Esobar
Македонија над СЕ !
- Член од
- 12 февруари 2008
- Мислења
- 4.895
- Поени од реакции
- 453
ГРУЕВСКИ ПОВИКА НА ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ДРЖАВНИТЕ И НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Претседателот на Владата Никола Груевски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска апелираше на внимателност и посветеност на државните и националните интереси во контекст на прашањето за името и претстојното продолжување на разговорите со Грција со посредство на медијаторот Метју Нмиц.
Тој ги повика лидерите на политичките партии на обединување за државните и националните интереси.
- Веќе започна и ќе следи период на многу шпекулации, на разни дезинформации и сценарија пласирани само заради дневно-политички цели, а некогаш и мотивирани од приватни потреби. Апелирам за внимателност и посветеност за државните и националните интереси, истакна Груевски на денешната свеченост во МОБ по повод одбележувањето на 19. годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова, потенцира Груевски, не е прашање на индивидуи и личности, туку на државата Република Македонија и на нејзините граѓани.
- Прашањето за името не смее да биде прашање на раздор, туку прашање на обединување. Не смееме да дозволиме ова прашање да се наметне како прашање дали ќе ја биде нашата држава или не, како што не смееме да дозволиме да се наметне дебата за тоа дали сакаме интеграција во ЕУ и НАТО, или не. Тоа се дневно политички тези, истакна лидерот на владејачката партија.
Тој ги повика сите лидери на политичките партии во Македонија, да се обединат зад државните и националните интереси на Македонија и повика во периодот што следи да се демонатрира сплотеност, а не раздор.
Груевски истакна дека тој и неговите сопартијци се свесни за историската улога што ја имата во овој процес, огромниот товар и одговорноста. - Ние сме посветени на тоа и знаеме што значи решението на овој проблем, отворени сме и ќе разговараме. Истите тие кои 15 години не успеаја да најдат репчени денеска ни делат совети и вршат јавен притисок во една или во друга насока, рече Груевски.
Членството во ЕУ и НАТО, како што нагласи, се врвни приоритети и Владата продолжува да работиме на нивно остварување.
Осврнувајќи се на економската криза Груевски рече дека Владата прави се што е потребно да се намалат последиците од неа. Успехот во справувањето со економската криза, додаде тој обраќајќи им се на партиските колеги, ќе зависи од степенот на посветеност и работа со која носителите на одлуки во општеството ќе пристапат кон нивно решавање и надминување на последиците.
Зборувајќи за годишнината од основањето на денешното ВМРО-ДПМНЕ пред 19 години, Груевски потсети дека тогаш тоа беше единствената политичка сила која отворено се залагаше за одделување на Македонија од југословенската федерација. - Борбата за државност, за демократија и граѓанска слобода, за почитувањето на религијата и приватната сопственост, борбата за човекови права беа постулатите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.
Лидерот на, како што рече најсилната партија во Македонија, посочи дека дека ВМРО-ДПМНЕ е во постојана реформа и оти во центарот на нивното политичко кредо е граѓанинот. - Честа е голема, но одговорноста е уште поголема, рече Груевски.
Директорот на германската фондација „Конрад Аденауер“ Хенри Боне истакна дека ВМРО-ДПМНЕ денес е на највисокото рамниште од основањето пред 19 години, со јасно мнозинство до следните избори, ресурси за обликување на извршната власт според конзервативните идеи и десничарските принципи. Тој рече дека во овој период е продлабочена соработаката со германската ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.
На свеченоста по повод 19 годишнината од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и претставници на други верски заедници, претставници на дипломатскиот кор, на опозициската СДСМ, како и на коалициските партнери на партијата.

За многу години нека е денов среќен роденден Вмро Дпмне да дочекаме уште 100 год на власт