Не сакам да е контрам со некои луѓе кои очигледно уживаат во тоа и само за таа цел се присутни по темиве. Не ми е јасно само една работа како некој толку ладнокрвно и без тронка жал може да напише вакви работи и да му мисли толку лошо на некое животно. Стварно не ги разбирам ваквите луѓе.
Мене не ми сметаат уличните кучиња, а и да ми сметаат сигурно никогаш, ама баш никогаш не би се согласила да се успијат (успијат е премногу благ збор за она што вие им го мислите и спремате на кучињата). И ајде сега, нас сите проблеми у државава ни се решени, рози ни цветаат, па ни дошло до јадните кучиња. Ке се успијат и што? Мислите дека проблемот е решен? За неколку месеци пак ќе има кучиња и вие пак ќе ги успивате и се така до недоглед... Можда некад и ке успеете да го уништите кучешкиот род. И што потоа? Сигурно пак нешто ке ви смета... па ајде уништете се живо и диво... И улични кучиња и мачки... и што више не... Мислам со вакви размислувања незнам до кај ке стигнеме сите.
За мене оној кој може да му посака и направи толкаво зло на едно животно не е човек. Ова е мое мислење, и никој од вас нема да ме натера да го променам. И кога подобро ќе размислам.... се гордеам со тоа што вака размислувам, зошто не верувам дека во едно куче може да има собрано толку многу злоба како во еден човек.