Дали директноста е непристојна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување
Ponekogas koga gledam deka vo puli oci pokusava nekoj da me zeza,laze e togas mu pleskam se bez da vnimavam a nekad znam i da se zadrzam od komentari podobro e zasto ima nerazbrani luge i ednostavno klikam kaj mene OF sami si zborat sami si slusaat sami si se lazat :vozbud: najdobar ignore e toa
 
напротив мислам дека треба секој еден човек да биде директен . да го каже тоа што го мисли тогаш а не да ќути, и после дома да се јаде самиот себе си или блиските околу него зошто не кажав зошто така зошто вака. јас сум директен кажувам што мислам в лице на секому и мислам дека така е правилно сите да прават
 
Директна сум,но не секогаш.Не пренесувам секакви вести директно,некогаш знам да извртам скроз многу па дури после подолг период да го кажам што сум го планирала.Тоа било сигурно така затоа што не сум сакала да навредам,повредам некој близок.За се има начин па така да за тие лошите работи не го практикувам директниот.Да се разбереме не велам лажење,туку само ублажување на тоа што треба да се каже.
Со оние кои што не ми значат сум директна и тоа многу,не ми е важно дали ќе се навредат или не,во тие моменти единствено важно ми е да си го искажам своето мислење.Од страна гледано делувам на тежок идиот и на човек без чувства па во последно време пробувам и за тоа да се исконтролирам.Не изгледа убаво во секој случај...
И да непристојна е како во вториот мој случај...
 
Секогаш сум искрен.Неможам да кутам кога некој ме нервира.Дали близок или далечен кога имам нешто да кажам си кажувам.
 
Можеби во некои ситуации и е непристојна, но сигурно е побезболна и помалку иритирачка.
 
Поистоветувањата не секогаш се издржани... Што е со оние што споро капираат? Ако не си спремен да изгубиш ден во објаснување, директноста е прилично рентабилна.:smir:
Од друга страна знае да биде некултурна и навредувачка.
Заклучок: дистинкцијата помеѓу одговорите да или не се распознава со основна култура и домашно воспитување.:toe:
 
Се во фаца,ама буквално се си кажувам.Било убаво,било грдо,било пцовки,било извинување.И многу поштувам директни луѓе,особено оние кои негативното го вадат на маса ако е реално кој другите го преќутуваат.Пример:фризурата на некој му е очајна,десет души ќе му кажат па добро е,па фино е,лицемерие.Абе кажи му на човекот дека му е очајна,ќе си ја смени,подобро за него:)
Затоа мене луѓето или ме сакаат или ме мразат,нема златна средина.Поарно, и така добивам нагон да ги убијам лицемерите :)
 
Како `растам` сфаќам дека `се помалку постигнувам со доброто домашно воспитување. Па да не се налути, па да не се навреди, да не ме сфати вака, да не ме сфати онака, да не бев премногу груба, и додека јас се нервирам и рационализирам другиот `го боли` за тоа што сум кажала. А зошто? Затоа што ги пораснал моите дилеми и работи само по прагматичниот принцип на извлекување на максимун бенефит од секоја ситуација, а јас си фурам принцезичка филм а од друга страна ич не си се допаѓам самата себе. Си се лажам самата. Дирекноста ти била многу фер и фин принцип, и планирам да ја вежбам најискрено колку и да ми е болна, се надевам дека ќе ја издржам.
 
Пробај со селективна директност, ко за почеток. На оној кој знаеш дека може да издржи секаква критика и истовремено да ти ја сфати суштината на кажаното, воедно и намерата, му се настапува директно, без штедење.
Оној кој знаеш дека со себе си носи некои (ај да ги наречам) комплекси - внимателно, полудиректно, додека не го истренираш. :)

П.С. Не ми беше намерата тебе да те "посоветувам", само ми се погоди твојот пост. :smir:
 
убаво е да си е човек директен и искрен мегутоа мислам дека секогаш треба да внимаваме дали соговорникот е спремен на нашиот директен пристап. Исто многу битно е и ситуацијата и околината во која ке се најдеме. Не е баш културно кога ние по цена не се ке останеме директни со сите наши мисли што ни се вртат по главата. Ај баш да се ставиме во ситуација кога некој што не бира место и време, решава да биде директен и искрен со нас? Тоа значи еден куп критики кои ке треба да ги прифатиме без оглед на се. Јас не сум спремна да слушам критики секогаш и секаде. И од секого. Непристојно е. Барем за мене.
 
Дефинитивно е дека една работа кажана со различни зборови,различни во поглед на квалитет и квантитет, различно се сфаќа. Затоа, ако образложиме нешто(за што ни е потребно повеќе време) ние се грижиме за соговорникот, за неговите чувства, за тоа како ќе не` разбере. Спротивно на ова, директноста говори или за нетрпелив карактер, или за намера да се повреди некого. Ја ценам директноста во смисла на директни разговори. Значи, да се разговара тет а тет, а не преку тех-лудило чуда.
 
Се во фаца,ама буквално се си кажувам.Било убаво,било грдо,било пцовки,било извинување.И многу поштувам директни луѓе,особено оние кои негативното го вадат на маса ако е реално кој другите го преќутуваат.Пример:фризурата на некој му е очајна,десет души ќе му кажат па добро е,па фино е,лицемерие.Абе кажи му на човекот дека му е очајна,ќе си ја смени,подобро за него:)
Затоа мене луѓето или ме сакаат или ме мразат,нема златна средина.Поарно, и така добивам нагон да ги убијам лицемерите :)

Ааааа...
Имам една другарка што неодамна имаше изјава кон трето женско: „Што ти е со косата, ко да имаш мртво животно на глава....“
Види.... Потресно е да се слушне! Нејќам некој така да ми се сипа (башка во моментов си помислив-мојата фризура е бетер...):toe:
 
Другарка ти пак фина испаднала,а и што има врска малку шала:smir:
 
не е пристојна...но е подобро е него празни и извртени реченици и пак да неможиш мисла да најдиш...најубаво: тоа и тоа в лице и ајт со здравје
 
според мене-не е непристојна...така барем ќе знајш на шо си со чоекот. ќе ти кажи в лице шо му смета,а шо не му смета кај тебе или воопшто кај која било личност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom