ ПРИДАВКИ, па мора и јас да „залепам“ некои. и не лепам јас придавки, туку само го кажувам моето мислње за луѓето, не мора тие да се такви јас за такви ги сметам.

улиците НЕ МЕ демантираат (баш прошетај по кеј на вардар, па да видиш колку среќни лица има) дека се ближи банкрот. не знам како не сваќате дека пад од 0,9% не е тотален пад, туку само 1 % помалку од лани. ако лани сте испиле 100 пива, оваа година има пари за 99 (од тие од увоз, трапист да речеме ;-) )

да - се слагам дека не е исто добро како лани и особено преклани, но не е БАНКРОТ = СМРТ... тоа што на народот 40 години не му чини, не можам јас да ви го решам (можеби и можам, ама не ми е работа)

и да - сегам и дека проблемите не се решаваат со пикање главата во песок (затоа и не ја пикам). Но не се решаваат ни со ширење страв и дезинформации. проблемите од овој вид се решаваат со РАБОТА!!! нешто што им е тешко на многу македонци... 'ко од црногорц да потекнуваме, а не од александар македонски (мала шала, не сакам да ги вреѓам црногорците, ако ги има тука, ниту пак сакам да го потенцирам нашите биолошки и културни врски со античките македонци тука, мала оф топик шала)
 
1. малку да не имаш грешка во математикава? на 170 милиони со 10 % најмногу може да биде 17 милиони. како стигна до 50-60 милиони „разлика“?
2. зошто не го коментираше начинот на давање на пари од светски институции кој е секогаш условен со нивни „експерти“ кои ЈАДАТ не 10% аи 30% од главницата - што на дневници, што на погрешни (неодговорни) совети, што на лобирања да се купат нивни (неквалитетни) производи и услуги. сакаш пак, покрај толкава македонска градежна оператива, грци да ни градат обиклоници? (ен дека ги изградија, само ги лапнаа тие 50-60 милиони кои ти ги спомнуваш)
да, администрацијата е неспособна (делумно), но НЕ - не очекувам 170 милиони евра за плата да потрошат.. (ќе има нешто и за пензии - :-) ... lol се шалам, ќе остане голем дел во дев. резерви за ликвидност на следен увоз и повлекување уште денари од оптек, ако луѓето сакаат да трошат незаработени пари)

1.Добро бе,па зар има нешто нејсно кога велиме 17 милиони евра годишно до 2013година ќе бидат 68 милиони евра само за камата.Ако пак каматата е со 2%,тогаш имаме 3.5 милиони евра годишно или за 4 години вкупно 14 милиони евра за камата.Е сега проста математика е да ја пресметаш разликата само за камата кога од 68 милиони ќе извадиш 14 милиони,ги имаш оние точно 54 милиони евра разлика доколку со обврзници со 10% камата се задолжиш кај било кого.Треба ли да ти нацртам од каде се оние 50-60 милиони разлика?
2.Начинот на давање пари од ММФ на сите ни е познат,ако малку се разбираме од економија.Проблемот е во тоа што многумина по партијска директива тоа го глорифицираат па од ММФ прават државен непријател бр.1,без разлика дали нуди кредит со камата од 1% или од 100%.Или државава се задолжи со криминалнава Еврообврзница за да ја догради пругата кон Бугарија,а не за потполнување на буџетската дупка од недостиг на средства за плати и придонеси на МЕГА администрацијата како што владините представници се произнесоа во јавноста?
Зборот ми беше дека овие средства во висина од 172 милиони евра не се наменети за никаква друга активност освен за порамнување на административни трошоци.Доколку градеа пат,спроведуваа нова супермодерна гранична контрола,подигаа брана за нова нуклеарна централа или правеа пристапни патишта до новите индустријски зони кој не им се ни на памет,или било која друга економска активност,се сложувам дека евробврзницава со 10% камата би била добар избор со оглед на уцените од ММФ,ама доколку парите се за потполнување дупка во АДМИНИСТРАТИВНИОТ МЕГА БУЏЕТ,без никаква економска развојна намена,тогаш таквата Еврообврзница е чист криминал ако не се подигне од ММФ со 2% камата.:toe:
 
