Дали постои апсолутна вистина?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
ама тоа не е апсолутна вистина, пак е релативна, порано или подоцна, може човек шо е дефект нема да умре ке му се багосаат гените и нема да умре, нема апсолутна вистина, секоја вистина каква и да е зависи од одредени променливи, нешта што никогаш не се исти.
Те разбирам. Но да не забегуваме за она што е можно (значи не е ни сигурно) да се направи.
И не станува збор за временскиот период до смртта (што споменуваш дека е релативно, дали порано или подоцна). Станува збор за самата смрт.
Сепак, не можеме да речеме дека не постои апсолутна вистина од причина што можеби некогаш нешто ќе ја промени. Се држам за фактот дека апсолутната вистина постои без притоа да навлегувам во детали за евентуалните можности кои никој не може да ги гарантира.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Будистите го сметаат материјалниот свет за една голема илузија, реална да, но не и вистинита; манифестација на Ништото, што е вечна непроменлива константа. Овакво гледање на работите мене лично многу
ме исполнува. Се е дозволено во овој материјален свет бидејќи се доаѓа и се се враќа во Ништото и притоа ништо не се губи.

може човек шо е дефект нема да умре ке му се багосаат гените и нема да умре,
Може не спаѓа многу во темава, но да не знаеш некој ваков случај, некој линк да дадеш, баш ме заинтересира ова.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Те разбирам. Но да не забегуваме за она што е можно (значи не е ни сигурно) да се направи.
И не станува збор за временскиот период до смртта (што споменуваш дека е релативно, дали порано или подоцна). Станува збор за самата смрт.
Сепак, не можеме да речеме дека не постои апсолутна вистина од причина што можеби некогаш нешто ќе ја промени. Се држам за фактот дека апсолутната вистина постои без притоа да навлегувам во детали за евентуалните можности кои никој не може да ги гарантира.
со тоа докажуваш дека апсолутната вистина е само привремена, а се што е привремено за некое време го нема, такада, се сведува на истото, има има се додека простата маса верува во тоа (не го сфаќај ова како навреда or whatsoever) се додека се докаже спротивното, а сите знаеме дека се докажува спротивното доколку не е логично тоа во кое што веруваме моментално.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Ок, убаво што сите имаме мислење на темава, ама има ли некој нешто што наликува на доказ или нешто...:toe:
Докажете дека постои апсолутна вистина. Или докажете дека не постои. Или докажете дека не е возможно да се докаже. Или дека е. Или билошто.
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527

Каков доказ сакаш, практичен?
Ај земи ги темперните боички, одвој црна и бела. Најди палета, лупни малку црна, малку бела, односот да биде 3:1 отприлика. Ја ти гарантирам дека сива ќе испадне. И тогаш демонстративно сум ти докажала дека вистината „Бела и црна прават сива“ е апсолутна :icon_lol:

Какви докази сакаш? Поткрепеноста на нашите ставови (кој како успеал да поткрепи) со зборови е единствениот доказ што тука може да се понуди, ако е доказ тоа воопшто. :toe:
 
Океј, се предавам.. ме убеди сеа. Постои апсолутна вистина, ваљда, иако се базира на релативни ствари:pipi:
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Каков доказ сакаш, практичен?
Ај земи ги темперните боички, одвој црна и бела. Најди палета, лупни малку црна, малку бела, односот да биде 3:1 отприлика. Ја ти гарантирам дека сива ќе испадне. И тогаш демонстративно сум ти докажала дека вистината „Бела и црна прават сива“ е апсолутна :icon_lol:

Какви докази сакаш? Поткрепеноста на нашите ставови (кој како успеал да поткрепи) со зборови е единствениот доказ што тука може да се понуди, ако е доказ тоа воопшто. :toe:
Но што ако мене белата не ми изгледа исто како што ти изгледа тебе. Што ако јас гледам некаква боја што јас ја викам бела но сликата во мојот ум не е иста со таа во твојот?
А што ако ништо од ова не постои вистински туку само постои во мојата глава. И ти си само дел од мојата... фантазија, сон... што год. Што ако сум прикачен на машината за луцидно сонување како во Ванила Скај или нешто слично на Матриксот во Матрикс?
Како кога секоја наша оценка за реалноста е релативна ние би можеле да тврдиме дека постои апс. вистина и реалност. Самото тоа тврдење е релативна оценка за реалноста.
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Но што ако мене белата не ми изгледа исто како што ти изгледа тебе. Што ако јас гледам некаква боја што јас ја викам бела но сликата во мојот ум не е иста со таа во твојот?
А што ако ништо од ова не постои вистински туку само постои во мојата глава. И ти си само дел од мојата... фантазија, сон... што год.
Што ако сум прикачен на машината луцидно сонување како во Ванила Скај или нешто слично на Матриксот во Матрикс?
Како кога секоја наша оценка за реалноста е релативна ние би можеле да тврдиме дека постои апс. вистина и реалност. Самото тоа тврдење е релативна оценка за реалноста.
Е ај сеа, забегавме :)
Ако сакаш да извлечеш било каков заклучок на темава и воопшто да дебатираш на неа, мораш да тргнеш од основна претпоставка дека светот во кој живееме е таков каков што е општоприфатен од човештвото и каков што во најголем дел го перцепираме и дека некои ствари се такви какви што се.
Ако ја вклучиш можноста да испадне дека некој нечовек таму у некој паралелен универзум си игра Sims со нас и дека ништо од ова не е реално, а ти си плод на мојата фантазија или јас на твојата и слични такви исфилувани фантазии (или реалности, нели, зависи како гледаш)... Ќе се натегаме до задутре и нигде нема да стигнеме на темава, а ни на многу други :)
Белата е бела, а црната е црна, потпирај се на општоприфатени параметри. Да се оградиме од алтернативни сценарија.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Но што ако мене белата не ми изгледа исто како што ти изгледа тебе. Што ако јас гледам некаква боја што јас ја викам бела но сликата во мојот ум не е иста со таа во твојот?
А што ако ништо од ова не постои вистински туку само постои во мојата глава. И ти си само дел од мојата... фантазија, сон... што год. Што ако сум прикачен на машината луцидно сонување како во Ванила Скај или нешто слично на Матриксот во Матрикс?
Како кога секоја наша оценка за реалноста е релативна ние би можеле да тврдиме дека постои апс. вистина и реалност. Самото тоа тврдење е релативна оценка за реалноста.
Ти бараш опипливи докази а спомнуваш матрикси и сонови. Во нашиот познат свет, постајот некои работи кои се непобивливи. Гравитација, репродуктивната природа на живите суштества... нешта кои сосема точно знаеш како ќе се одвиваат и се комплетно предвидливи. Тоа е апсолутната вистина. Сите филозофии понатаму околу богови, матрикси, вонземјани, и субјективни гледишта, ставови или пореметувања се само лични и не влијаат на таа апсолутна вистина. Не значи дека не се точни, но не ја менуваат генералната универзална слика на поставеноста на нештата.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Каков доказ сакаш, практичен?
Ај земи ги темперните боички, одвој црна и бела. Најди палета, лупни малку црна, малку бела, односот да биде 3:1 отприлика. Ја ти гарантирам дека сива ќе испадне. И тогаш демонстративно сум ти докажала дека вистината „Бела и црна прават сива“ е апсолутна :icon_lol:

Какви докази сакаш? Поткрепеноста на нашите ставови (кој како успеал да поткрепи) со зборови е единствениот доказ што тука може да се понуди, ако е доказ тоа воопшто. :toe:
не, корекција, нема да биде сива...ке ИЗГЛЕДА сива...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
не, корекција, нема да биде сива...ке ИЗГЛЕДА сива...
Тогаш и мониторот не е монитор, туку изгледа монитор. Пошто е составен од милион транзистори и диоди и триоди и шо ти ја знам шо. :toe:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Тогаш и мониторот не е монитор, туку изгледа монитор. Пошто е составен од милион транзистори и диоди и триоди и шо ти ја знам шо. :toe:
Не не, поентата ми беше....сивата боја е само илузија...честиците од црната и честиците од белата се мешаат до некоја одредена точка, по што нас бојата ни изгледа сива... што повторно не враќа на фактот дека нема ништо апсолутно, поради тоа што сигурен сум дека нема ни апсолутна црна боја...
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
со тоа докажуваш дека апсолутната вистина е само привремена, а се што е привремено за некое време го нема, такада, се сведува на истото, има има се додека простата маса верува во тоа (не го сфаќај ова како навреда or whatsoever) се додека се докаже спротивното, а сите знаеме дека се докажува спротивното доколку не е логично тоа во кое што веруваме моментално.
Никогаш не посочив дека е привремена. Само споменав дека непотребно е да се навлегува во детали кои можеби никогаш нема да станат возможни:) И кажав, апсолутната вистина не зависи од тоа дали ти или јас или кој било друг ќе верува во неа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Status Quo напиша:
Не не, поентата ми беше....сивата боја е само илузија...честиците од црната и честиците од белата се мешаат до некоја одредена точка, по што нас бојата ни изгледа сива... што повторно не враќа на фактот дека нема ништо апсолутно, поради тоа што сигурен сум дека нема ни апсолутна црна боја...
Тоа мене ми личи како филозофирање во празно. Шопската личи на шопска но вистински се само претопени патлиџани и краставици прекриени со сирење. Да, океј, ја разбирам твојата поента, мислиш дека очите не лажат, но јас не мислам така. По таа логика треба да почнеме да се сомневаме во апсолутно се, па и во вистината на ова што во моментов се случува, на нашето постоење, на постоењето на светот и универзумот, а тоа делува тотално бесцелно. Сивата сме ја прифатиле како боја, бидејќи е различна од прифатената црна, и прифатената бела. И така ја гледаат сите во светот и ја нарекуваат со исто име (барем оние од исто говорно подрачје). Значи апсолутна е вистинаата за сивата боја, бидејќи сите ние исто ја гледаме.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Е ај сеа, забегавме :)

Белата е бела, а црната е црна, потпирај се на општоприфатени параметри. Да се оградиме од алтернативни сценарија.
Хахахаххахах.... епа тоа ти е филозофијава, неизбежно е да забегаш ако сакаш да стингнеш негде.

Абе јас стварно те разбирам. Јас се утепав од објаснување наназад во темава дека апс. реалност постои.
Ама, доказ немам. Тоа е само мое верување.
Ти бараш опипливи докази а спомнуваш матрикси и сонови. Во нашиот познат свет, постојат некои работи кои се непобивливи. Гравитација, репродуктивната природа на живите суштества... нешта кои сосема точно знаеш како ќе се одвиваат и се комплетно предвидливи. Тоа е апсолутната вистина. Сите филозофии понатаму околу богови, матрикси, вонземјани, и субјективни гледишта, ставови или пореметувања се само лични и не влијаат на таа апсолутна вистина. Не значи дека не се точни, но не ја менуваат генералната универзална слика на поставеноста на нештата.
Поентата е дека не можеме да имаме веродостојни информации за реалноста. Ние сето наше знаење го базираме на претпоставки. Веруваме во аксиоми, и веруваме на логиката.... Да, ние градиме замоци ама темелите ни се во магла. Човече ние немаме појма. Ние веруваме дека никој не може да се спротивстави на привлечната сила на Земјава зошто досега не сме виделе човек да лета. Што значо тоа сега дека луѓето не летаат или дека досега едноставно не се случило тоа? Гледаш колку е се магливо кога ќе погледнеш одблизу. Ние прифаќаме една реалност, не некој начин се убедуваме или сме убедени дека тоа е така. Но дали е, никој не знае.
Прашањето е дали може да знае?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom