Дневник одлепи - со сликовници против МАКЕДОНЦИТЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
По долготрајно трагање и барање, по немање на ниту еден материјален доказ или артефакт, ниту една населба, гроб или опинок..наспроти илијадниците дрвно Македонски...ДНЕВНИК конечно ја пронајде алката што недостасуваше..конечно..непобитен доказ за нашето словенско потекло...конечно...целосна и точна фотографија на напливот на словените во Македонија

01E3E3DDE18B494E93E93D728F24B245.jpg

Словенските племиња, сепак, не се населиле во толку голем број за да го претопат целосно античкото население

неверојатниот текст..подоле

Во новопромовираната Историја на македонскиот народ се истакнува дека денешните Македонци се многу повеќе потомци на античките Македонци отколку на Словените

Денешните Македонци се мешавина на античките Македонци и на Словените при што античкиот етнос останал доминантен во новонастанатата симбиоза на двата народа. Епохата на Александар Трети Македонски, пак, треба да се нарекува „александризам“ или „македонизам“ за разлика од досегашниот термин „хеленизам“, кој се употребува во светот и од македонските историчари. Ова се двете големи промени што ги донесува новата Историја на македонскиот народ издадена од Институт за национална историја, промовирана завчера. Таа содржи значајни промени во однос на она што досега било содржано во изданијата на оваа репрезентативна државна институција. Изданието објавено на македонски и на англиски јазик, кое е финансирано од Владата, ќе се користи за надворешната промоција на Македонија, при што ќе се дистрибуира и до странските дипломати и други. Ова дело напишано од група автори опфаќа период што почнува со праисториското време, а завршува со 2008 година, кога на самитот на НАТО во Букурешт Македонија не доби покана да стане членка на алијансата.

Словенските племиња, сепак, не се населиле во толку голем број за да го претопат целосно античкото население

Тезата дека денешните Македонци се наследници на античките Македонци, кои се измешале со помалобројниот словенски етнос што се населил на овие простори, е содржана во поглавјето наречено „Македонија и Словените - од средината на шестиот до средината на 9 век“, чиј автор е историчарот Митко Панов. Во делот насловен како „Континуитетот на античките Македонци и процесот на нивната симбиоза со Словените“ се посочува дека словенското население сепак не се населило во толку масовен број за целосно да го „претопи“ населението што има корен од античка Македонија.

„Најновите историско-археолошки студии покажуваат дека населувањето на Словените во Македонија не претставувало масовна колонизација со капацитет целосно да ја промени етничката констелација во Македонија, иако било неоспорно силното влијание на словенскиот етнос. Воедно и самите Словени во текот на 7 век забележале демографска криза. Станува збор за етапен процес којшто ја овозможил заемната интеракција, коегзистенција и симбиоза помеѓу античките Македонци и населените Словени во Македонија“, пишува во новата македонска историја.Во првиот том на Историјата на македонскиот народ, кој Институтот ја објавил во 2000 година, се посочени поинакви факти. Во поглавјето посветено на античка и средновековна Македонија, чиј автор е Бранко Панов, се истакнуваат поинакви факти за населувањето на Словените и за нивното мешање со античките Македонци.

„По дефинитивното населување на Словените во Македонија во одделните области доминантен станал словенскиот етнос. Староседелците - Македонци, кои до овој период го сочинувале основното автохтоно население, како и другите древни балкански народи (Тракијците, Илирите, Грците и други) биле значително разретчени за време на долготрајните словенско-аварски напади на Балканот. Голем дел од македонско староседелско население биле убиени или одведени во ропство, а голем број и се иселиле околу градот Одрин во Тракија. Со претворањето на Македонија во словенска земја настанала симбиоза меѓу помногубројните словенски населеници и затекнатото помалобројно автохтоно македонско население“, се истакнува во делото објавено пред 9 години.Историчарот Митко Панов објаснува дека неговите тези за доминацијата на античките Македонци при мешањето со помалобројните Словени се засновани врз научни сознанија. Во истражувањата што ги правев изминативе 15 години дојдов до сознанија што досега не биле анализирани. Тие покажуваат дека имаме континуитет со античките Македонци - изјави вчера Панов.

Научната јавност да расправа и за сосема нова научна теза со која епохата на Александар Македонски треба да се нарекува „александризам“ или „македонизам“ бара и авторката на делот посветен на оваа голема историска личност, Анета Шукарова. Таа објаснува дека тоа е потребно бидејќи во современото изучување на историјата се наметнува нов термин за овој епохален „транзициски“ век зашто се создава нова културна историја, спроведувајќи ја благородната идеја на Александар Велики за „светата свадба“ меѓу народите. Малкумина научници во светот и кај нас ги користат термините „македонизам“ или „александризам“. Јас сметам дека таа треба да се користи и тоа нека биде теза за ново читање на историјата - изјави вчера Шукарова.Ѓорѓи Чакарјановски, историчар, кој сито така е еден од авторите на новата историја, изјави дека во изданието одредени периоди го добиле „вистинското место“.

Историја во од

Во Институтот за национална историја вчера признаа дека е невообичаено капиталното дела за историјата на еден народ да завршува со минатата година. Тоа е затоа што во таквите случаи нема временска дистанца од одредени настани потребна да се согледаат последиците и причините за одредени настани. Најверојатно затоа настаните од последната деценија се обработени само фактографски, со наводи дека одредени настани се случиле во одредени години. Тоа најмногу личи на историја пишувана во од - коментираа вчера во ИНИ.

Бранко Ѓорѓевски
 
makedonski si gi cital Cudata na Sv.Dimitrija?

не зошто??? преферирам да гледам и заклучам самиот, пишаниот збор изгуби на значење одамна.

но затоа синока од памет се извадив во трафика со насловнава во природна големина...не личи на еден таков (иако диригиран) весник сликовници за прво да принта на насловна пробувајки да исмее народот и земјата во која печати.
 
Sam kaza deka pisaniot zbor izgubil. Slikovnicata e tokmu toa parce losa hartija ona drugoto e nesto mnogu mnogu pobitno. ;)
 
Прво и основно, тоа секогаш била нашата официјална историја - дека сме мешавина на Античките Македонци и Словени. Тоа лесно се проверува со сите историски книги издадени од 1945-1990.
Второ, повторно насловот во Дневник не соодвествува со тоа што е напишано. Каде во текстот прочитавте дека некој го брише нашето словенско наследство? Ова е уште една епизода во некои игри да се ограничи нашето читање на историјата, слично како што му беше целта на Љубчо Георгиевски во емисијата на Миленко. Новнинарски сензационализам - а под приказната нема ништо.
 
помогнете му на Дневник..постирајте романтични сликовници тука...

reportaza-sloveni2.jpg

преселбата на словените..дунав ко серава...до колена :vozbud:

slavs_during_the_middle_ages.jpg

словенска идила

религијата на нашите дедовци словени :pos2:

panasenko_volhovanye.jpg

манга словени

Sloveni%20logo1.jpg
 
Ај објаснете ми што е проблемот, уствари шо ви е проблемот со текстов и насловната на Дневник?

Убаво си пишува... еве уште еден пример каде се докажуваме кои сме и што сме, па дури и изданијата на книгите ги менуваме за да си го докажеме тоа... да гледа човек од страна смешно е...:helou:
 
Ти пишав погоре што е проблемот. Нашата официјална историја од 1945 година вели дека Македонците се мешавина на Антички Македонци и Словени. А јас горе во текстот никаде не видов негирање на македонското словенско наследство, туку само афирмирање и на античкото. И насловот БРИШИ СЛОВЕНСКО - каде и со што е избришано словенското?
 
problemot Jovane е што новинар = крлеж..и тоа необразован диригиран платен газлолижач без свое јас, без ронка специјализација во одредена област..во било која област..повише корист ке имаме во берберница да ве стајме да трачарите.

ТОЛКАВА НАСЛОВНА мали деца од памет пред трафики да вади се става само за задна намера, да се исмее македонското да се даде некаков приказ за некој словени ..да се манипулира...ти барем знаеш по тоа насловните на весникот што ги имате...

1. ај за сликата.... ШТО Е ТОА ШТО ЗАСЛУЖУВА НАСЛОВНА

- артефакт
-фотографија
-доказ
-сведоштбо

ИЛИ ФГАНТАЗИЈА, ИДЕАЛИЗАЦИЈА, РОМАНТИКА ПО НАРАЧКА НА НЕКОЈ СЛИКАР, (башка што мислам дека станува збор за средновековна византиска војска)

дали вие одговарате за намернитѕе пропусти и дезинформации што ги пласирате

ако не..ете ви уште сликички..отворете албум мајку му

ајмо и а1..кооординација беспрекорна

Нова историја на Македонија

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110076

Голем дел од македонско староседелско население биле убиени или одведени во ропство

масакар било...
 
Ти пишав погоре што е проблемот. Нашата официјална историја од 1945 година вели дека Македонците се мешавина на Антички Македонци и Словени. А јас горе во текстот никаде не видов негирање на македонското словенско наследство, туку само афирмирање и на античкото. И насловот БРИШИ СЛОВЕНСКО - каде и со што е избришано словенското?
Насловот продава весник, а и не е далеку од вистината...

Целата политика во последниве месеци и години е таква, јебеш словенско, антички сме ние, со Ацета Големион, еееееееееееј :vozbud:

problemot Jovane е што новинар = крлеж..и тоа необразован диригиран платен газлолижач без свое јас, без ронка специјализација во одредена област..во било која област..повише корист ке имаме во берберница да ве стајме да трачарите.

ТОЛКАВА НАСЛОВНА мали деца од памет пред трафики да вади се става само за задна намера, да се исмее македонското да се даде некаков приказ за некој словени ..да се манипулира...ти барем знаеш по тоа насловните на весникот што ги имате...

1. ај за сликата.... ШТО Е ТОА ШТО ЗАСЛУЖУВА НАСЛОВНА

- артефакт
-фотографија
-доказ
-сведоштбо

ИЛИ ФГАНТАЗИЈА, ИДЕАЛИЗАЦИЈА, РОМАНТИКА ПО НАРАЧКА НА НЕКОЈ СЛИКАР, (башка што мислам дека станува збор за средновековна византиска војска)

дали вие одговарате за намернитѕе пропусти и дезинформации што ги пласирате

ако не..ете ви уште сликички..отворете албум мајку му
Ќе те замолам да се информираш малку за авторот на текстот па потоа да употребуваш такви изрази како во првиот пасус, ако не ќе морам да заклучам дека немаш основно ниво на култура и генерализираш без да си го познаваш „противникот“, кој впрочем сам си го создаваш... за речникот... нема што многу да коментирам...

И да, разбирливо е да имате проблеми вие, сегашните антички Македонци, бидејќи ова ви ги руши политиките кои толку ги градите и во кои дури и самите сте убедени.

Алал да им е на Дневник, си направиле супер приказна и супер насловна и ќе им се продава весникот, браоооосссссс.

Или ако не ај да им кажам друг пат ко ќе имаат супер приказна и супер насловна што продава да не ги ставаат бидејќи ги повредува чуствата на сегашните антички Македонци.

п.с.
Дневник одлепи - со сликовници против МАКЕДОНЦИТЕ
Вие, сегашните антички Македонци одамна сте одлепени :pipi:
 
Насловот продава весник, а и не е далеку од вистината...

Целата политика во последниве месеци и години е таква, јебеш словенско, антички сме ние, со Ацета Големион, еееееееееееј :vozbud:

Ќе те замолам да се информираш малку за авторот на текстот па потоа да употребуваш такви изрази како во првиот пасус, ако не ќе морам да заклучам дека немаш основно ниво на култура и генерализираш без да си го познаваш „противникот“, кој впрочем сам си го создаваш... за речникот... нема што многу да коментирам...

И да, разбирливо е да имате проблеми вие, сегашните антички Македонци, бидејќи ова ви ги руши политиките кои толку ги градите и во кои дури и самите сте убедени.

Алал да им е на Дневник, си направиле супер приказна и супер насловна и ќе им се продава весникот, браоооосссссс.

Или ако не ај да им кажам друг пат ко ќе имаат супер приказна и супер насловна што продава да не ги ставаат бидејќи ги повредува чуствата на сегашните антички Македонци.

