Јас не сум за успивање на болните кучиња, мислам дека доколку се има волја може да се најде решение и за нив без вршење на “геноцид“ врз животинкиве.
Бесните кучиња исто така спаѓаат во болни, а тие не можат да се излечат.
Ал ко што пишав и претходно, животните во државава се на последно место и сега ценетата власт место да земе да решава посериозни проблеми-ќе праи масакр на уличните кучиња. Од такви имбецили не можеш да очекуваш да превземат нешто за да бидат излечени кучињата.
Плаќаш за да вдомиш куче, дури и ако нема никакво расно потекло. Ама, од друга страна - дури и домашните кучиња кои се опасни (големите раси), ги шетаат со некакво железно чудо на устата, затоа што ако каснат некого ќе бидат прогласени за побеснати и ќе ги успијат.

