Чисто ради просветлување:Ма нема везе. Куче скитник нападнало детенце пред зграда. Не. Не смее тоа да се успие зашто не е човечки. Ке среди во шинтерница (вакцинација и остало) и после пак на улица ке напаѓа. Али важно е само да не се успијат.
Епа за такви кучиња барам да се успијат и сите потенцијални касачи поточно сите кучиња агресивни кои лаат по секој човек кој ке помине.Чисто ради просветлување:
Таквите кучиња ќе ги успијат, а нема да ги вратат на улица.:back:
Колку да се пишело нешто бе, а благе везе немате како стојат работите.
Добро, а кој ги брани агресивните?Епа за такви кучиња барам да се успијат и сите потенцијални касачи поточно сите кучиња агресивни кои лаат по секој човек кој ке помине.
Да, ме бркало и бев многу мала, ал не ги осудувам на смрт сите кучиња ради тоа што јас нозете не си ги осеќав тогаш кога успеав да избегам.изгледа на некои ги нема бркано куче едно 200/300 метри,искусете го ова,па после кажете дали е Во ред или НЕ!!!!!!!!
Кучињата со болестите што ги наброја ќе бидат успиени и вака и така. Јас од кога знам за себе галам улични кучиња, па не сум фатила нити шуга, нити беснило.Маwечко не би сакал расправи и делби на вие и ние. Сите сме жители на град, село...заедно ги делиме проблемите.
Само едно прашање. Дали сте информирани за можните заболувања кои како вектор може да ви ги пренесе куче (поготово улично, нетретирано со коктели од вакцини) или како вектор може да се пренесат од бубачките, а контејнерот да е кучето, мачката? Во овој контекст не мислам на оној материјал од биологија туку навистина комплексно читање за начин на пренос, симптоми, лекување (колку е можно-не сите болести целосно се лекуваат), последици и слично?
Ако веќе ги галите овие животни и имате поблиски контакти мислам дека здравствениот аспект би требало да го запазите заради себеси самите и оние околу вас. На пример за борелиоза, беснило... затоа што една плувачка, болва или гриз, загребување на кожата е доволно да се провлечат милиони микроби, а лекувањето на одредени инфекции е многу долго и мачно. Дури и самото исчекување на резултати дали некој е инфициран е многу тешко.
Значи сите сфативме дека нема пари државава,а и да има зошто би ги давала за кучиња мислам тие се сосема небитен фактор,нека ги убиваат баш им е гајле,нека гладуваат уште толку им е гајле,се занимаваат господата со „поважни“ работи.Мислам дека треба да се отвори некое специјално место за кучиња бездомници,кај што ќе ги смируваат и кој сака да може да посвои,ама сите стари и агресивни кучиња треба да се успијат
Мене јасно ми е дека уличните не се најчистите кучиња на светот и дека ако те касне, па дури и само ако те гребне може да се развие инфекција и триста глупости.Добро ако така сметаш. Според ова, не си информирана. Не си фатила што не значи дека нема да фатиш. Зависи од момент. Болните нема да се успијат затоа што зависи од симптоми, организмот, вид на микроорганизам, период на инкубација, заразливост (ова не знам како да го опишам)... и слично. Значи сепак треба да се информираш за да видиш дека не секое животно без симптоми е здраво. Напротив.
Едноставно некој што веќе има учено за тие болести, микроби, што има преживеано живот со дете, страв за фамилија, проблеми...каснувања... сака да ти пренесе нешто, а ти упорно одбиваш и велиш дека знаеш се. Никој, ниту докторот не знае се. Твој избор е дали ќе прифатиш совети од нас, од постари кои сме искусиле бааги повеќе од школска клупа и топла соба, но со таков однос кон неистомисленици се изедначуваш до оние кои велат "да се отепаат, згазат, изгорат...сите". Брат ми беше каснат, тоа беа танталови маки, додека да се утврди дека нема закачено нешто. Затоа е добро да се знаат сите аспекти на ова.
Кога ти ќе ми гарантираш со твој, со животот на твоето дете (како што кажа Лурц) и со животот на сите што ги сакаш - тогаш ќе подразмислам.Темава е за тоа дали да се успијат здравите кучиња, што не можат да наштетат на никого
Јес, имам лузна на нога. Парк, пред три години, додека си го шетав моето куче... Не ми фали ништо од телото најверојатно зошто поминаа едни двајца чичковци што почнаа да фрлаат камења и да викаат.Милион пати си поминала и те каснале, ти фали нешто од телото?
За да не ја изеде сестра ми кога ќе си игра во маало, за година две, кога ќе е поголемо. Следно прашање?