Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    606
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Јас не сум за успивање на болните кучиња, мислам дека доколку се има волја може да се најде решение и за нив без вршење на “геноцид“ врз животинкиве.
Бесните кучиња исто така спаѓаат во болни, а тие не можат да се излечат.
Ал ко што пишав и претходно, животните во државава се на последно место и сега ценетата власт место да земе да решава посериозни проблеми-ќе праи масакр на уличните кучиња. Од такви имбецили не можеш да очекуваш да превземат нешто за да бидат излечени кучињата.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Пожелно е да се потенцира доколку е бесно, бидејќи претходно беа спомнувани кожно-болните изгладнети кучиња.

А дали и бесните сопственици треба да се успиваат?





Незнаејќи како да се ослободи од кучево, го обесил за врат во некоја шума.
 
S

Stefi070

Гостин
srcki mali, da mu se isusi rakata na tie so gi napraja vo vakva sostojba.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Како и во сите нормални ЕУ држави - не можеш ни куче ни мачка да најдеш на улица:) Плаќаш за да вдомиш куче, дури и ако нема никакво расно потекло. Ама, од друга страна - дури и домашните кучиња кои се опасни (големите раси), ги шетаат со некакво железно чудо на устата, затоа што ако каснат некого ќе бидат прогласени за побеснати и ќе ги успијат.
Фала, претпоставував. Ниту Луксембург, ниту другите градови немав видено. Но немав видено ни домашно куче без мрежа (со одредена големина) и газдата ако не ги собере лајната-ојде казна достојна за неколку плати.
Значи ако се споредуваме со тие земји...немаме шанси-ниту за човечките услови и институции.

И кучево е домашно, вакво нееемааа шанси да најдеш на улица. Јас знам повеќе случаи кај што домашно куче нападнало него улично.
Тоа треба да важи и за нив, мрежа. Ако недај боже гризне, готово е и за нив.

Абе успијте ги,неможам да возам точак,да трчам да играм фудбал и да јадам без да излезе некое и да почне да ме напиња со неговото лаење.Преку к**** од таквите.Тие што не се јебига,повеќе среќа нареден пут.
Возење точак (макар и за на пазар) наутро, навечер, трчање во моја населба е невозможно без да си спремен да фаќаш штрафта од разјарени кучиња. Зошто се разјарени, не ме интересира. Исто како што не ме интересира зошто криминалецот ќе ме покраде или скрши од мавање-битно ми е да го склонат. Дури и кај собрание гледав како преку ден му се пуштија на еден таксиста...среќа типот беше у такси :)



Дали на ова улично куче му е убаво на улица?
Ова куче, зависно од болестите, можда може да се излечи. Еве и Братото постирал за келувањето. Додека не се направи дијагноза (можда ветеринар и од сликава ќе каже во глобала што му е). Можеби е само кожна болест и неисхранетост, а можда веќе му некродирале и некои од органите. Тие што му е жал за кучиња, треба да му е жал и за ваквите. Мене не ми е жал само за здрав човек, жал ми е и за болен.
Но ако некое го прогласиш за агресивно и болно -за ликвидација-по дифолт тоа е нацистичка постапка-тие истото тоа го правеле. Полошо отколку да не се избира.

За Наташа (т.е. цитат од нејзин пост)
Затоа и културни ми е во наводници :) Не сме ништо понекултурни од Франција, Германија, Белгија... зошто и кај нас да не се организира?
Како што сфатив, другите земји го прават сосем истото за кое нас не колнат. Оние кои сакаат да присвојат, без многу помпа одат и присвојуваат. Оние другите (без разлика здрави-болни) ги тргаат од улица. Немам видено во некој таков град да има улични кучиња. Дали кастрираните ги пуштаат на улица? Пошто навистина нема ниедно куче. Ако не, каде ги носат?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Бидејќи шинтерските служби се приватни и лебот го вадат од отстранувањето на бездомните кучиња, истите тие служби ги враќаат назад кучињата на улица за да си овозможуваат работа од градот со нивно ангажирање. Барем кај нас колку што имам чуено порано, така стојат работите.

Скопје е мал град, кучињата скитници може многу лесно да се тргнат од улиците, но не секогаш личниот интерес се поклопува со јавниот.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
За Наташа (т.е. цитат од нејзин пост)
Како што сфатив, другите земји го прават сосем истото за кое нас не колнат. Оние кои сакаат да присвојат, без многу помпа одат и присвојуваат. Оние другите (без разлика здрави-болни) ги тргаат од улица. Немам видено во некој таков град да има улични кучиња. Дали кастрираните ги пуштаат на улица? Пошто навистина нема ниедно куче. Ако не, каде ги носат?
Не, кастрираните не ги пуштаат на улица, туку ги собираат и ги чуваат се дур не се јави некој и сака да ги посвои. Нема успивање на ниедно куче или маче...Во стационерите има од кучиња, мачиња, зајачиња, хрчаци... Е сега, тука (зборам за Германија) таа акција е фатена многу одамна, не се чекало да се наполнат 5000 во еден град и да се врши масовно истребување (а толкава е бројката нормално од нереагирање) туку од мала бројка со кастрирање и се намалуваат нели. Така да со годините и се исчистени градовите...сум одела на работа и во 4 сабајле ни пиле не пее :))) И сите кучиња немаат маска на уста, многу е мал бројот што го користат тоа.

Инаку пред некое време вртев да прашам дали имаат некое мало маченце, ми рекоа моментално немаме маче имаме само 4 кутриња и 2 поголеми (замисли ја бројката во пола милионски град)...а тоа доаѓа од тоа горе што го спомнав.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Инаку пред некое време вртев да прашам дали имаат некое мало маченце, ми рекоа моментално немаме маче имаме само 4 кутриња и 2 поголеми (замисли ја бројката во пола милионски град)...а тоа доаѓа од тоа горе што го спомнав.
Так, чудно мала бројка. У ствари како и да ги нема. Ама брзи се мачките, тешко се фаќаат :)
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Так, чудно мала бројка. У ствари како и да ги нема. Ама брзи се мачките, тешко се фаќаат :)
Моментално има 4 кучиња, 4 мачки и некое зајаче :))
Еве и линк ако ви е неверно :) Ќе стиснете кај Vermittlung со стрелката натака... Зачудувачки не? И тоа не верувам дека се фатени на улица, туку сигурно се дадени ако сопственикот неможе да го гледа понатака, дека се познава добро се негувани :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Моментално има 4 кучиња, 4 мачки и некое зајаче :))
Еве и линк ако ви е неверно :) Ќе стиснете кај Vermittlung со стрелката натака... Зачудувачки не? И тоа не верувам дека се фатени на улица, туку сигурно се дадени ако сопственикот неможе да го гледа понатака, дека се познава добро се негувани :)
Охооо, грешка. Мислев се работи за Скопје :) Девојче, јас живеам во Скопје, Македонија :) биг диф ренс :)

А кај нашле зајак, кај нас не стига до такви институции, тоа е најголемо богатство. Прво деца да си играат, а после тоа во тава.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Значи конечно,сите малечки кученца се вдомени.:)
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Не е муабетот за кај нас.:)
Не,не.:)
Она што сакав да го кажам е дека од стационарот Вардариште [ќe се поправам тука],дека поголемиот дел од малечките кученца се вдомени.
Другарка ми зборувала со некоја адвокатка Венера,неможев да разберам убаво за која точно станува збор и таа и кажала дека всушност на поголемиот дел од малечките им бил најден дом,со тоа што едното од нив умрело од некоја болест,а со други 2 незнаела што се случило.
Нивната мајка е сеуште во стационарот и ако не се вдоми набрзо,ќе биде успиена...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Не, кастрираните не ги пуштаат на улица, туку ги собираат и ги чуваат се дур не се јави некој и сака да ги посвои. Нема успивање на ниедно куче или маче...Во стационерите има од кучиња, мачиња, зајачиња, хрчаци... Е сега, тука (зборам за Германија) таа акција е фатена многу одамна, не се чекало да се наполнат 5000 во еден град и да се врши масовно истребување (а толкава е бројката нормално од нереагирање) туку од мала бројка со кастрирање и се намалуваат нели. Така да со годините и се исчистени градовите...сум одела на работа и во 4 сабајле ни пиле не пее :))) И сите кучиња немаат маска на уста, многу е мал бројот што го користат тоа.

Инаку пред некое време вртев да прашам дали имаат некое мало маченце, ми рекоа моментално немаме маче имаме само 4 кутриња и 2 поголеми (замисли ја бројката во пола милионски град)...а тоа доаѓа од тоа горе што го спомнав.
А значи тоа било работата, ти таму на сигурно во Германија си каде што нема кучиња по улиците а се караш за нашиве кучиња да останат на улица (демек многу загрижената за нив) за да не касаат...... ептен си хумана бе нема што:tapp:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А значи тоа било работата, ти таму на сигурно во Германија си каде што нема кучиња по улиците а се караш за нашиве кучиња да останат на улица (демек многу загрижената за нив) за да не касаат...... ептен си хумана бе нема што:tapp:
Филозофке, речи ми дека си била потполно свесна кога си го пишала постов!?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
А значи тоа било работата, ти таму на сигурно во Германија си каде што нема кучиња по улиците а се караш за нашиве кучиња да останат на улица (демек многу загрижената за нив) за да не касаат...... ептен си хумана бе нема што:tapp:
Имаш ти појма што значи зборот хуманост? Ако немаш тогаш не го употребувај. А и како би знаела што е кога си наклонета кон убиства :)) Абортус, успивање... што е следното правничке?
Охооо, грешка. Мислев се работи за Скопје :) Девојче, јас живеам во Скопје, Македонија :) биг диф ренс
Ме праша како е средено во Германија, фино лепо ти одговорив :) Да беше така немаше ни да се мачев ;)
21 година живеев во Македонија и уличните кучиња кои се врткаа по мене, никогаш не сум била нападната и немам некое лошо искуство, но тоа не значи дека и оправдувам да се шетаат слободно и се ствара неред. Со линкот укажувам како би требало да се среди проблемот, да земеме еден пример од државите кои се напредни, не само лошите работи да ги превзимаме...
И мислите дека инекциите кои ќе ги успиват се безпари? Не бе, пак од вашиот џеб ќе ги извади државата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom