VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ НАЈБАРАНИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО СВЕТОТ
Македонија меѓу топ трите најбарани дестинации за инвестирање во светот, веднаш после САД и Франција, објави во јунскиот број ФДИ магазинот на Фајненшл Тајмс.
Мониторингот на светскиот интернет пребарувач Google покажал дека овие три земји се најбарани “инвест ин” локации. Ваквиот влез на нашата земја е опишан како изненадувачки, бидејќи за разлика од САД и Франција кои и досега беа најпосакувани за инвестирање, Македонија воопшто ја немаше на ранг листата на Google. Сега после нас во табелата се Шпанија, Германија, Финска, Кина, Данска, Шведска, Грција и Турција.
Од Агенцијата за странски директни инвестиции во Македонија, велат дека успехот е резултат на напорната работа во изминативе речиси 2 и пол години од почетоткот на кампањата за инвестирање, од кога бројот на посетители на нашата веб-страна се зголемил за 4 и пол пати.
- Ова се должи на рекламирањето на нашата земја на сите странски телевизии, на веб-сајтовите... Интересно е да се спомене дека единствена друга земја од Источна Европа која е меѓу првите 20 на ранг листата е Полска - истакна Виктор Мизо.
Податоците велат дека во првите 6 месеци од годинава, Македонија ја посетиле странски компании за 35% или 15 фирми месечно повеќе од лани. Според резултатите од Народна банка, само во првите 3 месеци од 2009 година, во нашата земја влегле 55 милиони евра странски инвестиции. Странците не се откажуваат од инвестирање во Македонија, вели директорот на Агенцијата, Виктор Мизо, туку поради кризата само привремено ги замрзнуваат вложувањата. Тој потенцираше дека спорот со ЕВН не ги плаши странците и не влијае на нивната одлука дали да инвестираат во Македонија.
http://www.google.com/search?q=invest+in&hl=en&client=firefox-a&rls=org.mozilla:en-US:official&hs=AX4&start=10&sa=N
http://sitel.com.mk/?ItemID=67DCA16FE6014F4BBA6BFD4F9D89157F
Тој што прави нешто, е подобар од тој што не прави... ништо.