Дали постои апсолутна вистина?

V

[vladimir]

Гостин
Апсолутно е релативен :). Или се десил или не се десил :) Само теорија со многу варијации..
Шо си немал работа Ајнштајн со ова теоријава :tapp: ми се гади веќе..
Ај објасни ми како тоа се десил, не се десил, ќе се деси пошто не сфакам.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
[vladimir];2818993 напиша:
Шо си немал работа Ајнштајн со ова теоријава :tapp: ми се гади веќе..
Ај објасни ми како тоа се десил, не се десил, ќе се деси пошто не сфакам.
Така, едноставно. Или се случил, или Не се случил туку се случило нешто сосема друго при создавањето на вселената..незнам шо не ти е јасно? :)

Абе и Ајнштанјн е релативно ОК типац...:toe::pos:
Па теоријата на релативитет му е релативно точна.. :)
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Ке објаснам со свои зборови зошто не сум филозоф и немам посебен речник на термини :)
Нема да постои апсолутна вистина се додека човекот свесно трага по релативноста... Човекот треба лично, секоја индивидуа посебно да се потруди за создавање што поголем простор за ширење апсолутната вистина за да биде прифатена од мноштвото бидејки со секоја ново искажана лага и невистина се зголемува конфузијата на човекот во пронаогање на апсолутот во мноштвото релативитети кои се создавале во текот на историјата...и денес имаме резултат- правци и насоки во различни филозофии, религии и лажни случувања за кои се создава погрешна слика за историјата значи за се е виновен човекот. МНогу го чинеше што не ја почитуваше една од основните заповеди НЕ ЛАЖИ секако бидејки на многумина им беше потребен доказ од одкога престанаја чудата божји (додуше и не се престанати ама кој сака да верува) започнаа секој со свои дефиниции и го стартуваја прашањето на релативитетот и апсолутната вистина.... накрај испага дека се е прашање на верба аку ме прашаш мене за мене секоја насока и дејствие на човекот треба да поага од она што е напишано во новиот завет јас го прифатив како такво врз основа и на разум и на чуство... е понекогаш што не се движи во таа насока зависи од мене :) Ај јас ами оние што ги носат законите и други важни одлуки .. во светот врз која основа?
 
С

Сатори

Гостин
Апсолутно е релативен :). Или се десил или не се десил :) Само теорија со многу варијации..
Ако се движиме по тој патерн на претпоставување, да, во ред, но само за момент да играме една хипотетичка игра и да речеме дека теоријата всушност се случила.
Како тогаш ќе биде настанокот релативен? :)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ако се движиме по тој патерн на претпоставување, да, во ред, но само за момент да играме една хипотетичка игра и да речеме дека теоријата всушност се случила.
Како тогаш ќе биде настанокот релативен? :)
Едноставно примерот тие е "Ако хипотетички кажам дека ѕидот е бел, што има релативно во мојата хипотетичка изјава?" :)

Од друга страна пак, апсолутна вистина е дека во овој момент јас пишувам на тастатура :)
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Апсолутната вистина апсолутно постои без разлика дали за тоа јас знам или не. Апсолутната вистина не зависи од тоа дали јас ја знам или не, едноставно е вистина.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Апсолутната вистина апсолутно постои без разлика дали за тоа јас знам или не. Апсолутната вистина не зависи од тоа дали јас ја знам или не, едноставно е вистина.
Доколку ти незнаеш за апсолутната вистина таа за тебе апсолутно не постои, односно ти дефинитивно незнаеш дали е апсолутна вистина.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Доколку ти незнаеш за апсолутната вистина таа за тебе апсолутно не постои, односно ти дефинитивно незнаеш дали е апсолутна вистина.
Апсолутна вистина не зависи од мене. Тоа што јас го знам за вистина е моето знаење а моето знаење не може да биде апсолутно.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Во ова време и во оваа димензија ,за мене апсолутна вистина е, дека се е енергија . Но, сепак има големо но , од каде доаѓа ,каде оди ,така да стремежот на секое суштество е да ја дознае ,кога и за кое време,тоа е голем прашалник и зависи од свесноста и спиритуалниот развој на секое суштество.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Апсолутна вистина не зависи од мене. Тоа што јас го знам за вистина е моето знаење а моето знаење не може да биде апсолутно.
Од кого зависи апсолутната вистина? Од мнозинството? Мнозинството не создава вистина...

Во ова време и во оваа димензија ,за мене апсолутна вистина е, дека се е енергија . Но, сепак има големо но , од каде доаѓа ,каде оди ,така да стремежот на секое суштество е да ја дознае ,кога и за кое време,тоа е голем прашалник и зависи од свесноста и спиритуалниот развој на секое суштество.
Од нигде не доаѓа и нигде не оди, само се претвара од една во друга енергија..
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Од кого зависи апсолутната вистина? Од мнозинството? Мнозинството не создава вистина...
А што е апсолутна вистина и како тоа мнозинство да не создава вистина ако се 5 души што прават муабет за фудбал тогаш тоа е вистина.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
А што е апсолутна вистина и како тоа мнозинство да не создава вистина ако се 5 души што прават муабет за фудбал тогаш тоа е вистина.
Сега ти ме убедуваш дека дрвото е зелено, али и се што е зелено е дрво.

Така, убаво, мнозинството не ствара вистина..

Еве ти прост пример, влагаш во училница, вие сте 35 души да кажеме, професорот е еден а сепак тој е во право :)

Навистина ми е интересно како неможете да ми го докажете она во што верувате..
Еве ти тип: Гравитација!

Дали ќе веруваш ти во неа или не, дали си свесен за нејзиното постоење, таа делува на тебе, односно апсолутна вистина е дека е присутна насекаде во вселената, во помали или поголеми размери.. :)
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Сега ти ме убедуваш дека дрвото е зелено, али и се што е зелено е дрво.

Така, убаво, мнозинството не ствара вистина..

Еве ти прост пример, влагаш во училница, вие сте 35 души да кажеме, професорот е еден а сепак тој е во право :)

Навистина ми е интересно како неможете да ми го докажете она во што верувате..
Еве ти тип: Гравитација!

Дали ќе веруваш ти во неа или не, дали си свесен за нејзиното постоење, таа делува на тебе, односно апсолутна вистина е дека е присутна насекаде во вселената, во помали или поголеми размери.. :)
Мене па не ми е јасно како не можеш да сватиш дека апсолутната вистина не е индивидуална односно во апсолутната вистина спаѓа и индивидуалната.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Мене па не ми е јасно како не можеш да сватиш дека апсолутната вистина не е индивидуална односно во апсолутната вистина спаѓа и индивидуалната.
За мене апсолутна вистина е дека апсолутната вистина не постои.

Дали можеш ова да го спориш?

Ова е моја индивидуална апсолутна вистина..
 
V

[vladimir]

Гостин
Навистина ми е интересно како неможете да ми го докажете она во што верувате..
Еве ти тип: Гравитација!

Дали ќе веруваш ти во неа или не, дали си свесен за нејзиното постоење, таа делува на тебе, односно апсолутна вистина е дека е присутна насекаде во вселената, во помали или поголеми размери.. :)
За мене апсолутна вистина е дека апсолутната вистина не постои.

Дали можеш ова да го спориш?

Ова е моја индивидуална апсолутна вистина..
И сеа постои или не постои, или...?
И како може нешто што веќе се случило (биг бен) да биде релативен?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom