Кавга со партнерот во друштво

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Лани кога бев на одмор, несакајки ја слушав караницата на двајца партнери, бидејќи беа веднаш до нашиот балкон, на неколку метри беше нивната тераса, гласно разговараа за тоа дека девојката многу трошела итн. Со нив беше уште еден пар и тие другите ги наведнале главите и ќутат...:pos2::pos2::pos2:Може два саати се расправаа пред публика се додека не си легнав ги слушав...Признавам ми беше малку интересно, само не би сакала тоа на мене да ми се случи:jaj:
 
Најглупо нешто, не толку за околината ( и така се сеирџии) колку за парот.
 
Многу се смешни и глупави таквите расправии. Јас колку и моментално да сум му лута на пратнерот собирам сили и стискам заби, за после на само да му се истурам:) а не да правам сцени пред било кој друг. Мислам стварно се незгодни тие ситуации бидејќи сум присуствувала на караници на парови и многу нелагодно сум се чувствувала.
Едноставно лош впечаток се ствара, кој лесно може да прерасне во предмет на потсмев.
 
Никогаш не ми се случило пред друштво да се карам.Знам дека понекогаш ми вриело од толку што сум била лута али ни ја самата незнам како сум се воздржувала да кутам.Ипак не сум сакала да правам циркуси па колку и да ми е било тешко сум стискала заби и сум замолчувала.
 
Никогаш не ми се случило, зашто гледам тоа да го избегнам. Ако вријам и не можам да ја воздржам, ја носам на страна, за да се расчистат приватните работни приватно. Инаку, се обидувам да се пошегувам на таа сметка, за да биде интересно за друштвото, кога веќе и тоа мора да знае. :)

Апсолутно го делам мислењето на Крусер. Нејќу некоја шо дига џева, нејќу и некоја шо се расприкажува наоколу. Па така коа сака да сподели нешто заедничко и со другите продолжувам и ја вртам на шала работата. Најчесто ваквите се покажуваат уште после две-три недели, така да филтрите ќе проработат и чао-пријатно.
 
па рече и други луге...освен ако биле нелуге:toe:
 
не се карам,, сленгувано од србишта има друга конотација ама и за неа важи, на јавно место.......без потреба. шамарањето е за по дома ))))))))))
 
Многу сељачки момент е да се фатиш за гуша со партнерот во јавност. Почнувајќи од луѓе што не ве знаат, па до луѓе што ве знаат ко нивниот десен џеб.

Никогаш не сум изнесувала наши проблеми или моментално незадоволство пред друштво. Не сакам да настане непријатна ситуација и сите да гледаат што побрзо да си отидат, нити па сакам да се осеќаат како да се дел од нашата врска.

Неретко се случува да слушам драња под прозор во ниедно време, у стилу на “Не сакам веќе очи да ти видам“, “Мрш, пијаницо една“ итн.
Го сфаќам гневот... ал нек си го изразат во кревет, а не пред цело маало.
 
Мислам дека такви ситуации се неизбежни и секој од нас доаѓал во таква ситуација од разни причини, па луѓе сме и тоа живи луѓе со сите нишани. Она што е побитно, колку брзо сме излегле од таа ситуација и дали партнерката/от доволно добро разбрале кога и како вешто да се надмине таа ситуација и да се реши на некое помирно место. Не кријам дека доаѓало до такви ситуации, но многу брзо сум или партнерката ја стопирала започнатата кавга (недоразбирање) и сме ја решавале подоцна. Никогаш не сме дозволиле да бидеме центар на внимание или на потсмев. Инаку сум бил сведок на многу кавги кои намерно се иницирале помеѓу двајца како резултат на потреба од наша помош неможејќи самите тие на само да најдат решение. Таквите кавги секогаш биле театрални и наменски. Сум бил и сведок на кавги каде што сум можел да помогнам и сум се обидувал да помогнам онолку колку што ми дозволувало моето убедување до каде е мојата помош. Се на се како и сите вие животот таков каков што е ни ги нуди сите искуства па и ова од сите аспекти.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom