Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
овој пост зрачи со егоизам
ми звучеше како тоа луѓе хуманитарци да е критика? или пак дека е само глума?
но тие луѓе хуманитарци мислат за најдоброто од двете страни
и нивното решение можда нема да биде најпрактично или најизводливо ама нема да биде ни себично
компромисите го прават човекот
бидејки никогаш нема да се најде нешто што ке биде погодено за сите
така да ... неможеме да кажеме дека човекот го прави само ова или она ...
сепак човекот го прават повеќе одлики :)

Дали ти кажуваш мисли за доброто на други или кажуваш мисли кои ќе те направат да изгледаш добро во очите на други?

Хеј, светот е исполнет со тешки одлуки, има луѓе кои се тешат дека се хуманитарци насекаде. Лесно е тоа, седиш од страна и кажуваш фини розеви работи кои немаат врска со реалноста, не се изводливи и се себични на чуден начин - но битно се чуствуваш добро за себе.
 
па сеа незнам ти како се чувствуваш или како размилсуваш ама за мене е многу сурово да се успијат скитничките кучиња бидејки во целата оваа ситуација сепак тие се нај не виновни
и знам дека јас никогаш не би можела да направам такво нешто ...
сепак неможеме сите да бидеме перфектни
може за мене е полесно да живеам во розов свет
бидејки реалноста од ден на ден е се повеке сурова
но никогаш не била себична да мислам само на себе
сметам дека има многу подобри начини отколку да се успијат
а сеа ајде да бидеме реални!
ако зборуваш за лесно и себично ... тоа би било успивањето
најлесен начин да се реши проблемот
и најсебичен бидејки во тој случај мислиш само на себе
но тука зборуваме за стотици кучиња...
мислам ме сфаќаш што сакам да кажам ?

а и мислам дека не живеам за никои други и немам потреба да се докажувам на другите како што велиш во очите на други
бидејки секој те гледа на различен начин
и луѓето се многу површни ... тие полесно ке те осудат отколку да се заинтересираат за причината
ама ова веќе оди во оф топик....
 
Џабе толкав пост
кога имаш толкава дупка
во твојата поезија...
дали ме сфаќаш што ти зборам?

Ти не сакаш да се успијат тие кучиња бидејќи на ТЕБЕ ти е сурово.
Ама како што повеќепати се докажа на темава, кога се работи за прасиња, овци, крави, кокошки и риби - тогаш таа суровост ја снемува. Тоа е зашто лесно и убаво ти е кога јадеш пилешко.
Забегавме офтопик, ама искрено се надевам дека веќе нема да ја труеме темава со индивидуални демагогии за тоа како самите сте хуманитарци класа пар екселанс.
 
Мене ми е сурово и неправедно што се требат и рисовите и лисиците и зајците, еребиците...ама ете, не ги чуваме, не ги гледаме, наводно некои се штетници (за мене и скитникот куче е штетник), од некои се вадат девизи...баш му е гајле на друштвото за заштита на животните, еднаш не ги спомена-за него постои само кучето како цел на заштита.
 
Зајче ај, чуваат луѓево и ќе се бунат за него. Ама се друго што е животно, а не е домашно* - пиши пропало.
Има да се требат, убиваат и јадат за задоволство, а после истите тие луѓе ќе се бунат за кученцата.

*под домашно мислам на она што го чуваш, галиш и мазиш по цел ден.
 
Џабе толкав пост
кога имаш толкава дупка
во твојата поезија...
дали ме сфаќаш што ти зборам?

Ти не сакаш да се успијат тие кучиња бидејќи на ТЕБЕ ти е сурово.
Ама како што повеќепати се докажа на темава, кога се работи за прасиња, овци, крави, кокошки и риби - тогаш таа суровост ја снемува. Тоа е зашто лесно и убаво ти е кога јадеш пилешко.
Забегавме офтопик, ама искрено се надевам дека веќе нема да ја труеме темава со индивидуални демагогии за тоа како самите сте хуманитарци класа пар екселанс.

еве баш мојата поента ама ти не ме разбра
од кај знаеш дека јадам месо?
ако зборам дека убиство на куче е сурово тогаш зошто убиство на кокошка на пр да не би било?
и не реков дека убиството на кучињата е сурово за мене туку за нив!!! се работи за неговиот живот не за мојот!!!!
и btw ја сум вегетаријанка
а поради луѓе како тебе што му судат секому без факти ... ова тема за мене е завршена!
 
Против сум да се убиваат/успиваат кучињата и тие имаат душа.
Единствено решение мислам дека е кастрацијата,потребно е време,но сепак резултати сигурно ќе има.
Проблем е тоа што на некои луѓе кога ќе им се родат кученаца ги пуштаат по улици и после се создаваат нови и нови улични кучиња.
Да би имала услови - голем двор сигурно 10тина би чувала,но во стан немам услови за повеќе кучиња затоа чувам само едно куче.
Инаку чувам и маче дома.И кучето и мачето одлично се сложуваат.
 
Сепак и да се остварит изградбата на стационари кај нас како шо глеате воопшто не функционират таја работа како шо е со Вардариште. Наместо живот, смрт за кучињата.:banned:
 
Сепак и да се остварит изградбата на стационари кај нас како шо глеате воопшто не функционират таја работа како шо е со Вардариште. Наместо живот, смрт за кучињата.:banned:

Точно така кај нас ништо не функционира и тие стационари им се за перење пари.
Имам слушнато дека во Вардариште наместо инекции за успивање им вбризгувале СЈАЈ за перење садови :nesvest: и на таков начин ги убивале.
А ќе кажат незнам колку пари дале за тие инекции за успивање,а уствари парите во џеб и бутај им сјај на кутрињата.
 
Дефинитивно се болни. Јас немам само слушнато, туку знам од сигурни извори дека воопшто кучињата не се загрижени и никој услов за живот не е исполнет. Обично поголемите кучиња скитници се "агресивни" на прв поглед и воопшто не смејт да им се дајт нова шанса за живот иако се бубачиња, откако ќе бидат добро изгледнети се успивет така шо се заштитвит околината од такви ѕверој. За малечките да не прајме муабет, експерименти на мајките и на нивните бебиња и разни глупости со разни хемикалии и такви срања. Имам гледано шокантни фотографии од една посета на некој шо лично го познавам и неможам да ја отргнам таја грда слика на неморал и себичност. Со еден збор СТАЦИОНАР = АУШВИЦ.:jaj:

Да не бегам од темава имат многу начини и проекти кој может да се реализирет и остварет наместо инекцијата и ајт со здравје.:kesa:
 
Сите тие што мислам дека не треба да се успиваат кучињата во стационар, изгледа немаат сретнато глутница кучиња во февруари и јули, кога им е сезона на парење и да почуствуваат страв, или да бидат нападнати од куче е тек тогаш ќе го сменат мислењето. Најкриви си се газдите на кучињата што после секое породување на нивната кучка ги фрлаат надвор и така се создава овој проблем. За да се исчисти ова треба да се направи една база на сите домашни кучиња со нивно ДНК и на кој газда е, и после кое куче го фатат на улица проверка на ДНК, и на кои кучиња припаѓа казни за газдите. Вакво нешто слично е направено во Шпанија мислам, ама за кучешкиот измет. Сакаат да чуваат кучиња ама не ја сакаат да превземат одговорност за нив.
 
На државата Македонија треба да и биди последен приоритет да се грижат за кучињата скитници во оментов, инекција во моментов ми изгледа како хумано решение зошто со парите која ги собира од даноците не ми паѓа на памет да одобрам да се направи некој стационари каде би имале три оброци на ден за после некоја будала да бара да му се купат и ајподи на љангарите зошто му било досадно во стационарите.
Семејства во Македонија се оставени да "живеат" со по 2000 денари социјална помош овде ние разговараме да потрошиме по 3000 денари месечно за еден љангар што за вакцини, што за стручни кадри или персонал за оддржување на стационарот.
 
Сите тие што мислам дека не треба да се успиваат кучињата во стационар, изгледа немаат сретнато глутница кучиња во февруари и јули, кога им е сезона на парење и да почуствуваат страв, или да бидат нападнати од куче е тек тогаш ќе го сменат мислењето. Најкриви си се газдите на кучињата што после секое породување на нивната кучка ги фрлаат надвор и така се создава овој проблем. За да се исчисти ова треба да се направи една база на сите домашни кучиња со нивно ДНК и на кој газда е, и после кое куче го фатат на улица проверка на ДНК, и на кои кучиња припаѓа казни за газдите. Вакво нешто слично е направено во Шпанија мислам, ама за кучешкиот измет. Сакаат да чуваат кучиња ама не ја сакаат да превземат одговорност за нив.

Колку за твоја информација кучињата не се парат само во февруари и јули туку во текот на целата година.
Инаку да, ме има нападнато глутница кучиња и ме спаси моето куче,нно не се криви уличните кучиња што ме нападнаа,јас ги имав испровоцирано со тоа што мавтав со еден стап со цел да го заиграм моето куче и мавтајќи изгледа на кучињата им се видело дека сакам нив да ги нападнам и на нив само им се активира природниот инстинкт - одбрана.
И во 99% од случаите на напад на куче врз човек,човекот е крив,бидејќи куче никогаш не напаѓа без причина,туку напаѓа од испровоцираност (сведно или несвесно сторена од човекот).

Но не се криви уличните кучиња,криви се луѓето што ги имаат напуштено своите кучиња и тие станале улични и со тек на време се размножиле.
 
Лу, замисли да немаше куче, и да те збркаа, и да се сопнеше од нешто, да се искршеше целата, цело лето во гипс да го поминеш. Дали и тогаш ќе ги бранеше кучињата?
 
Лу, замисли да немаше куче, и да те збркаа, и да се сопнеше од нешто, да се искршеше целата, цело лето во гипс да го поминеш. Дали и тогаш ќе ги бранеше кучињата?

Да немав куче немаше да ме збркаат,бидејќи немаше да мавтам со стап и немаше да ги испровоцирам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom