Ти кажав дека газдата на Kouzon,Зоран од Прилеп го познавам лично уште пред 20 години,бизнисот со визи му го овозможи Пеце од АСИБА-МГ со кого се и некакви роднини,а тогаш тоа беше многу доходовен бизнис,како што и сега е.
Едно време Шведските власти беа запрепастени кога разбраа дека сум купил Шведска виза за тогашни 1000 DM без да се појавам во Шведска амбасада,просто не веруваа дека нивниот амбасадор или конзул во Македонија е толку корумпиран,па продава визи без апликантот и да се појави во нивната амбасада во Скопје.Зоки тоа го правеше толку успешно и професионално,што ни Киро Глигоров како председател на државава во тоа време не му беше рамен.Всушност тоа беа моите први сомнежи дека визниот режим е наметнат најмногу по заслуга на неколкумина наши тогашни “стопанственици“ кој имаа закачено канџи по сите амбасади и конзулати во Македонија,па работеа со визите како со мала и многу успешна фабрика.Денес истите тие,откако направија милиони евра со продажба на визи,се занимаваат со легални бизниси,ама сепак одвреме навреме им се поткраднува по некоја грешка како стара навика,да заебат по некого,иако најчесто си ја завршуваат работата со тоа што ете обезбедиле некаква виза за САД,зошто да бидеме реални дека никој без нив нема шанси ни да се прибере до амбасадата на САД,по автоматизам добива црн печат и забрана да пристапи до било која амбасада на САД,најмалку три години.Тоа е фактичката реалност против која не можат да се справат ни властите на многу земји кој имаат отворено амбасади и конзуларни представништва во Македонија.