Dzish
unlike any other...
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 13.994
- Поени од реакции
- 2.689
Не мислам дека на сите му е убо тука, а ти мислиш дека сите ќе заминат? Згора на тоа мислиш дека таму поубо ќе му биди?Добро шо мислиш на сите му е убо овде и ќе останат. Колку познавам шо планираат да одат да работаат, а со тоа со тек на време ќе се иселат. Тие шо оделе на шетање одеа и пред визната либеризација.
Знајш колку имаше од типот “јас ќе земам Бугарски пасош и ќе заминам“? Заминаа и за 3 месеци ете ги назад со образложувањето “не било ко шо си мислевме“ пошто таму стварно треба да се работи за да се заработи. Згора на тоа треба да работиш цело работно време и платата што ќе ја земиш едвај стига за ќирија, сметки, автомобил, храна... каде се тука трошоците за шетање? Од животот нема ништо да видиш... Не се споредувај со некој што има куќа, родители, кола, пријатели и живее цел живот таму. На оглас за работа секаде имаат предност државјани на Е.У. иако ти можеби си поквалификуван од него. Џабе ти е, дојден си од странство и си граѓанин од втор ред. Овде е малку полабаво, во споредба со таму. Башка носталгија те фаќа, недостаток на пријатели, дружење и најбитно... почнуваш нов живот од 0 (овде колку толку се наоѓа нешто од мама и тато) што и не е баш така лесно, просто и едноставно како што си замислуваат поголем дел од луѓето.
Така да теоријата за исселување, некако не се покажа на дело, барем во првиот месец.