Алистер Кроули - најголемиот маг што било кога чекорел по земјава.
Ќе посочам некои детали од животот на овој гение за кои верувам дека малкумина имаат чуено.
- Во 2002 год. BBC спроведе анкета за 100 највлијателни Британци на сите времиња која ја опфати целокупната Британска јавност и траеше една година. Кога листата конечно беше готова на 73-то место се најде Алистер Кроули.
http://en.wikipedia.org/wiki/100_Greatest_Britons
- Проектот Монтаук (според местото каде бил изведен попознат како експериментот Филаделфија).
Во 1943 год. морнарицата на САД експериментира со бродот USS Eldridge со цел да го направи невидлив за радарите. Не само што бродот станал невидлив за радарите туку исчезнува во период од 4 часа од простор време континуумот заедно со целата посада. Кога после 4 часа се појавува, дел од посадата недостасува, некои биле мртви, дел целосно го изгубиле разумот а на некои телата им биле слеани со палубата на бродот. При експериментот настанало целосно разложување на комплетната молекуларна структура на физичките објекти и луѓето.Мозокот на целата операција е Алистер Кроули кој преку сексуално магички ритуал успева да го отвори порталот до друга димензија. Врз основа на сознаниата од овој проект подоцна започнува и Феникс експериментот.
http://www.v-j-enterprises.com/montauk.html
http://www.bibliotecapleyades.net/montauk/esp_montauk_7.htm
- Потопувањето на Луситаниа.
Според материјали од Американските, Британските, Француските и Италијанските архиви агентот на
разузнавачката морнаричка служба на Британија, Ѕверот 666 (Алистер Кроули) игра клучна улога при
потопувањето на Луситаниа од страна на германска подморница. На 7-ми Мај 1915 год. прекуокеанскиот брод Луситаниа испловува од Њујорк на пат до Ливерпул со 1995 патници и членови на екипажот. Во близина на брегот на Ирска бродот е погоден со две торпеда од германска подморница при што загинуваат 1198 патници. Тоа се смета за клучен настан со кој се свртува вниманието на меѓународната јавност кон Германските активности и главен повод за Америка да се вклучи во првата светска војна на страна на сојузниците. Со тоа се исполнува барањето на шефот
на британската разузнавачка служба Адмиралот Хол.
http://www.goddiscussion.com/10712/secret-agent-666-aleister-crowley-british-intelligence-and-
the-occult-2/
- Черчиловиот знак "V".
Откако во Јули 1941 год. Германската армија ја започнува операцијата Барбароса и несопирливо
напредува со помош на свастиката како моќен знак, сојузниците сфаќаат дека на тој знак мора да
одговорат со магички знак кој ќе биде противтежа на свастиката. Винстон Черчил бара од Кроули совет во однос на таков знак и по инструкции на Кроули го промовира "V" знакот.
http://www.spunk.org/texts/weird/sp001267.txt
Вие овој човек успеавте да го споредите со Ден Браун што навистина е :pos2:.