ја се имам качено до ПД(планинарски дом) Чеплес,тоа е на околу 3 часа под Солунска глава...Има 2 патишта до горе,преку сечата(стрмно право нагоре),или преку патот за камиони што сечат дрва(заобиколница)...Сечата е каде-каде поопасна ама и пократка....Локацијата е прекрасна,се качуваш до чеплес и околу тебе не гледаш ништо освен планините и шумите...горе има една многу убава појава,ако се загледаш во далечината,ти се чини дека гледаш преку камера,и цел поглед ти се зумира!неверојатно!-Изгледа така е поради маглата....
-Иначе за патот...
-Со воз се оди до Богомила,или пак до
Нежилово(необележана станица,ама возот запира) и се навлегува во планината,малку погоре има патоказ за СЕЧА или ЗАОБИКОЛНИЦА....си бираш од каде се искачуваш...од Богомила не би препорачал да оди некој што нема кондиција,оти ќе пцовиса додека се качи до солунска глава...од
нежилово е поблиску,попримамливо е...ПД Чеплес има околу 60тина легла,ама се надоградува сеа,и ќе збира околу 150 легла...патот до чеплес(дрвата) се обележуваат редовно,така да не е лесно да се изгубиш...Горе е ужасно ладно,ама во кујната на ПД е секогаш топло,има телевизорче,шах,карти,интересно е
....Следниот пат кога ќе одам за Чеплес(до сега 2 пати бев,еднаш во ноември,еднаш март мислам) ќе се качам сигурно до Солунска глава..
-За тие што сакаат да одат до солунска глава нека си одвојат 3 дена најмалку...еден-качување до чеплес и спиење,втор качување до солунска глава и назат,и трет симињање од ПД Чеплес...Викаат дека горе на Солунска Глава имало воена База(да да,вистина е)и дека е забрането БИЛО КАКВО СЛИКАЊЕ!...точно е тоа дека светлата од Солун се гледаат,ама САМО НАВЕЧЕР...ааа да,од Чеплес до Солунска глава има најмалку 3 часа пешачење,што кога веќе ќе тргнеш,нема да ти изгледаат многу...ќе уживаш во пешачењето
....ќе ви ставам слики од чеплес,сега лимитот ми е поминат