1. не се вонземирувај за мојот речник туку за содржината во речениците...јас дум дојден на луфтирање тука..баш од тие со речниците

И да, разбирливо е да имате проблеми вие, сегашните антички Македонци,

те жалам о модерен македонецу, прости ми на мојата античност, да си го сменам ли името, да ми биде по словенско, да го ископам ли гробот и срушам таванот со сонцето на старата ми кука за да не биде античка...да ја прекрстам покојната ми баба...за да бидам поприфатлив за тебе.:vozbud::vozbud:

Дневник нема тираж исто како и сега..сега е дабетер...верувај бев сведок како три компании ги раскинуваат договорите за маркетинг поведени од слабите резултати/ тираж.

ти како новинар ке ме побиеш со факти или ке алапачиш ко во берберница??? чекам коментар на ниво
 
Насловот продава весник, а и не е далеку од вистината...

Целата политика во последниве месеци и години е таква, јебеш словенско, антички сме ние, со Ацета Големион, еееееееееееј :vozbud:

Ќе те замолам да се информираш малку за авторот на текстот па потоа да употребуваш такви изрази како во првиот пасус, ако не ќе морам да заклучам дека немаш основно ниво на култура и генерализираш без да си го познаваш „противникот“, кој впрочем сам си го создаваш... за речникот... нема што многу да коментирам...

И да, разбирливо е да имате проблеми вие, сегашните антички Македонци, бидејќи ова ви ги руши политиките кои толку ги градите и во кои дури и самите сте убедени.

Алал да им е на Дневник, си направиле супер приказна и супер насловна и ќе им се продава весникот, браоооосссссс.

Или ако не ај да им кажам друг пат ко ќе имаат супер приказна и супер насловна што продава да не ги ставаат бидејќи ги повредува чуствата на сегашните антички Македонци.

Значи така - насловот продава весник и кога насловот нема врска за тоа што е напишано? Тоа инаку во некои земји се нарекува жолт печат, а Дневник мислам дека има повисоки амбиции од тоа да стане обичен таблоид. Или не????

Второ, во одговорот на Македонцки мешаш политика и историја. Кои се тие сегашни антички Македонци жити бога??? Сите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ??? Викаш ви ги руши политиките кои толку ги градите и во кои самите сте убедени??? Повторно политика и историја.
И еден совет. Просурфај тука на подфорум историја и прочитај нешто. Неколку поста, и тоа не за античкото, туку за преродбата. За Ѓорѓија Пулевски, за Спиридон Габровски, за Григор Прличев, за Марко Цепенков, за Петар Поп-Арсов и за нивните изјави за поврзаноста помеѓу античкиот и современиот Македонец. Или и тие биле СЕГАШНИ АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ КОИ ВОДЕЛЕ ПОЛИТИКА НА ВМРО-ДПМНЕ И НА ГРУЕВСКИ???
 
makedonski si gi cital Cudata na Sv.Dimitrija?

Ти си ги читал?

Таму се опишани склавените од Македонија (сагудати, ринхини, војунити, берзити итн.) како староседелци, а само Солун бил ромејски (византиски) град. Пишува дека тие живееле во околината на Солун:toe:

Ако си ја читал и Making of the Slavs (стр. 114/115) од Флорин Курта човекот се запрашува како може словените околу Солун да се староседелци, а останатите се дојденци? Не само Чудесата на Св. Димитрија, туку и многу византиски хроники тоа го потврдуваат.
 
Новинари во Македонија... се ѓубре до ѓубре. Па уште кога ќе почнат да бранат наводно свои ставови а сите знаат дека се обични проститутки.
 
za A1 mislev deka odkako pochnaa albanski komentari da objavuvaat deka e prifaten medium na site vo Makedonija..inace toa bi bilo prv pat albancite redovno da chitaat aktivno makedonsko slovo.

Ama da mislish da kenjash i grozje da berish se 3 razlichni raboti pa taka A1 ja svrstuvam vo kenevskiot biznis poshto svesno nadraznuvaat chustva so izvrteni i ironichno prestaveni fakti.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom