Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
е како сега нели солана лажго е и фегит:vozbud:

фкрај сте смешни

кога некој таков како Солана дава негативна оценка тогаш прифатлива е, а кога дава позитивна тогаш е лажго
бравос :tapp:
 
Види сега,ние овде зборуваме за фирми од кој Македонија и народот ќе има некој ќар,а странските инвеститори ќе бидат задоволни од профитот.Фирмите што ги спомна воопшто не работат под условите кој важат за сите во Македонија,па затоа ќутат и си калапат профит.Па само ОКТА не чинеше повеќе од 100 милиони евра.Можевме за тие пари да изградиме две државни рафинерии од кој ќе имавме некаков приход,вака ни останува само немо да гледаме како се загадува Македонија од одпадот кој го исфрлаат капацитетите што ги спомна,без при тоа да им наплатиме соодветна компензација каква што мора да плаќаат доколку се на друго место.Па тоа ли се чесни и поштени инвеститори бе?Ај не заебавај.Долговите за струја окулу кој државава спори со ЕВН,дури и на суд,повеќе од 50% ги направија токму ФЕНИ,Југохром,Бучим.....и слични на нив кој останаа затоа што да беа било каде на друго место ќе мораа да си плаќаат струја,вода и други трошоци по реални цени,а не да очекуваат дека ќе се договорат со некој локален моќник или премиер па да го споделат ќарот од “бесплатните“ привилегии за кои,тој истиот ќе се “избори“ а народот порано или подоцна ќе им ги плати тие потрошени средства.За Џонсон е иста песна кога државата им плаќа плати и придонеси на вработените,да ти се мочам во “инвеститорот“.:toe:


не знам како да те убедам, кога си толку негативистички расположен?

од оние фирми јас што ги наброив македонија ИМА ќар. Од некои повеќе, од некои помалку. од некои има и зијан, ама на нето е ќар од сите. во пари, не само во репутација. еве само проста математика - знаеш ли на колку луѓе тие фирми им даваат плата, со која живеат уште толку семејства како услуги (од бербер до бакал)

за ЕВН си поприлично неинформиран - проблемот не е од ФЕНИ и сл, туку од луѓе и мали пропаданати фирми кои не плаќале струја. но да не одиме натаму, не е ни тоа знак за банкрот на македонија.

те молам малку попозитивен да бидеш, ќе ти пишам специјално околу нова година да те потсетам дека не сме банкрот. дај барем смени го тоа намрштеното човече од аватарот..

поздрав
 
фкрај сте смешни

кога некој таков како Солана дава негативна оценка тогаш прифатлива е, а кога дава позитивна тогаш е лажго
бравос :tapp:


ехх сега бидете објективни!

значи или е или не е лажго одлучете се СЕГА!!

ајде да видиме...шчо напраивме и шчо требаше.....

значи крајно неефикасна алокација на ресурси..нејсе како де лошо е а велеа гордо пред камери КРИЗАТА ке не заобиколи???

јас би рекол по шорткат не фана,една работа што не му се помогна на бизнисот...друга што милиони се испофрлаа без ефект...

а сега ете и немаме средства:toe:

и зошто да му верувам на политичар ко солана...подобро да ги видиме реалните фактори па ке видиме дека фирмите мака мачат да обезбедат готовински средства,а магацините им се полнат со производи.....непродадени,смени се укунуваат е НЕ му верувам.
 
Алек еве ги фактите , Македонија е задолжена со 26 % од БДП со тенденција на зголемување на тој долг
џони - може уште 10 поста да изгубиме да ти објаснам дека тие 26 % кои сега се 29% после обврзницата не се некој проблем, ниту пак тие околу 40% заедно сите сосе фирми што ги должиме (тие 29% се само РМ). провери колку е србија, па хрватска, и секако нашите најголеми неприајтели грција, па јави се пак. Википедија не е некој сигурен извор, ама чисто за да почнеш:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_public_debt

Кој е сега пред банкрот? Дали сваќаш дека тоа е „држ те го крадецот“ финта, за да се насочи фокусот на македонија, а да не се гледа на други места?

Еве како се испаничени соседите и кави мерки се превземаат за излез од состојбата
е каква мерка? ребаланс на буџет? Па и ние ќе направиме, нормално е, кога многу предуслови се сменија. Само кај нас не е толку критично.


додека кај нас се задолжуваме со евро-обврзници со камата од скоро 10 %.
тоа не е добро. имаше и подобри избори за задолжување, ама за ваков неписмен народ и ова е премија.


Ако една Хрватска е на нозе која е далеку поразвиена од Македонија не знам зошто ние безгрижно би си свиркале и гледале реклами Invest in Macedonia ,

не знам ти, ама јас многу пати напишав, на весници (па и на реклами во нив) не наседнувам. мислам со своја глава. рекламите не се ни штета ако се умерени (промотерите се жив промашај, тоа е друга тема), но јас не расудувам по нив.

уште помалку си свиркам безгрижно, напротив, работам...

...немаме никакво производство и единствен прилив се скапите оданочувања и ако мислиш дека е ова мачкина кашлица се лажеш грдно амплитудата влече само надолу секое задолжуваше е само домино - ефект посебно ако не се превземат ригорзни чекори и се остава да се реши само од себе како во случајот што прави владата.


видиш, ова е најголемата лага „немаме никакво производство“. Намалено е, ама не е „никакво“. На таа лага се темелат сите пропаганди против македонија. да не заборавам дека имаме супер производство на земјоделски производи и очекувам дев.прилив, настрана падот на индустриското од 10% што значи дека 90% ОСТАНА.

и да, се слагам, не треба земи заем и главата во песок. треба стратегија што понатаму која активно ќе се спроведе после кризата (ВО КОЈА НЕМА ДА ИМАМЕ БАНКРОТ)

а велеа гордо пред камери КРИЗАТА ке не заобиколи???


дали може некој линк да пратиш кои се ТИЕ и што велеа?

па да видиме КОЈА криза не погоди (тек ќе не погоди), а која не заобиколи и дека стварно не заобиколи.

значи факт: македонија НЕ ЈА ПОГОДИ финансиската криза која ја погоди америка (и потоа други). Македонија само влезе во економска криза која е последица на економската криза во сад и на многу други места во светот, а која настана како причина на финансиската криза во сад и други.

финансиските институции во РМ, ака БАНКИТЕ, не се погодени НЕМА ФИНАНСИСКА КРИЗА. во САД пропадана една од ТОП 5 банките, а многу од нив изгубија на вредност. (дали треба да објаснувам што значи пропаѓање на топ 5 банка, или можете да сватите кој и што се' изгуби од пропаѓањето на една, не банка туку штедилница кај нас во 1997? америка уопште не е социјална држава и никому ништо нема да врати поради тоа што работрел со таа банка)
 
дали може некој линк да пратиш кои се ТИЕ и што велеа?

па да видиме КОЈА криза не погоди (тек ќе не погоди), а која не заобиколи и дека стварно не заобиколи.

значи факт: македонија НЕ ЈА ПОГОДИ финансиската криза која ја погоди америка (и потоа други). доМакенија само влезе во економска криза која е последица на економската криза во сад и на многу други места во светот, а која настана како причина на финансиската криза во сад и други.


е сега не не погоди ама влеговме како последица на кризата во САД??

па и соседните земји влегоа во криза како последица на кризата во САД.

да кај нас финансискиот сектор зависи од домашно штедење пред се но на несовесна политика и се гледаат резултатите...а треба ли линк за тоа кој велел ке не фати обиколницата.

ама ај најлошото доага на крај краеви развиените земји први ке се извлечат,ама тие во развој...а нарочито со експерти ко нашиве:nesvest::nesvest:
 
ехх сега бидете објективни!

значи или е или не е лажго одлучете се СЕГА!!

ајде да видиме...шчо напраивме и шчо требаше.....

значи крајно неефикасна алокација на ресурси..нејсе како де лошо е а велеа гордо пред камери КРИЗАТА ке не заобиколи???

јас би рекол по шорткат не фана,една работа што не му се помогна на бизнисот...друга што милиони се испофрлаа без ефект...

а сега ете и немаме средства:toe:

и зошто да му верувам на политичар ко солана...подобро да ги видиме реалните фактори па ке видиме дека фирмите мака мачат да обезбедат готовински средства,а магацините им се полнат со производи.....непродадени,смени се укунуваат е НЕ му верувам.


a koј тоа да биде објективен, не се обидувај да ми наметнеш нешто

и потоа зошто па му веруваш кога вика дека нечини нешто?
 
изгледа ти незнаеш
штом не сме побарале значи дека не ни треба таков кредит
а за Србија која берза бе 3 милијарди евра заем :pos:

Треба да си имаш некој проблем со себе да неќеш некој да ти даде 3 милијарди евра. Денес живееме во свет на кредити, кој незнае да искористи ќе стои во место и ќе си се теши.

Алек све објасни само не го објасни ставот на владата и провладините медиуми дека во Македонија руже цветав, имаме само 0.9% пад, од економија која никад немала раст, кој ќе се осети во стопанството и народот. Најинтересно од се е и покрај предупредувањата што од надвор, што од опозицијата па еве и од нивниот министер они упорно живеаат во илузија дека во Македонија нема криза. Стока да беше па ќе разбереше. Обемот на работа во приватните фирми е паднат за 70% а со тоа и приливот во државната каса. Јас разбирам дека во администрацијата нема криза. :tv:
 
Треба да си имаш некој проблем со себе да неќеш некој да ти даде 3 милијарди евра. Денес живееме во свет на кредити, кој незнае да искористи ќе стои во место и ќе си се теши.

Алек све објасни само не го објасни ставот на владата и провладините медиуми дека во Македонија руже цветав, имаме само 0.9% пад од економија која никад немала раст кој ќе се осети во стопанството и народот. Најинтересно од се е и покрај предупредувањата што од надвор, што од опозицијата па еве и од нивниот министер они упорно живеаат во илузија дека во Македонија нема криза. Стока да беше па ќе разбереше. Обемот на работа во приватните фирми е паднат за 70% а со тоа и приливот во државната каса. Јас разбирам дека во администрацијата нема криза

сам си кажа треба да си имаш проблем за да земеш таков заем
тој после треба да се врати

оној кој има небара заеми ти текнува?

кои предупредувања од надвор
денеска имавме пофалба од надвор

опозицијата ни малку не е способна, затоа и не е компетентна да коментира
 
сам си кажа треба да си имаш проблем за да земеш таков заем
тој после треба да се врати

оној кој има небара заеми ти текнува?

Ако нема кешарица неможеш ништо да направиш. Еве некој момак сака да почне бизнис а нема пари. Дечкото си зима кредит, гради фабрика и парите ги враќа притоа прави профит.

Ајде удри малце тимбата :tapp:

сам си кажа треба да си имаш проблем за да земеш таков заем
тој после треба да се врати

оној кој има небара заеми ти текнува?

кои предупредувања од надвор
денеска имавме пофалба од надвор

опозицијата ни малку не е способна, затоа и не е компетентна да коментира

А па вие многу сте способни, слушам сте отвориле државна банка

ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ после цела приватизација вие најдовте да отварате банка.

Ма што ќе зборам више.
 
Ако нема кешарица неможеш ништо да направиш. Еве некој момак сака да почне бизнис а нема пари. Дечкото си зима кредит, гради фабрика и парите ги враќа притоа прави профит.

Ајде удри малце тимбата :tapp:

А па вие многу сте способни, слушам сте отвориле државна банка

ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ после цела приватизација вие најдовте да отварате банка.

Ма што ќе зборам више.

удри ти од ѕид ама посилно
кредит и ние зедовме ама не толку голем


кога станува збор за опција во денешно време
да оваа власт е далеку поспособна од опозицијата

тоа е очигледно
 
удри ти од ѕид ама посилно
кредит и ние зедовме ама не толку голем


кога станува збор за опција во денешно време
да оваа власт е далеку поспособна од опозицијата

тоа е очигледно

Те разбирам, очигледно убаво си живеете. Денес во партискиот весник Вечер пишува дека пола миљон македонци на летовање во грчка. Се надам не сте оволкави лицемери и кога е економијата во прашање.
 
удри ти од ѕид ама посилно
кредит и ние зедовме ама не толку голем


кога станува збор за опција во денешно време
да оваа власт е далеку поспособна од опозицијата

тоа е очигледно


знам бе:tapp:

како ке докажеме кога не знаеме...јас едно знам барем инфлацијата ја средија...

а можам да претпоставам со кадри како овие што ке беше:nesvest::nesvest::nesvest:

a koј тоа да биде објективен, не се обидувај да ми наметнеш нешто

и потоа зошто па му веруваш кога вика дека нечини нешто?

не му верувам....ОСЕКАМ дека има криза...
 
знам бе:tapp:

како ке докажеме кога не знаеме...јас едно знам барем инфлацијата ја средија...

а можам да претпоставам со кадри како овие што ке беше:nesvest::nesvest::nesvest:

а демек оваа опозиција што ја имаме многу убаво ја работеше економијата
не е далечно минато рајтеон навратсе види

не му верувам....ОСЕКАМ дека има криза...

не му верувам ни јас во двата случаи
кризата е очигледна
но не банкрот

Те разбирам, очигледно убаво си живеете. Денес во партискиот весник Вечер пишува дека пола миљон македонци на летовање во грчка. Се надам не сте оволкави лицемери и кога е економијата во прашање.


не се обидувај политика да внесиш на ваква тема
 
Алек еве ги фактите , Македонија е задолжена со 26 % од БДП со тенденција на зголемување на тој долг
Зголемување од 2.6.
Која е структурата на јавниот долг.
Имено

Јавниот долг на Хрватска изнесува 50,3 отсто од БДП

Загреб, 27 март (МИА) - Вкупниот хрватски јавен долг на крајот на минатата година изнесувал 124 милијарди и 300 куни (7,5 куни - а евро), што е 50,3 отсто од БДП за минатата година. Во изминативе пет години тоа е најнискиот дел на јавниот долг во БДП, јави Хрватската телевизија.

