Само 6,6 % отпатувале во ЕУ
05.03.2010 15:24
Само 6,6 проценти од населението патувало во земјите од ЕУ по укинувањето на визите, покажало испитувањето на центарот за истражување и креирање политики.
Третина од граѓаните кои не патувале, како главна причини за тоа го навеле недостатокот на финансиски средства, но речиси исто толку само затоа што не успеале да извадат биометриски пасош.
По падот на визната бариера во ЕУ повеќе патуваат етничките албанци, за разлика од претходно кога процентуално повеќе патувале Македонците.
На прашањето дали сте патувале во ЕУ пред 19 декември 42,2 проценти од Македонците и 34,4 проценти од Албанците одговориле позитивно.
По 19-ти пак во ЕУ патувале 5,7 проценти од Македонците и 9,1 од Албанците. Дополнителни документи освен биометриски пасош им биле побарани само на 5,7 проценти од испитаниците. / A1
Добро какви се овие глупости анкети,истражувања ахаха
Како прво направена е споредба на пр на еден маж на возраст од 25 години кој што по 19 декември до 1 март на пр. кога е правена анкетата не излегол од државата што е случај со повеќето анкетирани бидејчи е краток периодот ,
и второто прашање им е дали и колку патувале пред укинувањето на визитте каде што се опфаќа временски период на 25 год. маж тоа е 10 години може ,
Значи прават споредба колку си патувал во последните 3 месеца и во последните 10 години :uvo:
Сите зинале ааа укинување ,иселување ,работа... :blah:
Ништо не се смени бе тој што си патувал и порано ќе патува и сега ништо повеќе не добива само нема трошкови за вадење виза и нема чекање пред амбасада ,другото се си останува исто
И нормално дека никој не патувал кога некој нема пасош ,некој нема пари,што требаше ова сега да значи се укинаа визите и ај сите со сила да одиме во ЕУ само заради тоа што се укинаа визите ,нормално дека ќе патуваат тие што имаат некоја причина ...
Како сте ми кајганџии
од што не се иселува народот, европа покренува постапка за прекинување на безвисниот режим.. значи и после 40 страни дискусија се вративме на моето
)
Се виде кој народ се иселува ,необразованиот и неинформираниот ...
Паметниот си седи дома и никаде не мрда затоа што знае дека
со визна либерализација не се добива легална работа во ЕУ
Тој што сакал на црно да работи можел и порано да отиде со виза и да работи ...
Остај ти што се иселиле пола Албанци од Македонија ,еве ги депортираат сите назад сега ...