не знам како ова вчера ми промакнало??? баш е супер да се искоментира. значи вие верувате се помалку, но вие сте МАЛЦИНСТВО. не сте битни! има дупло повеќе него што ни треба кои веруваат во македонија: види ги податоците кои и ги цитирав на леандра, за тоа кога МФ бара да продаде државни хартии од вредност за 600 милиони и нудат 1,2 милијарди. ТИЕ СЕ БИТНИ да веруваат.

вие само може да си мрчите.

Верувам дека ова го зема како факт кој потврдува дека имаме средства за понатаму бидејќи друго ништо не видов од тебе освен навреди до нас малцинството кое не сме битно.Па бидејќи се фати баш за записите,драго ќе ми е да ти објаснам колку си ти во заблуда.МФ барало 600 а му понудиле 1,2 зш му верувале дека нема да банкротира:pos2:Драг мој алек,цената на ризикот е каматата која се плаќа.За 10% сите банки во македонија и веруваа,зошто не даде 3% да видиме колку ќе се јават.Тие записи за кој говорам се едномесечни алек.Како расте ризикот на државата така растат и каматите,така паѓа и рејтингот.Државна хартија од вредност е најсигурна хартија,со најниска камата.Кај нас ја купуваа,бидејќи нема што да купуваат и инвестираат,берзата е мртва,стопанството на колена,остана уште државата да падне.Тие не се спасители,туку гробари на Македонија.Ако падне земјата,ќе паднат и банките со граѓаните заедно.А тие камати ќе им ги платам,јас,тој,оној.за една година кога ќе мора да рипнат даноците,бидејќи друго чаре ќе нема.А кога ќе рипнат даноците,ќе ти падне глемиот стандард кој го имаш и ќе питачиш,не 3 туку уште сто и три со задолжувањата кој се прават денес.
И дај те молам,седни разгледај извештаи,статистики и врати се на темава.Бидејжи дебатава е без предметна,зборуваш на суво.

alek34 напиша:
не знам кога сум рекол дека располагам со сувопарни податоци?
кои сувопарни податоци? може КОНКРЕТЕН НАЗИВ на податокот. еве на пример: девизните резерви ни се 1,4 милијарди евра денес. малку се или многу?

Немој да лажеш!!!Гледаш ли дека од памет зборуваш???

alek34 напиша:
држава НЕ Е ФИРМА. не е и целта да повеќе заработува отколку да троши (што е цел на фирма). целта и е народот да живее убаво. задоволно. па макар и да е повеќе или помалку задолжена.

Чекај ти за Македонија ли зборуваш?Сакаш податоци колку убаво живее народот со задолжувања?Или еве ти изнеси било што за да ја потврдиш реченицава.(Барај под точка намена на странски средства ако ти треба помош,да не речеш сум ти местела податоци)
 
1.Добро бе,па зар има нешто нејсно кога велиме 17 милиони евра годишно до 2013година ќе бидат 68 милиони евра само за камата.Ако пак каматата е со 2%,тогаш имаме 3.5 милиони евра годишно или за 4 години вкупно 14 милиони евра за камата.Е сега проста математика е да ја пресметаш разликата само за камата кога од 68 милиони ќе извадиш 14 милиони,ги имаш оние точно 54 милиони евра разлика доколку со обврзници со 10% камата се задолжиш кај било кого.Треба ли да ти нацртам од каде се оние 50-60 милиони разлика?........

Да те дополнам.......

http://www.nbrm.gov.mk/WBStorage/Files/ODLUKA-KAMATNI-STAPKI-XI-2005.pdf
 
1.Добро бе,па зар има нешто нејсно кога велиме 17 милиони евра годишно до 2013година ќе бидат 68 милиони евра само за камата....

џабе везеш... 68 НИКОГАШ нема да бидат, затоа што обврзницата не е на 4 години. :-) 3,5 * 17 е помалку од 60, а не е разлика, туку тотал. а „скриените“ трошци на ММФ ги пресмета? или нив ги прескокна, не ти одговараат на тезата?

но нема врска, јас мислев 5-6 милиони повеќе или помалку ГОДИШНО не се некој проблем (или најмногу 20 за цело време до 2013 кога доспева, далеку од 50-60 како што наведе ти... но што знае дете што е шина --- лупај пропаганда), под услов паметно да ги искористиме. тука и се слагаме, но не се слагаме дека за плати ќе се користеле. ќе се користат за буџетот, а таму има многу инфраструктурни проекти. но да почекаме па да видиме.

Верувам дека ова го зема како факт кој потврдува дека имаме средства за понатаму бидејќи друго ништо не видов од тебе освен навреди до нас малцинството кое не сме битно.
не се бе навреди... повеќе се како повици за ОСВЕСТУВАЊЕ. :-)

Драг мој алек,...

ова морам да го истакнам, како најпозитивно нешто во твојот пост ;-)
чисто да не помине незабележано... :-)

цената на ризикот е каматата која се плаќа.За 10% сите банки во македонија и веруваа,зошто не даде 3% да видиме колку ќе се јават.
абе ти со колку камата би му дала пари на некој што банкротира? еве на пример, сега СВЕДмилк да ти побара едно 600 милиони денари, би му дала? со колку камата? со 10% ? со 50%? Со 120%? Со колку? или, можеби, не би му дала, зашто е стварно БАНКРОТ?

Тие записи за кој говорам се едномесечни алек.Како расте ризикот на државата така растат и каматите,така паѓа и рејтингот.

не е само до ризикот, туку повеќе е до ПОНУДАТА.
нема пари сега во светот, не само кај нас. Што би рекол Манулач на Софка: СКУПЕ СУ ПАРЕ, ЈЕР ЈЕ ОСКУДАЦИЈА.
И на Литванија со 9 кома нешто и дадоа КРЕДИТ. И тие ли се банкрот? И тие ли се ризични???

И дај те молам,седни разгледај извештаи,статистики и врати се на темава.Бидејжи дебатава е без предметна,зборуваш на суво.

ајде од суво, на конкретно, еве од вашата рекетарска А1 (добро де, не е ваша, чисто да пробам како е да поврзуваш луѓе без врска):
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111437

значи имало и по некој што прави извоз во оваа „банкротирана“ држава. сега го прочитав ова, сабајле читав во Капитал за некој си од здравје радово... што да правам, за моја среќа ИМА луѓе во оваа наша држава кои (сакајќи или не) прават извоз.

Да нема недоразбирања - не негирам дека има ТРГОВСКИ дефицит, но ти тврдам дека ќе се намали догодина. Ќе има и други приливи освен од ТРГОВИЈА. Нема да банкротираме. Ова на суво е или е реално ?

Немој да лажеш!!!Гледаш ли дека од памет зборуваш???
ова ми го напиша кога ти реков дека девизните резерви на Македонија ДЕНЕС се 1,4 МИЛИЈАРДИ евра. Е ајде, кажи ми ти колку се? :-) :-) :-)

Чекај ти за Македонија ли зборуваш?Сакаш податоци колку убаво живее народот со задолжувања?Или еве ти изнеси било што за да ја потврдиш реченицава.(Барај под точка намена на странски средства ако ти треба помош,да не речеш сум ти местела податоци)

абе кај сега и на ова ми рипна. јас само му кажувам на човекот да не споредува фирми и држави. РАЗЛИЧНИ им се целите. Толку. И за ова ли ме мразиш? :-)
 
не се бе навреди... повеќе се како повици за ОСВЕСТУВАЊЕ. :-)
Јас би рекла млатење празна слава во вишок слободно време кое го имаш:smir:

alek34 напиша:
ова морам да го истакнам, како најпозитивно нешто во твојот пост ;-)
чисто да не помине незабележано... :-)
Молам:pipi:

alek34 напиша:
абе ти со колку камата би му дала пари на некој што банкротира? еве на пример, сега СВЕДмилк да ти побара едно 600 милиони денари, би му дала? со колку камата? со 10% ? со 50%? Со 120%? Со колку? или, можеби, не би му дала, зашто е стварно БАНКРОТ?

Споредбава ти вришти.Банкротирана фирма и држава,за која претходно викаше дека неможе да ја гледаш државата како фирма.Сам се контраш.Во истиот пост напиша:
alek34 напиша:
абе кај сега и на ова ми рипна. јас само му кажувам на човекот да не споредува фирми и држави. РАЗЛИЧНИ им се целите. Толку. И за ова ли ме мразиш? :-)
На банкротирана фирма или човек лихвар не дава пари.Но кога има уште кола останато,а се искоцкано,лихварот ќе му даде 200 евра,а потоа ќе му ја земе и колата,за на крај да остане само со прст во уста.
Морам преку примери за подобо да ме сфатиш:smir:

alek34 напиша:
не е само до ризикот, туку повеќе е до ПОНУДАТА.
нема пари сега во светот, не само кај нас. Што би рекол Манулач на Софка: СКУПЕ СУ ПАРЕ, ЈЕР ЈЕ ОСКУДАЦИЈА.
И на Литванија со 9 кома нешто и дадоа КРЕДИТ. И тие ли се банкрот? И тие ли се ризични???
Значи во овој дел веќе се префрлаш на странски пари,а не на домашно задолжување?
Во светот има недостиг на капитал,затоа су скупи паре.Ако си ме читал,ќе знаеш дека јас сум за опцијата ммф и пред да се изврши домашното задолжување.Само влади (само на транзициони влади мислам,да не се повторувам во секој пост) кој мислат дкеа можат сами,одат на европазарот,каде се вртат со газот и чекаат...

alek34 напиша:
ајде од суво, на конкретно, еве од вашата рекетарска А1 (добро де, не е ваша, чисто да пробам како е да поврзуваш луѓе без врска):
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111437

значи имало и по некој што прави извоз во оваа „банкротирана“ држава. сега го прочитав ова, сабајле читав во Капитал за некој си од здравје радово... што да правам, за моја среќа ИМА луѓе во оваа наша држава кои (сакајќи или не) прават извоз.

Не ми е целта да те потценам,верувај,но изгледа ќе морам да ти нацртам АЛЕК БРОЈКИ СТАВИ ВО ЛИНК,КОЛКУ ИМАЛ ИЗВОЗ,КОЛКУ ДОНЕЛ НА ДРЖАВАТА,СОБЕРИ ГИ СИТЕ ВАКВИ И ИЗНЕСИ ГИ СО БРОЈКИ.ПОТОА ЌЕ ГО СОБЕРЕМЕ ПРИЛИВОТ,ДА ВИДИМЕ КОЛКУ Е,ПА ЌЕ ГО СПОРЕДИМЕ СО РАСХОДОТ ДА ВИДИМЕ КОЛКУ НИ ОСТАНУВА.
И во Африка немаат сида сите,ако сакаш да се цепидлачиме.

alek34 напиша:
Да нема недоразбирања - не негирам дека има ТРГОВСКИ дефицит, но ти тврдам дека ќе се намали догодина. Ќе има и други приливи освен од ТРГОВИЈА. Нема да банкротираме. Ова на суво е или е реално ?
Со што ми тврдиш бе алек?Со збор?Со линк од фирма која извезува кондиторски производи,без да знаеме колку извезува?Со што ми тврдиш?Со 500 побарани,а 1,2 понудени за записи:pos2:
Догодина трошоците за јавен долг ќе се зголемат плус од овие годинава.Ако ја додадам и таа ставка,во цела низа на податоци,можеш ти само да продолжиш да тврдиш и така да си останеш:)

alek34 напиша:
ова ми го напиша кога ти реков дека девизните резерви на Македонија ДЕНЕС се 1,4 МИЛИЈАРДИ евра. Е ајде, кажи ми ти колку се? :-) :-) :-)
Се правиме љуткави по обичај или таков ни е стилот:)Па ти ни линковите не си ги прочитал што ти ги оставива,а тука само ми тврдиш,па ми тврдиш.Еве ти уште еднаш,од последното сопштение кое е објавено:
http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=756D251A0717DE49AAC415D36A3FAE83
1166,8 е точниот одговор,ама шо се за тебе неколку милиони пффф:)

п.с
Да не не ти е јасен мојот став за ммф ќе ти оставам еден линк:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2412313&postcount=49

А за решенија од кризава,ако сакаш кажи ми и од таму линк ќе ти оставам,да видиш кој пропагатор сум за црнило на земјава:)
 
Ајде бре нека банкротира веќе еднаш па да се затвори темава (ова за малер да не не фаќа :smir:).
 
Јас би рекла млатење празна слава во вишок слободно време кое го имаш:smir:

јас реков КОКОДАКАЊЕ, па одма бев шкартиран у мрчатори...љубители на интернет навреди..........
но батали, нешто друго ми го мати умот....ако ова младиве преродбеници се како овој...ние бе навистина сме наебале...дибидуз и реално, ова логикава им е да се фатиш за петици, да се треснеш од земја.... :)
 
Да беа само преродбениците,ќе имаше сива нијанса.Незнам,не сум толку стара,но гарантирам дека нешто е измесетено во системот или го смениле образовниот систем (мене ме тепаа до 8 одделение,за да научам кој е главен во училницата) или семејствата не функционираат како порано (влечка систем,за да научиш почит кон постар).
Јас мислам дека фали многу ќотек на денешно време:toe:
 
ајде од суво, на конкретно, еве од вашата рекетарска А1 (добро де, не е ваша, чисто да пробам како е да поврзуваш луѓе без врска):
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111437

значи имало и по некој што прави извоз во оваа „банкротирана“ држава. сега го прочитав ова, сабајле читав во Капитал за некој си од здравје радово... што да правам, за моја среќа ИМА луѓе во оваа наша држава кои (сакајќи или не) прават извоз.

Да нема недоразбирања - не негирам дека има ТРГОВСКИ дефицит, но ти тврдам дека ќе се намали догодина. Ќе има и други приливи освен од ТРГОВИЈА. Нема да банкротираме. Ова на суво е или е реално ?

Не ги врти работите. Темата е финасиската состојба на владата, а не финасиската состојба на едикојаси приватна фирма.

Сосема нормално е дека сопственикот на било која приватна фирма да се однесува домаќински, и да води сметка за тоа расходите да не му бидат поголеми од приходот, инаку, за кусо време, бизнисот ќе го снема.

Немој сега да не убедуваш дека финансиската одговорност на приватните бизнисмени може да биде покритие за финансиската неодговорност на луѓето што ја водат државата. Долговите што државата ги прави за да ги покрие дупките направени со неодговорно однесување на функционерите од владата, ќе мора да бидат исплатени на товар на сите граѓани од оваа земја.

Политиката “јас можам да трошам колку сакам и за што сакам, кој ве ебе мрчатори едни“, но истовремено “ајде сега платете за долговите што ги направив, покажете дека си ја сакате татковината“ не може да трае долго, зашто е наопаку од патриотизмот што го продавате со платени реклами. При крај сте.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom