Па и јас ако може нешто да напишам.Многу често читам и слушам коментари како “Тоа е нивни живот“, “Секој има право на избор.“ итн...Искрено не се сложувам со тоа.Денес си даваме за слобода да размислуваме така и да зборуваме живеејќи низ модернизацијата која општествената улога ја предава на технологијата, механизацијата и “слободниот говор“.Некој ќе каже “ Па да, хомосексуалноста била застапена од секогаш.“, точно но, во тоа време таа не била основа за општествена ( лична, колективна... ) определба.Како луѓето да забораваат на своите основни инстинкти.Се повеќе хомосексуалноста преминува во некој модерен тренд, бунтовничко движење, издигнување над човечката свест...Некако звучи лошо да се каже дека е тоа нечиј избор ако се зборува за чувства ( не зборувам за тоа зашто стварно не сум почуствувал љубов кон некој од ист пол ), а чим се зборува за избор тогаш тој човек избрал да му наштети на нормалниот развиток на општеството.За среќа ( нивна ) денес неможат да ги осетат ефектите од таков “избор“, ама ако гледате на човештвото како животински вид на земјава ( што и така и е ) такви отстапувања не завршуваат добро.Затоа сега тие организации, движења итн, се чувствуваат доволно силни.Тоа е исто како и сите изопачени работи кои се повеќе се затапуваат пред нормалните, убавите и корисните.Па глава давам ако не е точно дека голем број од тие “хомосексуалци и слободни во размислата“ луѓе не се претставуваат како такви само за публицитет и за насловна страна.Иако ми е непријатно на јазиков ( добро прстиве ) ама ако навистина таквата љубов ( на хомосексуалците, жени/мажи ) е искрена и плодна, и ако не му наштетува на општеството тогаш зошто бараме да биде над нормалната и обичната љубов.Зошто мора да биде издвоена како нешто друго ако самите не признаваме дека е ненормална.Би требало да се размислува подалеку од нашата врата.Неможе да се размислува само за себе и она што нам ни е убаво и можеби изгледа правилно.Може звучи комунистички, а јас и сум комунист ама тоа ти е.