SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.564
- Поени од реакции
- 286
Амди Бајрам ги нападна новинарите
Скопје, 16 јуни (МИА) – Пратеникот Амди Бајрам денеска во Собранието на Република Македонија вербално ги нападна новинарите заканувајќи им се со физички напад поради тоа што тие не му земале изјава. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по инцидентот имаше средба со претставници на собраниските известувачи на која посочи дека парламентарниот дом се оградува и го осудува ваквото однесување на Бајрам.
- Поаѓајќи од основните принципи на парламентарната демократија во која самостојноста и независноста на новинарите и медиумите е sine qua non, ги осудувам и се оградувам од какви било вербални или други напади врз медиумите и новинарите. Се надевам дека последниот инцидент навистина ќе биде последен, бидејќи и како пратеници, и како парламент сме одговорни за остварување на демократските принципи, наведе подоцна во писмена изјава Вељаноски.
Инцидентот се случи додека новинарите на местото предвидено за медиумите земаа изјава од пратеничката Флора Кадриу. Бајрам, кој стоеше таму, во еден момент револтиран бидејќи новинарите не му бараат изјава, почна да вика и да се расправа со нив. Новинарите иако не сакаа да бидат вовлечени во расправа, кога Бајрам започна да ги навредува и да им се заканува ги свртеа камерите и диктафоните кон него.
Пратеникот, кој е дел од владејачкото мнозинство, ги нарекуваше новинарите платеници, ги обвини дека работат за ЦИА и оти и нему треба да му бараат изјави бидејќи и тој е претставник на народот. - За вас само тепање, да можам и ќе ве затворам, се закани, меѓу другото, пратеникот Бајрам.
Здружението на новинарите на Македонија најостро го осуди ваквиот непримерен однос на пратеникот Бајрам, особено вербалните закани со тепање и затвор. ЗНМ ќе се консултира за евентуални правни консеквенци. Здружението бара Амди Бајрам јавно да им се извини на новинарите, а претседателот на Собранието да се огради од инцидентот.
Од однесувањето на Бајрам се оградија и пратениците Џевад Адеми и Владо Бучковски. Адеми изјави дека како човек, како политичар и како пратеник се оградува од однесувањето на неговиот колега Бајрам и ги осудува сите такви настани и испади. – Тој треба сам да се извини. Попусто ќе бараме извинување ако тој не чувствува потреба за тоа, рече Адеми.