Никогаш не ни е дадено повеќе од колку што можеме да поднесеме?!

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Дали?
Колку е ова вистина?
Всушност колку ние можеме да поднесеме од секојдневните предизвици и непредвидени ситуации што ни ги приредува животот?
Која е границата и вистинското време да кажеме: ДОСТА Е,НЕМОЖАМ ПОВЕЌЕ ДА ПОДНЕСАМ?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Никогаш не ни е дадено повеќе одколку што можеме да поднесеме?!
Некој за ова рече - затоа ли лудниците се толку полни?
Би сакал барем да верувам дека го добиваме тоа што го заслужуваме, на овој или оној начин, дури и да не сме го направиле тоа никому, за наше калење. Во секој случај цврсто верувам дека ништо не може да го скрши човечкиот дух, иако наизглед така делува.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Во секој случај цврсто верувам дека ништо не може да го скрши човечкиот дух, иако наизглед така делува.
Тогаш зошто луѓето се самоубиваат? За мене самоубиството е слабост но сепак е еден вид на “неподнесување“ на реалноста и ударите од животот и еден суров начин на кажување:доста е.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Тогаш зошто луѓето се самоубиваат? За мене самоубиството е слабост но сепак е еден вид на “неподнесување“ на реалноста и ударите од животот и еден суров начин на кажување:доста е.
Можат само телото да си го убијат :) Не и тоа што не може да умре.
Но тоа е за друга тема и работа на лично верување.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Животот не е фер, за некои е прекрасна градина, за други е пекол, животот е константна борба и вечно страдање, треба да се издржи и треба да се бориме, но јас не ги осудувам самоубијците, пред да осудиш застани! размисли зошто и тебе ќе ти се суди.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Животот не е фер, за некои е прекрасна градина, за други е пекол, животот е константна борба и вечно страдање, треба да се издржи и треба да се бориме, но јас не ги осудувам самоубијците, пред да осудиш застани! размисли зошто и тебе ќе ти се суди.
Не ги осудувам.
Беа спомнати само во контекст на она што го напиша Cool Hand Luke дека цврсто верува дека ништо неможе да го скрши човечкиот дух,ги посочив само како пример ништо повеќе.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јас верувам дека навистина ни се дава колку што може да издржиме. А, можеме многу. И баш у она што го сметаме за тешка ситуација гледаме дека тоа е така.

Границата пак, која вика доста е, не можам да издржам повеќе, си ја ставаме ние.
Едино телото може да се предаде, а тогаш се умира, и веќе ништо не е важно.
Духот пак, ја има способноста да преброди се.

Патем, исто сум убедена дека се што животот ни сервира е лекција, пат за прогрес. Затоа што, без лекции затупавуваме и не растеме.

Инаку, ги споменавте и самоубиците...Сметам дека тие луѓе не ја гледаат можната лекција. Се убедуваат дека ова е се што можат да издржат, и креваат раце. Ниско си ја поставуваат границата.
Али јеби га, тоа е. Не сечија сензитивност не се поклопува со можноста да учи.
Лично ептен ги разбирам и знам дека не само што немам право, него немам ни зошто да ги осудувам.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Не ги осудувам.
Беа спомнати само во контекст на она што го напиша Cool Hand Luke дека цврсто верува дека ништо неможе да го скрши човечкиот дух,ги посочив само како пример ништо повеќе.
Апсолутно не мислам дека ги осудуваш :) само сакав да посочам дека никој не треба да суди на никого зошто секогаш постои можност да се најдеме во истата ситуација како и тој што сме го осудиле, каде што можеби би го избрале и истиот избор, па потоа нас некој ќе ни суди исто како што ние сме суделе.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Можеме да поднесеме точно онолку колку што поднесуваме.
Ако некој се скрши на одреден притисок тоа е неговиот праг на толеранција. Значи, воопшто не верувам дека добиваме помалку отколку што можеме да издржиме.
Огромен е бројот на луѓето што се изгубиле себеси поради различни причини.
Голи Оток и Аушвиц освен големи фабрики на физичката смрт биле и мошне ефективни убијци на човечкиот дух.
Војни, најразлични болести, тешки животни околности или ја трансформираат човечката психа до непрепознатливост или ја уништуваат. После тоа останува само празнина, илузија за победено искушение.
Никогаш не ми се допаѓало кога други одлучуваат и судат што се некој може да поднесе.
 
А, сеуште има многу примери на луѓе кои после такви искуства се издигнале како Феникси.

Како што реков, телото може да се скрши и има свој праг. Духот, не.
Ние сме тие кои му ја даваме дозволата до кај може да оди. Од нас зависи, не од надворешните околности.
 
Во некои режими (комунистичкиот, фашистичкиот и др.) од кршењето на духот е направена вистинска уметност. Доволно било само некој некому да му посвети доволно „внимание“. Се разбира некои успешно се справиле со таквата ситуација, но не и повеќето. Тоа не значи дека тие што потклекнале се кукавици, слабаци и слично, туку дека понеле товар потежок од нив - што е всушност мојата поента.
 
Никако не велам дека се слабаци, кукавици и сл.
Тие само донеле одлука (потсвесно) до кај може да истрпат, која е апсолутно оправдана, затоа што е нивно право.

И да, психолошката манипулација и тортура у таквите режими е и фасцинантна поради својата моќ. Но, сепак, ни нејзината моќ не е апсолутна, затоа што духот на човекот, секогаш, макар и покрај најсуптилните методи за контрола, е безграничен и не може да се обузда целосно.

Јас само велам дека потенцијалот го имаме. Прашањето, или ралзиката лежи во тоа колку потсвесно одбираме да го шириме и користиме (а, тоа зависи од многу причини).
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Не верувам баш во ова,зашто има многу што не поднесле тоа што требало да го поднесат,не онака како што требало.
Телото може да се скрши да,но се крши и духот,понекогаш уште полесно.

Огромен е бројот на луѓето што се изгубиле себеси поради различни причини.
Голи Оток и Аушвиц освен големи фабрики на физичката смрт биле и мошне ефективни убијци на човечкиот дух.
Војни, најразлични болести, тешки животни околности или ја трансформираат човечката психа до непрепознатливост или ја уништуваат. После тоа останува само празнина, илузија за победено искушение.
На овие изгледа им било дадено повеќе од тоа што можат да поднесат.
Не верувам дека "тоа што нема да ме убие ќе ме направи посилен",важи за сите.Некои не ги убива,но ги остава сакати,парализирани,деформирани...

Границата колку можеме да поднесеме ја поставуваме ние,но понекогаш не зависи од желбата да се продолжи понатаму,туку е надвор од нашите свесни контролни механизми.Различна е кај секого,но постои исто така кај секого,и ако се пречекори последиците се секогаш неизбежни.Не мора да бидат фатални и не секоја духовна деструкција значи самоубиство,само на некои им успева да пронајдат начин да преживеат со помалите или поголемите дефекти,а некои не.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дали?
Колку е ова вистина?
Всушност колку ние можеме да поднесеме од секојдневните предизвици и непредвидени ситуации што ни ги приредува животот?
Која е границата и вистинското време да кажеме: ДОСТА Е,НЕМОЖАМ ПОВЕЌЕ ДА ПОДНЕСАМ?
Сакам да верувам во тоа, ама едноставно не можам. Добро, зависи што се подразбира под тоа можеме. Дали е премината границата кога се нервираме, кога паѓаме во депресија, кога не го сакаме повеќе животот, кога стануваме рамнодушни кон се` и секого или па кога крајно посегнуваме по нашиот живот?
И да, што кога цело тело и душа громогласно ни извикуваат дека е доста и не можеме повеќе да поднесуваме? Можеби некој некогаш ја почувствувал таа граница, но, што тогаш? Наеднаш се` прекинува и се враќаме во тие убави моменти во кои можеме нормално да живееме? Значи што ако го знаеме времето, што тогаш?

Некој за ова рече - затоа ли лудниците се толку полни?
Би сакал барем да верувам дека го добиваме тоа што го заслужуваме, на овој или оној начин, дури и да не сме го направиле тоа никому, за наше калење. Во секој случај цврсто верувам дека ништо не може да го скрши човечкиот дух, иако наизглед така делува.
Јас цврсто верувам дека е обратно. Многу работи можат да го скршат човечкиот дух, иако наизглед не делува така.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Мислам дека човекот може да издржи прилично многу, и дека граница на полудување нема. Постои само лабилен или цврст карактер, во зависност од тоа како бил граден, негуван и одржуван. Некои од нас на првото одземање играчка од раце стануваат шизофренични адолесценти, некои од нас поминуваат на военото поле со мртви соборци и излегуваат вистински дедовци на своите внуци.

Сите сме од Бога направени со глина, велат, но се гледате себе си како сушени на сонце или во подрум?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom