Ак не ви чинит не идајте

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Инаку... скопјани последни треба да се бунат за скапи цени по угостителски објекти... Охрид на лето се истите цени како Скопје преку цела година, дај не заебавајте... па и по продавници... не знам шо е толку поскапо во Охрид... :uvo:

Јофе шо ги фермаш овие шо ти коментираат. Твое дело е сепак какво и да е. Е!
Фала... али погрешно ти е ова.
Од нив, добро, не конкретно од тие шо ја читаат овде за без пари на кајгана или на блог, туку од читателите земам пари уствари. Дали од продажбата на весникот, дали од продажбата на реклами наменети за читателите... значи без читателите не би земал пари, така што - треба да ги фермам :pipi:
 
Инаку... скопјани последни треба да се бунат за скапи цени по угостителски објекти... Охрид на лето се истите цени како Скопје преку цела година, дај не заебавајте... па и по продавници... не знам шо е толку поскапо во Охрид... :uvo:


Фала... али погрешно ти е ова.
Од нив, добро, не конкретно од тие шо ја читаат овде за без пари на кајгана или на блог, туку од читателите земам пари уствари. Дали од продажбата на весникот, дали од продажбата на реклами наменети за читателите... значи без читателите не би земал пари, така што - треба да ги фермам :pipi:

Колку и да сакаш неможе сите да ги сакаат твоите дела (хм мислев дека никогаш нема да го кажам ова :pos:) Се приметува дека не е целосно Охридски но боље зашто вака е полесно за читање на сите Македонци зашто сепак не е исто да читаш и да слушаш Охридски.
 
Нема потреба од генерализирање. Можеби една, две имаат направено,ама дека сите така прават не е можно.
Јас досега не сум имала некои лоши искуства со таксисти од такси компании,кога и да сум порачала такси секогаш било тука, плус нема смисла нив не им оди во корист намерно да не се јавуваат... као демек не сакаат да прават пари?


си немала од Охрид си, и јас немав слично зборувам ко вас па ме мислеа охриѓанец :)
ама многу мои другари од источна Македонија имаа такви лоши искуства
а за тоа со телефонските линии секоја вечер беше лани од 20ти до 30ти поготово после 12 саатот
 
Ине знам шо е толку поскапо во Охрид... :uvo:
Поскап е одморот, онака општо, во пакет, значи колку ќе треба да фукнеш за 10 дена одмор, во споредба со други туристички места кои имаат море. Price for the value. Тоа е споредбата во која испаѓа дека е скап.

Друго...црквите и знаменитостите се прекрасни, ама сме ги виделе сто пати. А друго, реално нема што да понуди како туристичко место. Охрид е нешто како сакрален туризам во комбинација со езеро.
 
Поскап е одморот, онака општо, во пакет, значи колку ќе треба да фукнеш за 10 дена одмор, во споредба со други туристички места кои имаат море. Price for the value. Тоа е споредбата во која испаѓа дека е скап.
Океј тоа, секој си прави своја математика, разбирливо.
Ама глупи ми се муабетите за цени по угостителски објекти. Скопје дури и поскапо е да излезиш и да се испијаниш, шо ви е вас... :helou:
 
Абе имаш златна Шпанија за 1560 евра од човек каков Охрид:pos2:
 
идев у ох дур неможев на друго место

сега пепелниции ќе отидам можда пак у ох за 10 години :vozbud:
:smir:
 
ЕПТЕН НЕ МИ ЧИНИТ И НЕ ИДАМ И ДА МИ ПЛАТИШ. А ТИ САМО СОНВИ КАКО ЌЕ ГИ ВАСПИТВИШ ТУРИСТИНЕ. СЕ ГЛЕДАТ ДЕКА СИ БАЃИ ПРОШЕТАН И ЕПТЕН ЗН`ЈШ КАКО СЕ ГРАДИТ ТУРИЗАМ. .:tapp:
 
Охрид е најевтино туристичко место во Европа.Кој викат поинаку лажит.
 
Услужливоста на Охриѓанецот е слична на мувлосана тегла ајвар, а цените се како мускулите на Чак Норис. Лично познавам само двајца охриѓани, и фала ти Боже, не се бават со туризам. Убавините на градот, се користат многу нападно и расипано... Кога одам во Охрид, од финансиски аспект се чувствувам како во Алкатраз, како да во секој момент треба да се одбранам од ,,легални арамии", кои замислете, ,,само заработуваат за живот", не вклучувајќи го таксиметарот. Нема туристички објект каде што некој не гледа да те поебе што поквалитетно и што посолидно.
Градот е историски, прекрасен, еден и единствен! Да немав емоции кон езерото и убавите моменти поминати во Охрид, не би отишла само заради угостителиерите. Свои на своето не можеме да си дојдеме од правосмукалките за пари што ги вперувате во нас на секаков можен начин.
 
И нормално вицот:
Џандар охриѓанец, запира кола со скопски регистарски таблички, го фаќа возачот за појасот и му вели: А море скопјанишча, за две иљади денари ќе се задавет со појасине!
 
Охрид е најевтино туристичко место во Европа.Кој викат поинаку лажит.
Сакаш да се кладиме? Само кажи во што.

Ќе закачам слики на темава деновиве од Аланија во Турција (доколку ми одобрат членовите од семејството кои беа, вчера се вратија) Авионски превоз во два правци, ол инклузив хотел 11 ноќевања 12 дена, јадење и пиење до посерување, со еден куп точки и програма во хотелот секој ден за само 300 евра. Сладоледи, фигури од овошје, зеленчуци, перверзија.

A за испраќање и благодарност што дошле, хотелот последниот ден им приредил незаборавна фешта, со огномет, сладолед торта долга 4 метри, построени цел персонал како војска, македонска музика...

Ова вака накратко, вчера цело попладне не можеа да си ги средат впечатоците.

И не само што е поефтино, нема споредба.

Бидете така.
 
Мене не ми е јасно,секоја година плукате по градов и пак секоја година е полн. Еднаш сте дошле,не ви се погодила услугата,океј. Втор пат не идајте. Вие секоја година плукате по градов и пак упорно идате. Многу сте ми нејасни.
 
Back
На врв Bottom