Здрава економска политика Владините автобуси со енормни цени корупција или?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Е да, ама македонците немаат помош од еу како што имаат грците. Претходно и ја ги мислев поинаку. Кога идевме за Сарти градеа пат, кога се враќавме (негде 10-12 дена) патот беше во употреба. Ги мислев многу способни, но... прочитав баш тогаш во весник дека од еу земале помош (не кредит) од 20 или 21 милијарда (марки евра не се сеќавам). Со толку пари...

Вработени во битолската железница сметаа дека ремонтот на пругата може да се направи само за два месеца, за што се потреби над 10 милиони евра.
Ако за тргање на калта и тревата (од шини кои не се користат цели 18 години, што значи дали и има потреба) волку пари требаат, тогаш набавката на автобусите за Скопје е џабе.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Абе дефинитивно ќе биде атракција, но нели прво треба да се напунат рупине, замисли ги оние на втор спрат. :pos2: аааааааа Или пак децана кога ќе идат у школо, па тоа бре брате све има да биде испошкртано.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
замисли ги оние на втор спрат. :pos2: аааааааа
Коментарите во стилот -мајсторе не возиш компири- на спрат ќе ги има повеќе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Даблдекерите со двојно помал капацитет од старите автобуси на ЈСП



Постојниот возен парк превезува 40.000 патници, a новите автобуси само 24.600

Новите 300 двокатни автобуси, што ќе ги набави Владата за да го обнови возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие, ќе имаат помал капацитет отколку сегашниве стари возила. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека еден даблдекер ќе има 82 места, од кои 21 место ќе бидат за стоење. Наспроти новите, сегашниве стари единечни автобуси, со просечна старост од 17 години, имаат капацитет да примат по 100 патници и 30 места за стоење. Во зглобните автобуси има место за двојно повеќе патници, односно 200 места. Математиките говорат дека ЈСП со возен парк од 400 автобуси кои, како што велат од претпријатието, постојано се подготвени да бидат на линија, сега превезува 40.000 патници, а со новите 300 даблдекери ќе можат да се опслужат 24.600 патници. Ова доволно зборува дека јавниот превоз во Скопје и натаму ќе колабира, а згора на се', се нема визија ниту за зголемувањето на бројот на жители.

Од претпријатието коментираат дека, и покрај староста на возилата, од вкупно 400 возила, колку што има во нивниот возен парк, 260 возила постојано се на трасите низ градските улици од понеделник до петок, а со летниот возен ред, кога ги нема учениците, сега во саботите и во неделите, нивниот број е редуциран и активно се вклучуваат само 150 возила. Пред пристигнувањето на новите возила за претпријатието ќе биде важно да ги направи сите подготовки околу подигнувањето на височината на гаражите, пералните за возилата и, најбитно, нивните возачи навреме да ја поминат обуката за управување на двокатните автобуси.

„Според техничките карактеристики на автобусите, кои треба да ги изработува кинеската компанија ’Џенгџоу Јутонг‘, тие ќе примаат најмногу 82 патника. На горниот кат овие возила ќе имаат 39 седишта. На долниот кат има 18 места за седење и 21 место за стоење. Тука се предвидени и три седишта на преклопување. Наспроти тоа, 260 единечни автобуси на ЈСП собираат по 100 патници, а во 93 зглобни автобуси можат да се превезат и по 200 лица. Тоа доволно кажува дека новите двокатни автобуси, не само што нема да не' спасат од секојдневните турканици во јавниот превоз, туку уште повеќе ќе го зголемат проблемот. Условно речено, за да се избегнат турканиците, наместо на десет минути, веројатно двокатните автобуси ќе мора да поминуваат кај постојките на пет минути за да можат да соберат поголем број патници“, објаснува Александар Бошковиќ, генерален директор на ЈСП „Скопје“.

Од претпријатието додаваат дека дневно 220 автобуси сообраќаат на 70 линии и потенцираат дека првите 100 автобуси, кои ќе пристигнат во септември наредната година, ќе бидат вклучени на пофреквентните градски и приградски линии. Еден даблдекер чини 180.000 евра, без вклучен данок и царински давачки.
Ако покрај овие двокатни, дополнително се направат напори да се постави во парк статуата на Петар Пан, како Лондон ќе станеме :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Мал апдејт на активностите околу набавката на автобуси за Скопје
ПАРТИЈАТА ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА ОБВИНУВА ЗА СКАНДАЛОЗНА НАБАВКА
Да се поништи тендерот за двокатни автобуси Еден кинески двокатен автобус, според Ден Дончев, не може да чини повеќе од 85.000 евра, а Владата за еден даблдекер е подготвена да плати 170.000 евра


Партијата Обединети за Македонија вчера го обвини Министерството за транспорт и врски дека направило скандалозен тендер за набавка на 302 двокатни автобуса, на кој доби кинеската фирма „Јутонг“ и побара Владата да го поништи.

- Така ќе се заштедат најмалку 25 милиони евра народни пари. За нас не е важно како Владата ќе го поништи тендерот. Зел некој провизија или не, овие автобуси се прескапи за Македонија - изјави на вчерашната прес-конференција заменик-претседателот на партијата, Ден Дончев.Според него, производството на еден автобус со „МАН“ ЕУРО 5 мотор и со увозни делови од Европа чини околу 120.000 евра. Дончев посочи дека двокатен кинески автобус без мотор е 35.000 евра, а ако во цената се пресмета и вградувањето на „камингс“ дизел-моторите што ги задоволуваат нормите ЕУРО 5, тогаш се доаѓа до сума од 55.000 евра.

- Ако на тоа се додадат уште 20.000 евра за екстра-трошоци по автобус и уште 10.000 евра за транспорт до Македонија, се доаѓа до вкупна цена од 85.000 евра за еден автобус. Каде е разликата до 170.000 евра, цена што ја понуди кинеската компанија што ја доби набавката? За 302 автобуса разликата е 25 милиони евра. Каде ќе завршат тие пари - праша Дончев.Од партијата изразија сомнеж околу најавената жалба од бугарското претставништво на второрангираниот кинески производител на автобуси.

- Според наши информации, ист скопски бизнисмен стои зад двете кинески понуди. Можеби преку оваа жалба ќе следува обид да се поништи тендерот по навидум легален пат - рече Дончев.

Тие го повикаа министерот за транспорт Миле Јанакиески да го однесат во Кина за на самото место да преговара со тамошните производители на автобуси околу цените.

- Целта е да докажеме дека максималната цена за ваков автобус не може да биде поголема од 90.000 евра, да заштедиме буџетски пари и да спречиме обид за тежок криминал - рече Дончев. Министерството за транспорт и врски експресно реагираше на обвинувањата.

- Веќе еднаш го повикавме Ден Дончев, доколку навистина има сознанија и располага со докази, да ги достави до Јавното обвинителство. Во спротивно, ќе го сметаме за соучесник во зделка што нам не ни е позната. Во име на интересите на граѓаните, го повикуваме да ги обелодени доказите - стои во реакцијата од Министерство.Оттаму бараат Дончев јавно да одговори дали е застапник на фирма-производител на автобуси.

- Ако е упатен во бизнисот со автобусите, нека каже зошто не се пријавил на трите јавни повици и да ги понуди цените што ги презентира. Дали тој се договарал со фирма-производител на автобуси за провизија, доколку постојниот тендер биде поништен. Ако станува збор за лични шпекулации, јавно да се извини за изнесените невистини и да престане да ја замајува јавноста со невистинити обвинувања за дневнополитички профит - велат во Министерството.Оттаму додаваат дека од четирите компании што доставиле понуда, само компанијата „Јутонг“ ги исполнувала пропишаните критериуми.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Запрашај се зошто Ден Дончев со крв го брани својот став, а никаде не спомнува каква ќе биде последицата од изнесување на парите од земјата која е единствена точка за која треба да се дигне револуција.
Колку матни луѓе имаат македонско државјанство....
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Запрашај се зошто Ден Дончев со крв го брани својот став, а никаде не спомнува каква ќе биде последицата од изнесување на парите од земјата која е единствена точка за која треба да се дигне револуција.
Колку матни луѓе имаат македонско државјанство....
da ne se povtoruvam..no.................. samo zidce, trojca sudii, zapisnicar, dovolno municija i normalno psihicki pripremen vod so barem dve zameni... :) ne deka ke resi nekoj problem na vo momentov zivite Makedonci i Makedonki, ama barem kejfot ke bide golem.....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Запрашај се зошто Ден Дончев со крв го брани својот став, а никаде не спомнува каква ќе биде последицата од изнесување на парите од земјата која е единствена точка за која треба да се дигне револуција.
Колку матни луѓе имаат македонско државјанство....
Уф, не знам стварно. А хинт?
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Јавна тајна е дека тендерот е наместен некој дебело да се офајди, и намерно се одбива понудата на македонскиот преоизводител како неквалитетен произведувач и не му се издава банкарска гаранција..... македонски синдром на само уништување:toe:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Јавна тајна е дека тендерот е наместен некој дебело да се офајди, и намерно се одбива понудата на македонскиот преоизводител како неквалитетен произведувач и не му се издава банкарска гаранција..... македонски синдром на само уништување:toe:
Tендерот беше наместен уште пред да се замисли,односно да се пушти како тендер.:pos2:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Оддамна прашав, никој не одговори...
САНОС наш...само на името е останато, или може да изведе автобус по сите прописи?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Оддамна прашав, никој не одговори...
САНОС наш...само на името е останато, или може да изведе автобус по сите прописи?
Кинески,со Македонски фарби и најверојатно заштитната марка под шофершајбна.:toe:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Кинески,со Македонски фарби и најверојатно заштитната марка под шофершајбна.:toe:
Значи, како Конкрит шо кажа некаде...некој ќе се офајди од плацот кадешто сега се наоѓа фабриката :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom