Тоа со Ајншатајн беше сликичка, заебанција... незнам колку е тоа вистина, но да бидеме реални, на крајот многу забегал со господ и слични ствари и не ја признавал Квантната физика (која што сега е во центарот на објаснувањето на природата на нештата)
да се вратам на темата....
ДА, ПОСТОИ... Постои апсолутна вистина онолку колку што постои и Утопија!
Ќе кажам само неколку работи за вистината... Вистината зависи од медиокритетот, вистината е доживеалица, вистината е процес, со скепса и неверување во вистината се стига до неа.
Вистината зависи од медиокритетот, доколку вие гледате нешто бело, а илјада други ви го тврдат спротивното, дека тоа нешто е црно... Кажете ми кој е во право, од каде знаете дека другите гледаат погрешно или пак лажат?
Вистината е доживеалица... како ние ја доживуваме... Тоа што ние го гледаме како вистина, тоа е вистината за нас. Нашиот разум е како филтер, ги одбира оние податоци што сака да ги добие, останатите ги игнорира(има премногу примери за ова, на тој начин работат и психијатрите
). Нашиот разум се она што може да го разбере го сфаќа како вистина, останатото како лага(невистина), што значи дека зависи од нашиот ментален развој.
Вистината е процес, се надевам сите го сфаќате ова
... Во многу работи постои доказ за ова, на пр. светот го сметале за плоча, па бла бла... на крај дошло до топка, па до елипса. Природата на светлината, прво било корпускуларна, па бранова... на крај и двете, искочи дека и материјата во некои случаи претставува браново движење(бран)... Сфативте или слабо?
И да... со цврсто неверување во вистината може да се стигне до неа, а не со детско посакување нештото да е онакво какво што ние си го замислуваме(сакаме да биде). Што значи дека е вистина само она што го прифаќаме како такво, доколку би требало да ја најдеме вистината зад нашата вистина треба да се откажеме од досегашното верување во истата.
Се надевам овој пост ви ги разјасни барем малку работите и ви покажа на кој принцип работи свеста на човекот
Толку од мене, Поздрав