Не ми е јасно зашто сите се радуваат за визиве,кога на царина прво ве прашуваат колку пари носите,епа мили мои со 500 евра можете само вецето да си го платите по пат.Што се однесува до мене,не ми мења ама баш ништо!Врти сучи,исти к**ац у различна пакла.
ТОКМУ ТАКА
ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА СО 300 ГЛУПОСТИ
За десет дена во Германија мора да имате 450 евра,плус гарантно писмо,банкарска гаранција и уште многу работи
Потребно е и патничко здравствено осигурување (најмалку
30.000,- евра
Дел од амбасадите на земјите кои се во шенген зоната по одлуката за укинување на визите за македонските граѓани истакнаа соопштенија за тоа што ќе им биде потребно на граѓаните кога ќе патуваат
По укинувањето на визите за македонските граѓани, кое ќе стапи на сила на 19 декември, дел од амбасадите во земјава на своите веб страници веќе истакнаа известувања што е потребно за влез во нивните земји.
Ако патувате во Германија на веб страната на амбасадата ќе најдете детални податоци што е потребно да имате со себе. При безвизното влегување, а по барање на граничните установи треба да се прикажат докази во врска со финансирањето на престојот и на патните трошоци како и докази за намерата на патувањето". На пример, германската гранична служба може да побара доказ за намера за патувањето, па ако е туристичко да побара резервација за хотел, ако станува збор за деловно патување потребна е потврда од фирма во Германија, покани за конференции, семинари или средби со деловни партнери итн. Доколку пак посетата е кај пријатели, роднини, потребна е покана.
Во делот на финансиските средства се бара лицето да има средства во готово, односно 45 евра по ден, гарантно писмо од Германија или травел чекови. Оттука ако сакате да престојувате во Германија десет дена мора со себе да имате 450 евра. Гарантни писма кои треба да се покажат, како што информира амбасадата, според Законот за престој се издаваат исклучиво во управите за странци во Германија, а при влегување треба да се покажат во оригинал.
Потребно е и патничко здравствено осигурување (најмалку
30.000,- евра
треба да бидат покриени, важат за сите Шенген-држави), авионска карта за одење и враќање (во рамките на рокот од 90 дена) и биометриски пасош (пасошот треба да има важност од уште најмалку 3 месеци при излегувањето).
- Овие докази треба да се покажат при влегување во територијата на шенген-државите ако тоа го барат граничните служби. Упатуваме на тоа дека лице кое не располага со потребните финансиски средства за својот престој и своето патување, може да биде вратено односно да му се забранува влез. Тоа важи и за лица кои не се во можност да ја докажат намерата на своето патување односно својот престој, се вели во соопштението на германската амбасада.
Сепак, од некои амбасади велат дека не гледаат дополнителна потреба од ваков вид на информирање на граѓаните. Оттаму објаснуваат дека се потребни кампањи во јавноста за информирање на граѓаните. Делегацијата на Европската унија за таа намена веќе подготови флаери на македонски, албански и англиски со што се информираат граќаните за потребните документи, земји во кои може да се патува без виза.
Од дел од амбасадите појаснуваат дека и досега кога се влегуваше со визи, граничната служба на земја членка на ЕУ имаше право да побара дополнителен доказ на лицето кое патува. Исто е и сега доколу се оцени за потребно ќе биде побаран дополнителен доказ. Но тоа се исклучоци, велат од дел од амбасадите на земји членки на Европската унија.
Во регулативата со која Македонија се префрла од црната на белата шенген листа се вели дека "граѓаните се ослободени од обврската за вадење визи за краткорочен престој", но без можност да работат во држави членки на ЕУ. Значи се подразбира престој во шенген зоната не подолг од вкупно 90 денови, во период од 180 дена сметано од денот на првиот влез. За престој подолг од 90 дена, поради вработување, студирање или поради подолг приватен престој, потребно е државјаните на Република Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој, во најблиската амбасада или конзуларно претставништво на земјата во која патуваат.
(С.Д.)
ПРОГНОЗА: Само во јануари над 25.000 Македонци ќе ја напуштат земјава
Најлесно до работа во Норвешка, најтешко во Шпанија
Голем број невработени лица во земјава гледаат спас во визната либерализација. Според последниот извештај на Балкан Галуп, една четвртина од Македонците изразиле подготвеност да ја напуштат земјава. Две третини од испитаниците што сакаат да заминат, одговориле дека дека не сакаат трајно иселување од земјава, туку само привремен престој и печалба во странство.
Агенциите за вработување за дома и надвор од државата, прогнозираат одлив на околу 25.000 лица во втората половина од јануари. Според агенциите за посредување на работа, најголем интерес за работа надвор од Македонија изразиле лицата од 23 до 40-годишна возраст. Повеќето од нив се средна класа, а помалку од специјализирани кадри, особено оние што не можат да најдат работа дома.
Сепак, наоѓањето работа во странство и брза заработка не е толку едноставно како порано. Побарувачката на работна сила значително е намалена по приемот на повеќе источноевропски земји во Унијата во 2004 и 2007 година, кои го пополнија пазарот на евтина работна сила во побогатите членки.
Во година на економска криза, службите за вработување во европските земји во моментов нудат 450 илјади работни места помалку во споредба со истиот период минатата година, кога официјално имало 1,2 милиони слободни работни места.
Од почетокот на економската криза во ЕУ, без работа останаа околу четири милиони лица, со што стапката на невработеност во септември достигна 9,2 проценти, или вкупно над 22 милиони лица.
Во западниот дел на еврозоната, ситуацијата е најлоша во Шпанија, која достигна невработеност од 19,3 проценти. Шпанското стопанство беше тешко погодено од колапсот на градежништво. Во гранката, која се базира на физичка работа, една третина од вработените се сезонски работници. Во Шпанија особено е алармантна стапката на невработеност кај младите. Во септември без работа беа 41,7 проценти од лицата до 25 години.
Регуларна работа најлесно може да се најде во Норвешка, чиј пазар на труд нуди најмногу можности. Стапката не невработеност е само 3,2 проценти. Норвешка во овие тешки времиња се потпира на богатите резерви на нафта и гас и најмногу вработени има токму во секторот за експлоатација на нафта. Втора според најнискиот степен на невработеност во Европа е Швајцарија, чија предност е разновидната структура на стопанството, иако главно се потпира на банкарскиот сектор. Добро се држат и Австрија и Холандија, иако и таму кризата остави траги.
(Д.М.)
КОЛКУ ПАРИ МОЖЕ ДА СЕ ИЗНЕСАТ И ВНЕСАТ ВО И ОД ЗЕМЈАВА
Преку граница со кеш до 2000 евра!
Македонските граѓани, согласно Законот за девизно работење, при излез од земјава можат да изнесат ефективни странски пари во износ до 2.000 евра. За износи од 2.000 до 10.000 евра, средствата мора да ги пријават на царинските органи на самиот излез од државава, како и да поседуваат соодветни документи.
Исто така и при влез во земјава граѓаните можат слободно да внесат ефективни
странски пари во износ до 10.000 евра, а над 10.000 евра внесувањето се врши
согласно одредбите од Законот за спречување перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам. И при влегувањето како и при излез, граѓаните се должни се да ги пријават парите на царинската контрола за што задолжително добиваат писмена потврда.
Девизните средства од 2.000 до 10.000 се изнесуваат со потврда од овластена банка или менувачница за купени странски пари или врз основа на потврда од банка за подигнати девизи од девизна сметка. Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најоцна до 90 дена од денот на издавање на истата.
При службено патување во странство, може да се изнесат онолку девизи колку што стои во налогот за извршување на дознаката во странство, а утврден врз основа на одлука за патување во странство, во која се назначени: земјата во која се патува, целта на патувањето, колку лица патуваат и времето на престој во странство, како и висината на потребни средства за престој на службен пат, при што износот не смее да надминува 10.000 евра по лице.
Според законот изнесувањето на ефективни странски пари над 10.000 евра е забрането. (В.М.Б.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7723...98D900802D3CEF