Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Очигледно дека ти не знаеш што е тоа хуманост, хуманост значи човекољубие, да јас сум хумана бидејќи луѓето и нивните потреби ги ставам пред животните, а ти очигледно сакаш да се мешаш во туѓи работи кои воопшто не треба да те засегаат, што ти е гајле тебе таму во Германија за нашите кучиња тука гледај си ја таму работата и ич уво да не ти чуе за нашите внатрешни проблеми, е ова ти се вика бибер у секоја ТУЃА манџа.
Тебе ако не те касале кучињата додека си живеела во Македонија пред 10 години точно, не значи дека сега е иста ситуацијата сега кучиња има 20 пати повеќе и како што реков тебе тоа не треба да те засега, и воопшто не е вкусно кога се мешаш во туѓи работи.
Македонија е нејзина колку што е и твоја, а начинот на решавање на проблемите кои ги има Македонија е предмет на дискусија, многу поголем придонес може да даде некој кој веќе видел како тоа функционира на друго место на светов.
Станува збор за бездомните кучиња и нивното згрижување, со кое право ти некому му го ускратуваш правото на мислење засновајќи се на апсурдна логика “ не требало да ја засега Македонија“ како да судбината на Македонија и решавањето на секојдневните проблеми се оставени исклучиво во твои раце и ти си гаранција дека го знаеш најдоброто решение.
Доколку си човечна, не би посегнала по мерки кои би биле карактеристични за некои животни од дивината.
По тоа се разликуваат луѓето од животните, по нивната свест и должноста да се грижат за опкружувањето во кое живеат, вклучувајќи и ги животните.