Мизерен и понижувачки „данајски предлог“
Васил Иљов
Скопје 15 јули 2009
Поаѓајќи од мизерните „принципи“ на разурнувачката фикција на грцизмот и на своето примитивно билатерално и меѓународно однесување, „Црна Атина“, откако го испита пулсот на сите внатрешни и надворешни антимакедонисти, реши параноично да го испроба и најсуптилниот данајски понижувачки рецепт во своето секојдневно кулинарско-ирационално однесување со Македонија. При сета нејзина „сиромаштија на умот“ и сегашна катастрофална економска состојба, ни понуди блеферско мито од 500 милиони евра за да прифатиме едно апсурдно, анахроно понижувачко, дискриминаторско, карамболско име од „кујната на антимакедонизмот“, кое би се користело за нејзини потреби и за секаква употреба на целокупниот цивилизиран и нецивилизиран свет.
Знаејќи ги перфидната цел, боја, цена и особина на предавството од Тројанската војна до денес, та предизвикувајќи ја и испитувајќи ја алчноста на добро организираното групно лаење на деструктивните антимакедонисти,
кутрата „Црна Атина“, како
Бивша Македонска Покорена Град-Државичка, реши на својот бивш Хегемон јавно да му продемонстрира „лојална загриженост“ и „добра волја“ за решавање на наводното горливо за неа и од неа измислено нерешено прашање за името МАКЕДОНИЈА.
Како Дамаклов меч и виси над главата нејзиниот фалсификат и грабеж на Македонската Цивилизација,
постојано ја плашат сенките на македонските царови Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски.
Чувствувајќи го товарот на своите апсурдни барања и со својата ирационалност ставајќи ги НАТО, ЕУ и ООН пред свршен чин,
Бившата Македонска Покорена Град-Државичка (или скратено БМПГД)
стана најнепредвидлива и најагресивна фрустрирана државичка на Македонскиот Полуостров, замислувајќи се како некоја си суперсила на овој одамна ставен во карантин, искаран, поделен и со војни и блокади економски уништен регион. Тие што нé поделиле на „четири македонски републики“ во Филипи 147 г.п.н.е. за да ни докажат дека демек Македонското Царство не било демократско општество; тие што во 1204 - 1208 година го уништиле и опљачкале Цариград и во него и во околината до темел срушиле повеќе од 10.000 цркви, та го ограбиле македонскиот народ и ја опустошиле Македонија; тие што ни ја поделија Македонија на пет делови во Букурешт на 10 август 1913 година; тие што ни наметнаа балкански војни и две светски војни, та „демократски“ нé понижија во Букурешт на 2 - 4 април 2008 година не можат да ни бидат наши искрени пријатели, иако секогаш се вадат со консензуалната демократија при поддршката на ирационалните националистички, шовинистички и неофашистички барања на нивната сојузничка миленичка (а за жал, наша јужна недостојна сосетка) „Црна Атина“ во наводниот спор за името МАКЕДОНИЈА. Ние, Македонците, немаме никаков спор со сопственото име МАКЕДОНЦИ, со името на нашата најдревна земја МАКЕДОНИЈА, со името на сегашната матична држава на Македонците РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и со сопствениот идентитет на нашиот народ за сечија и секаква употреба МАКЕДОНСКИ НАРОД. Тогаш кој и зошто разговара или преговара за промена на нашето име? Ако со сила нема убавина, тогаш време е да се оддалечиме од ниските удари за да не останеме сакати и вечни инвалиди. Веројатно, пријателите и пријателството треба да се бараат по патот на Александар Трети Македонски.
Тие што ги мразат и не им даваат никакви човечки права на малцинствата во сопствените држави или во унијата скроена со нивни закони и по нивна мерка ни прогласија за наводни „расисти“,
а грчките поробувачи на повеќе од 51 процент од етничката територија на Македонија и бескрупулозни негатори на македонскиот народ и на сé што е македонско нé нарекле „неконструктивни“ и „иредентисти“, потхранувајќи го и стимулирајќи го насекаде и секогаш антимакедонизмот.
Време е Европа да си го осуди неофашизмот, национализмот и шовинизмот кај некои членки на ЕУ и да ги спроведе прокламираните човекови права во раштрканата и раштимуваната империја. „Чудовиштето“ постои и треба храбро да се уништи во почетокот на опасниот експанзионизам. Притисоците и уцените нема да поминат и кај многу демократски сили во Европа и во светот. Кој сé со „преценета мудрост“ ни спрема македонски дел од пеколот? Дали навистина нé сметаат за најнесреќен народ на Македонскиот Полуостров, та постојано нé „кршат“ за да еднаш нé „преобразат“ до тој степен за да онемиме?
Македонците се ставени во визно гето, во полупротекторатско менгеме, а некои дополнително се истакнати во црни и бели листи што посебно го става македонскиот народ во список на гетоизирани живи и мртви суштества. Дали ќе се плати „данокот на кооперативноста“ или ќе се издејствуваат репарации за нанесените навреди и осведочени штети од срамната дискриминација? Дали со кутрата „Црна Атина“ и други ќе го проголтаат залакот за нашето древно најмалку седумнаесетилјаднолетно име МАКЕДОНИЈА?
Авторот е советник-конзерватор