Гоч
33 1/3 rpm
- Член од
- 17 мај 2009
- Мислења
- 1.417
- Поени од реакции
- 47
КОЈ КОГО Е.Е ВО ЗДРАВ МОЗОК, КАЈ НАС?
Има ли власта клуч за решавање на името?
Биљана Секуловска Коментари (0)
Опозицијата покажува невидена кооперативност во однос на спремноста да се реши името
Отфрлањето на стратегијата на пратеникот Стојан Андов во Парламентот идеално се вклопи во аргументите на опозицијата - за непопустливоста на власта , тврдиот став и конечно, одбивањето да се затвори досието име, заради популизмот и стравување од последици за рејтингот.
„Како граѓанин, а особено како претставник на опозицијата, особено се чувствувам фрустриран околу немањето волја од страна на владата, барем да се има минимална спремност да се направи некаква стратегија за решавање со името. Тоа сметам дека се должи на автентичната незаинтересираност, од многу прагматични, дневно-политички причини на премиерот лично, и на власта, на ВМРО-ДПМНЕ, да не сака да го решава проблемот со името“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.
Шефот на дипломатијата неодамна го претстави ставот на неговата влада - прилично непрецизен, кога станува збор за еластичноста на компромисот - едноставно, не е јасно кое име е прифатливо за власта.
„Ние сме подготвени за разумен компромис со Грција, којшто нема да ги прекрши принципите на самоидентификување, самоопределување на еден народ, којшто нема да ги запостави принципите на сувереност на една држава, којашто одлучува за своите суверени обележја, вклучително е тука и уставното име. Компромис којшто нема да биде против уставен, и којшто нема да ги исклучи граѓаните на Република Македонија како носители на суверенитетот од одлучување или од учество во донесувањето на одлуките за ова национално прашање“, вели Антонио Милошевски, министер за надворешни работи.
Ние сме подготвени за разумен компромис со Грција
За СДСМ итноста за решение на името е приоритетна. Токму тоа е и образложението на нивната флексибилност и поддршка на власта.
„Имаме парадоксална ситуација во Македонија кадешто опозицијата покажува невидена кооперативност во однос на спремноста да се реши името, а владата којашто би требала да биде носител на тоа прашање, како тело што има комплетен легитимитет во последните три изборни циклуси, и на локално и како претседател на држава, покажува невидена некооперативност за тоа“, рече Георгиев.
Очигледен е проблемот околу решливоста на името. Невозможноста да се утврди државна стратегија и платформа и покрај апсолутната власт на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот страв од дебата и дијалог. Ова се само дел од факторите кои се дополнителен хендикеп во спорот со Грција.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110221
Да не зборуваме на други теми, еве тука ја префрлувам веста. И повторно барам коментар од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ да го објаснат ставот на партијата за името.