Во истиот тој период изменета е и структурата на јавниот долг, пренесува МИА.
Намален јавниот долг за 133,3 милиони евра

Вкупниот јавен долг на Македонија во првото полугодие од годинава се намали за 133,3 милиони евра и изнесува 23,3% од БДП.
Според Извештајот за јавниот долг на Македонија изготвен од Министерството за финансии, надворешниот јавен долг во декември минатата година изнесувал 1,27 милијарди евра и бележи благо опаѓање, така што на крајот на јуни годинава достигнал износ од милијарда и 20 милиони евра. Во декември минатата година внатрешниот јавен долг изнесувал 555,6 милиони евра и до крајот на јуни годинава се намали на 429,3 милиони евра. Октомври.2008
Министерството за финансии подготви Извештај за јавниот долг на Република Македонија за првото полугодие од 2007 година, кој беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија на 73-та седница одржана на 16.08.2007 година.

Целта на извештајот за јавниот долг на Република Македонија за првото полугодие од 2007 година е информирање на јавноста со стратешките цели за управувањето со јавниот долг и гаранциите, презентирање на детални информации за состојбата и карактеристиките на јавниот долг, ризиците на кои е изложено портфолиото, како и активностите преземени во насока на негово подобрување.

Вкупниот јавен долг на Република Македонија во првото полугодие на 2007 година се намали за 156,2 милиони евра, односно за 8,5% и изнесува 30,7% во однос на БДП и во јуни 2007 изнесува 1.675,7 милиони евра. Надворешниот јавен долг во декември 2006 година изнесуваше 1.180,6 милиони евра и бележи константно опаѓање, така што на крајот на јуни 2007 година изнесуваше 1.012,8 милиони евра, односно бележи пад за 14,2%. Внатрешниот јавен долг во декември 2006 година изнесуваше 651,2 милиони евра и до крајот на јуни 2007 година истиот порасна за 11,6 милиони евра, односно за 1,8%. Ваквото зголемување се должи на шестата емисија на обврзницата за денационализација како и на порастот на нето емисиите на државните записи за монетарни цели.

Кај долгот на општа влада, исто така, се евидентира значително намалување од 156,1 милиони евра и истиот заклучно јуни 2007 година изнесува 1.517,5 милиони евра, за разлика од декември 2006 година кога изнесуваше 1.673,6 милиони евра. Во однос на БДП долгот на општа влада опаѓа за 5,6 процентни поени и истиот заклучно јуни изнесува само 27,8% што е значително пониско од Мастришкиот критериум според кој долгот на општа влада не смее да надминува 60% од БДП.
Значи бил и поголем, но не сме банкротирале :)

За Црна Гора
Јавниот долг на Црна Гора расте

До крајот на јуни, долгот на земјата се зголемил за над 19%
Дневникот Црна Гора Данас известува дека јавниот долг на земјата достигнал речиси 915 милиони евра во првите шест месеци од годината, што претставува 33,9% од проектираниот БДП. Минатата година, долгот бил за 19,1% помал и претставувал 31,7% од БДП. Порастот на домашниот долг беше главно причинет со признавање на власта на државниот долг кон пензиониерите за неисплатени обврски кон пензиониерите во 2002 и 2003 година, во вкупен износ од 130 милиони евра.
Во меќувреме, и надворешниот долг на Црна Гора достигна 472,4 милиони евра, односно 7,4% повеќе од претходната година. По ваквото зголемување, Министерството за финансии на земјата очекува учеството на долгот во БДП да опаѓа во наредните две години.
Javniot dolg1 kako procent od BDP go postigna vrvot vo 2000
godina, dostignuvaj}i 57,2% od BDP

Ottoga{ stapkata postepeno se
namaluva vo sekoja od narednite godini i zaklu~no so proekciite za 2005
godina, iznesuva 44.1% od proektiraniot BDP soglasno GFS
metodologijata, odnosno 40.9% od proektiraniot BDP spored zakonot za
javen dolg.
Извор пдф документ.

Или по години (како % од БДП, по ГФС методологија)
1999 40.7
2000 57.1
2001 55.5
2002 48.6
2003 44.9
2004 42.6
2005 46.9
2006 40.4
2007 35.2

Жилава е Македонија, едино нуклеарка или инфлација ала Аргентина и СФРЈ. Друго не не мрда така лесно :)
 
а демек оваа опозиција што ја имаме многу убаво ја работеше економијата
не е далечно минато рајтеон навратсе види



не му верувам ни јас во двата случаи
кризата е очигледна
но не банкрот




не се обидувај политика да внесиш на ваква тема

Довчерашниот министер Славевски го изјави тоа, не јас. :tv:
Очигледно бродот тоне, тоа ми стана јасно кога аналфабета туриле за министер за Образование.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom