Дали би патувале 100 км до работа и назад?

  • Креатор на темата Креатор на темата Harko
  • Време на започнување Време на започнување
Се зависи како е организиран транспортот.

Ако е како во странство зошто да не? Чисти возови, ги имаш сите услови, исто како во авион па и покомотно. За 1 саат си до работното место. Ама овде во Македонија? Нема шанси да функционира тоа, освен ако ми е платен бензинот до работа!
 
И да ми е обезбеден превозот, сепак не би... 100 км би биле барем еден час возење до дестинацијата, значи дневно минимум 2 часа би трошел на пат, што на крај физички, но пред се' психички, целосно би ме исцедило. Со такво темпо не би можел долг период да издржам.:toe:
 
Понекогаш кога си идам од Скопје за Велес со возот во 15:30 да знаете само колку има гужва, тоа чудо некое.
Нема кај да застанеш не па да седнеш, пола Велес работи во Скопје и секојдневно патува.


АУУУУУУУУ

:kafe:кој доживљај е леле....:vozbud:

и јас патував две години ама намерно не седев..абе...не знам:toe:

како да опишам...ама ми фали тоа време....ееејјј од 4 ипол сабајле станував па кафе па таман на железничка тогаш имаше еден сабајле у 6....ццццц не знам не можам да опишам(уметничкото изразување односно тој дел на мозокот е слабо развиен):(

ама..ако ке биде пак!!!!:helou:

и не е никаков проблем 100км бе па има луге и фазла патуваат нема шо да се кука ако прифатиш работа и дадеш збор тогаш гет ит дан

И да ми е обезбеден превозот, сепак не би... 100 км би биле барем еден час возење до дестинацијата, значи дневно минимум 2 часа би трошел на пат, што на крај физички, но пред се' психички, целосно би ме исцедило. Со такво темпо не би можел долг период да издржам.:toe:

Лажеш:wink:

шо убава поезија пишеш а ваму се исцрпуваш психички за еден саат:toe:
 
Кога работев во Прага секој ден патував од станот до работе 18 КМ а ти 18 КМ во граската гужва ми се чинеа како 100 извозени на автопатот.
Секој кој што патува на работа не го прави тоа зошто сака туку зошто мора,не мора секогаш да ја гледаме финансиската страна туку мораме да работиме за помали пари ама со надеж дека патувајќи ќе се запознаеш со некој и преку ќе ја смениш работата?
Кој живеел во гнилиот капитализам знае што сакам да кажам! :smir:
 
Лажеш:wink:

шо убава поезија пишеш а ваму се исцрпуваш психички за еден саат:toe:

Аууу, благодарам:pipi:... Но ете, баш затоа, ми треба да сум одморен за да ја пишувам таква каква што си ја читал :D. Но шала на страна, многу време зема тоа од денот, рачунај и дека ако патуваш така секој ден, СИГУРНО порано ќе легнуваш навечер како резултат на замор... Не знам, некако не ми се допаѓа варијантата.
 
Би се возел. Со платени трошкови, башка да имаш среќа да ти се погоди патот. Па и не се многу 100 км.
 
Со добра патна мрежа и организиран превоз, и не се многи наведените километри, би прифатил да патувам.
 
Не се мери така! Македонија е мала земја и параметрите за растојание соодветствуваат на габаритите на земјата. Така да 100 км кај нас се сфаќаат како 300-400 во земја со нормална големина.
Одтука нема ни економска ни морална оправданост за таков вид екскурзија , иако познавам такви случаи сепак мислам дека не е исплатливо.:toe:
 
Нормално зависи пред се' од видот на работата и до тоа колку е платена. Секако и од инфраструктурата, од видот на превозното средство итн. На пример овие професорите по факулетите како патуваат секој втори ден по другите градови каде што имаат предавања.
Мене не ми пречи многу патувањето, меѓутоа 100 километри се многу, еве да речеме работа на оддалеченост од дома од 30-50 би можела да прифатам, меѓутоа за 100 км дневно да патува не ми се верува дека еден обичен човек би се нафатил, не барем кај нас.
 
Познавам многу луѓе кои секојдневно мигрираат до своето работно место кое често пати се наоѓа и во друг град.Ситуацијата е таква затоа што денешните услови се многу тешки.Кризата се повеќе зема замав, така да луѓето прифаќаат било каква работа што носи редовна плата.Патувањето секојдневно дури по 100 километри веќе не е новина.
Лично би прифатила таква работа кога би било добро организиран превозот, подмирени патни трошоци и солидна плата.
 
Да,на шајка прав автопат со возило со просечна потрошувачка од 4-5 литри гориво и лента со нелимитирана максимална брзина (како што е моментално 120).За пола саат (а можда и помалку) на работа си,полн со адреналин.Поарно од тоа,здравје :smir:
 
Да, доколку ми се покриени трошоците за патување и доколку неможам да најдам толку добра работа на помала оддалеченост:)
 
Ако ми платат гориво нема проблем. Моментално патувам 14 км дома работа дома.
 
ОК, патувањето од 100 км дефинитивно е заморно и претежно луѓе од внатрешноста патуваат во Скопје каде што нашле работа. Но што ако живеете во Скопје и одеднаш ви се понуди работа со плата од да речеме 100.000 денари во град во внатрешноста (оддалечен 100 км или еден час возење до работа и назад). Ви ги имате следниве можности:
1. Да изнајмите стан во градот каде што е работата што ќе ве чини 5000-6000 денари месечно и да претстојувате таму од понеделник до петок а ќе си одите дома за викенд. Во тој случај ќе заштедите многу пари и енергија (да не зборувам за безбедноста бидејќи нема да се возите секој ден натаму/наваму). За возврат ќе пропуштите многу театарски претстави, концерти и слични настани што се случуваат во текот на неделата во Скопје а ги нема во градот каде што работите.
2. Да се возите секој ден до работа и назад. Ќе потрошите 20.000 денари за бензин и ќе се „мрцварите“ по патиштата но кога ќе се вратите дома ќе имате можност да отидете во град и да се видите со пријателите или да фатите некој настан што инаку би го пропуштиле (под претпоставка да имате уште енергија за тоа). Што би одбрале вие?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom