Мистерија над Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата LiverpoolFC
  • Време на започнување Време на започнување

LiverpoolFC

Captain Fantastic!
Член од
10 ноември 2007
Мислења
864
Поени од реакции
15
Вчера, на ден 30.07 над Охрид, поточно над Калето во Охрид е случајно забележан објект, од страна на брат ми. Со око никој не го видел, но додека се сликале случајно на една слика искача објектот, кој не може да се идентификува што е. На прв поглед помислил дека е Месечината, но подоцна кога ја забележале месечината, таа била сосем на друга страна и воопшто не во иста боја и облик. Погледнете па одлучете. Во прилог следат две слики, втората е сликана 6 секунди после првата, на едната воопшто го нема тој објект, а на втората се гледа јасно.

p1000857y.jpg



Ова е првата слика, а еве што следува после 6 секунди:


p1000858a.jpg



Погледнете точно во средина, неможете да го утнете... Еве слика и од месечината да не помисли некој дека е месечината:

p1000871e.jpg



Дали е некој одблесок или нешто, незнам али искрено, не ми се верува дека може толкав и таков одблесок да се појави. Оценете сами.
 
Стварно чудно. Изгледа како облик на месечина ама многу плава е и на спретивната страна. Можеби до апаратот некој одблесок од светилките светнал друго незнам може да има многу варијанти :toe:
 
а после колку време исчезна???

Максимум 15 секунди, има уште слики после тоа на истото место, го нема.. само на таа слика е фатено. А ако е некој одблесок од апаратот, би требало да го има и на другите слики..
 
изгледа и на првата го имавиди подобро...освен ако не е дамка на камерата...

како да се демаскира и качува нагоре...шо знам а како тоа толкав објект никој да не го види
 
Мене ми изгледа како капка да е капната и да има некој одблесок... то е баш така моментално и е округло како ова... а сепак чудно...
 
Испули се убаво и на првата слика имаш такви округли дамки.Одблесок е од билошто што фрлало светлина накаја апаратот. Ништо чудно :smir:
 
На првата слика е дамка од апаратот. Има и на други места исти такви дамки.
 
хмм доста Интерсно ова ме потцеќа како тој случајот од Франција (доколку се сеќавате)доколку најдам линк ќе постирам ....Немогуче да е дамка од апаратот...а и мислам луѓето отпозади гледат во тоа последните двајца
 
марсовци во охрид :je:
 
Личи на смајли:pos:
Има носе, очиња и насмевка:pos:
 
Back
На врв Bottom