Браво за темава, сакав уште од порано да снимам докази па да создадам една компилација од сите периоди.
Министерството за надворешни работи на Германија во својот архив чува еден документ од 1904 година кој е од исклучително значење за Македонија.
Во еден извештај упатен до германскиот канцелар и министер за надворешни работи (од 1897 г. грофот Фон Билов), пратеникот во Белград ја пренел содржината на една статија, која извесен г. Балугџиќ ја објавил во еден берлински весник во 1886 г. Во тоа време Балугџиќ бил одговорен за односи со јавноста на кнезот Петар Караѓорѓевиќ, кој во тоа време живеел во егзил во Женева, и уште тогаш ја уживал неговата доверба. Во 1904 г. одлучил, можеби под влијание на Илинденското востание, задушено есента 1903 г.,истата статија да ја објави и во својата родна земја, и тоа во органот на Младите Срби, "Словенски Југ", списание на кое и самиот бил претплатен. Балугџиќ сè уште бил одговорен за односи со јавноста, но сега на кралот Петар, и статијата ја дал да се објави неколку седмици пред крунисувањето, кое било извршено на 21.9.1904 г. Во статијата "Cите претензии кон Македонија се оценуваат како скршнување во погрешна насока":
" Пред австриската окупација на Босна, никој во Србија не помислил на искажување претензии кон Македонија ... се додека Србија ги бараше своите брегови на Јадранското Mope, немаше тврдења дека во Солун има српско население.
Дури откако на Србите, со насилен акт на Берлинскиот конгрес, им беше одземено природното право, поради историјата и јазичните граници, да се прошират кон Јадранското Mope, со вештачка агитација погледот на српската политика се сврте кон Македонија. "
Овој пресврт во српската политика најсилно се одразува преку трансформацијата на тогашната државна пропаганда. Пример за тоа е промената во ставовите на српските “учени“ која се случила токму во истиот период кога Србија почнала да ја прецртува картата на “Голема Србија“.
Во учебникот по географија за средни училишта[2], од кој учеле српските средношколци во 1871 година, чиј автор е српскиот академик Петар Драгашевиќ стои дека Македонците се „најстари Словени“ и „можеби најстар народ во Европа“, а Србите и Бугарите „дојденци“.
После дваесетина години истиот автор, се “предомислува“ и почнува да не нарекува „аморфна маса“.
За ова да биде навистина трагикомично, учебникот на Драгашевиќ бил прегледан и одобрен од државната комисија во Белград и испечатен во државната печатница. Во делот каде се зборува за историјата на народите во југоисточна Европа стои:
„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата...можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“.
Во истиот дел стои дека Елините се доселиле на полуостровот пред 1.500 години, ја создале лулката на науките и уметностите и ја пресадувале на сите крајбрежни делови на Средоземно Море. За Александар Македонски, стои дека, „творецот на македонската светска држава“, ги проширил границите до Индија.
Во делот „Народ“, пак стои:
„Овој полуостров е мозаик на народи како и Австрија. На овој простор живеат 13,6 милиони жители и тоа: Словени 61 отсто, Турци 13 отсто, Арнаути 7 отсто, Грци 14 отсто, Ермени 3 отсто и останати 2 отсто. Што би се рекло, Словени има двапати повеќе од сите други заедно, а четирипати повеќе од Турците. Во Словени се бројат: Срби 3,6 милиони, Хрвати 0,5 милиони, Македонци 1,3 милиони, Бугари 3,2 милиони, останати 0,04 милиони“.
На страницата 163 се наведува дека „Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“. Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг престојувале во овие земји.
„Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото море, на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина. И покрај сето ова во нивните обичаи и во нивниот јазик можат да се најдат траги од сите оние народи, кои овде-онде, над нив владееја (нарочно Бугарите и Србите). Македонците и денес се карактеризираат самостојно и стојат во средината меѓу Бугарите и Србите“, пишува Драгашевиќ за Македонците.
Ништо помалку интересно е неговото пишување за другите народи: „Бугарите на овој полуостров се дојденци (за разлика од Македонците) исто како и Србите и денес ја зафаќаат целата источна страна на овој полуостров“.
За Албанците, пак вели дека се во тесна врска со римските војници, а за Грците дека живеат во „Кралство Грчко“.
На страна 35 од учебникот насловен како „ Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе“ издаден во Белград во 1872 година пак стои:
"...jужниот дел на Балканот го заземаат Македонците, кои се потомци на наjстарите Словени, и кои беа во Тракиjа уште пред Христа. Од север ги граничи шар Планина, од исток Родопите, од jуг Белото Море и Тесалиjа, од Запад Епир и Jужна Албаниjа..."
Србинот Јован Гавриловиќ бил автор на учебникот за основни училишта од 1850 година кој под името Македонјани ги вклучил Илирите, Трибалите, Мизите и Гетите. За Македонјаните вели дека живееле на територијата на која подоцна се населиле Србите, Хрватите и Бугарите.
А еве што напишал францускиот општественик Рене Пинон во
1907 гофина.
" Македонското прашање пред да биде (сфатено како) национално прашање, е социјално прашање.... Тие селани, толку несреќни, толку сиромашни, ја немаат потребната слобода на духот за да влезат во етнографски дискусии и да се запрашаат дали се Срби, Грци или Бугари. Тие не знаат ништо друго, освен дека сакаат да бидат ослободени, да не бидат повеќе Турци и да не живеат повеќе под тирански режим... Мнозинството доброволно би прифатиле да станат бугарски, српски, или црногорски (поданици) само да не бидат повеќе турски. Но тие би биле најсреќни доколку бидат едноставно македонски. "