Помогнете му на Оливер!

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Почитувани,
Оливер Пановски е 12 годишно момче од населбата Чашка и боледува од срцева маана за чиешто отстранување се потребни 16.000 EUR, за операција во Софија - Бугарија.

Иако фондот за здравствено осигурување покрива 80% од трошоците, за жал Оливер потекнува од социјално загрозено семејство за кое остатокот од тие 20% претставува превисока сума која не постои шанса сами да ја покријат.

За таа цел, фондациите Cosmofon и T-Mobile отворија телефонски брови за донации, на кои со секое јавување се донираат по 100 денари.
075 143 888

070 143 444


Операцијата е закажана за 22 јули, а ако парите не се уплатат до 10 јули, операцијата на Оливер ќее биде откажана.

За да донирате од било која банка во Р. Македонија уплатницата треба да гласи
До: Стопанска Банка
Име: Оливер Пановски
Ж-ска за денари: 200001963228194
 
Донирано.
 
Донирано. :smir:
 
Ајде луѓе донирајте, има уште еден ден само!:smir: Тие 100 денари кредит може живот да му спасат!
 
Мило ми е што темава од вчера до денес е отворена многу повеќе пати. Се надевам дека од сите луѓе кои ја виделе, барем половината донирале. Се надевам и дека се собрани или ќе се дособерат денес средствата и уште еден човечки живот ќе продолжи нормално да функционира.
 
Ајде Оли јуначно да ни оздравиш. :smir:
 
Донирано уште пред 2 дена. Него има ли некој информации дали се собрани доволно пари со оглед на тоа што денеска е веќе 11, односно помина крајниот рок ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom