Две лица во вашиот живот

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Едноставно понекогаш можеме да се прикажеме во различно "јас", во смисла, различно однесување и различно гледање на работите.
За пример некогаш вие сте насмеанa и дружељубива особа, полна со енергија и сакате да се дружите, да излегувате, сакате да бидете во тек со настаните, но понекогаш, се променуваат нештата и одеднаш станувате личност која што обожава да остане затворена во својата приватност, да остане дел од личниот живот, без притоа да воспоставува контакти со поголем дел од своите пријатели.
Тоа се две лица, кои што ги покажуваме, две различни личности. Постои ли причина, или е тоа нормално, дали можеби тоа се случува поради некоја одредена ситуација, во која ќе покажеме неуспех или едноставно ни здосадува од истиот живот. Дали сметате дека компјутерскиот свет за пример, не привлекува кон тој затворен начин на живот?
Дали балансот е добар во животот или вреди да се живее на еден, односно на повеќе начини?
 
Кај човекот веројатно е само најистакната енергијата до таа мера. Едноставно некогаш имаш сила за се и сешто, и некогаш сакаш целосно да си сам. Имам такви периоди и самиот (сите ги имаме изгледа, мислев само јас :)), кога сакам постојано да сум опкружен со луѓе, имам желба да им зборувам, да ни биде интересно... и друг период кога сакам да седам покрај езеро и да размислувам, да одмарам со мислите... ни сончоглед во тие моменти немам сила да грицкам.
Балансот и тоа како е важен. Секој човек има потреба некогаш да е сам, дури и од најблиските... едноставно да ги наполни батериите за наредните битки што ги носи животот, само важно е да знаеш да ги балансираш и двете работи, (технички да се изразам) li-ion батериите препорачуваат никогаш да не ги држиш постојано под напојување, туку да ги полниш до крај и да ги празниш до крај. Така живееле подолго :)
 
Непријатно е да се следат одредени животни линии кои сме ги зацртале. Токму затоа понекогаш се појавува таа друга личност во нас. Личност која ако не тотално спротивна, тогаш во најголема можна мера, ќе се разликува од нас. Балансот е една работа без која природата не може. Тука би сакал да го споменам постоењето на Јинг и Јанг. Тоа е совршеното објаснување на нашите две лица. Едноставно работите во природата се зависни едни од други.
Човекот не може да живее роботизирано и да следи само едни одредени процеси. Ќе спомнам неколку поважни сегменти:
- начин да се убие монотонија е повремена промена на навиките
- досадата која би се јавила поради монотонијата најлесно е да се побие со некои нови доживувања
- балансот е потребен за се’ околу нас да функционира правилно
Па така и на нас ни е потребно тоа второ јас кое повремено се појавува на површината, а потоа неосетно се повлекува длабоко во нас.
Со еден збор, што би бил денот без ноќта?
 
Две лица?:icon_eek:
Ќе звучам ли како целосен лудак и фрик ако кажам дека постојано се надмусрувам со другите во мене, над мене, до мене каде и да се? Oh well...who cares in the end?!
иста енергија, тазлична манифестација.
Танцувам со неа! Хип-хоп, се шуткам, јога транс, танго, чочек, скокам на реге и клатам глава на рок.
Јас, ваква или онаква, сепак јас.
Фаза..процес на себесознавање, откривање, надмудрување со другите суштества кои ни го окупираат и завземаат место во умот!
Крижи-мижи, пу за натрапниците, спас за себе!
Себе?!?
Таа или онаа?! Јас....
It all takes time, but I'll settle down. Ќе се смирам и ќе стојам на една нога спокојно, без тресење и напнат израз.
Баланс, хел јеа!
 
И јас мислев дека ова се случува само кај мене... Некогаш има неверојатна желба за учење, социјализација, чистење едноставно правење многу работи, но се случува наизменично тоа расположение да се смени во таканаречена мрза и слично...
Не знам за балансот, не сум го имала и мислам дека не би било најдобро решение, секој си има различни периоди не може исто да се однесува.
Компјутерот.хмм... Не влијае на сите луѓе исто и кај мене нема никакво влијание...
 
Едноставно понекогаш можеме да се прикажеме во различно "јас", во смисла, различно однесување и различно гледање на работите.

јас на пример имам повеке лица, ама сите тие лица се мој оргинал, т.е тоа сум јас, само малку модифициран за да бидам прикладен кон таа особа. Со секој човек сум различен, т.е покрај брзата проценка што ја правам некому, дознавам како да се однесувам кон истата особа, за да има понатамошна добра комуникација и минимално конфликти, во никој случај не покажувам непостоечки ствари, само ги прикажувам деловите од мене што на таа особа и се битни.

За пример некогаш вие сте насмеанa и дружељубива особа, полна со енергија и сакате да се дружите, да излегувате, сакате да бидете во тек со настаните, но понекогаш, се променуваат нештата и одеднаш станувате личност која што обожава да остане затворена во својата приватност, да остане дел од личниот живот, без притоа да воспоставува контакти со поголем дел од своите пријатели.Тоа се две лица, кои што ги покажуваме, две различни личности. Постои ли причина, или е тоа нормално, дали можеби тоа се случува поради некоја одредена ситуација, во која ќе покажеме неуспех или едноставно ни здосадува од истиот живот.

тоа е резултат на одреден евент шо го има променето животот на човекот, т.н бед, во такви моменти е депресијата што го прави човекот таков, се додека истиот не свати дека треба да продолжи понатаму, да го живее животот со полна пареа. Сум имал многу такви случки да не речам и премногу, па од лични искуства знам како требало да постапам а не сум постапил и се резултирало со повлекување, затварње во себе и едноставно трпење на се, место да се преземе нешто во врска со тоа за да тргне кон подобро.

Дали сметате дека компјутерскиот свет за пример, не привлекува кон тој затворен начин на живот?

Kомпјутерскиот свет.. е тоа е веке друга прича, тој не не привлекува кон затворен начин на живот, туку едноставно ние го избираме тој начин. Компјутерот нигде не ти вика ела седи затвори се у себе и пукни, туку има интересни ствари на нет, игри глупости и ти место да земеш да се средиш психички го цепаш времето на компјутер а проблемите растат. Со тоа добиваш ефект дека компјутерот те тера на истото, ама не сето тоа е лична одлука на самата персона.

Дали балансот е добар во животот или вреди да се живее на еден, односно на повеќе начини?

Баланс во животот не постои, ниту пак постои човек што ке го живее животот само на еден од двата начини, секој ке падне во бед, секој ке се затвори во себе некогаш, некој помалку некој повеке, секој е биде и отворен, дружељубив, ако ништо повеке бар 5 минути од својот реален или виртуелен живот, такада двата начини се застапени, а богами постојат и многу други, но да не должиме сега премногу, тоа во друга прилика
 
тоа е резултат на одреден евент шо го има променето животот на човекот, т.н бед, во такви моменти е депресијата што го прави човекот таков, се додека истиот не свати дека треба да продолжи понатаму, да го живее животот со полна пареа. Сум имал многу такви случки да не речам и премногу, па од лични искуства знам како требало да постапам а не сум постапил и се резултирало со повлекување, затварње во себе и едноставно трпење на се, место да се преземе нешто во врска со тоа за да тргне кон подобро.



Kомпјутерскиот свет.. е тоа е веке друга прича, тој не не привлекува кон затворен начин на живот, туку едноставно ние го избираме тој начин. Компјутерот нигде не ти вика ела седи затвори се у себе и пукни, туку има интересни ствари на нет, игри глупости и ти место да земеш да се средиш психички го цепаш времето на компјутер а проблемите растат. Со тоа добиваш ефект дека компјутерот те тера на истото, ама не сето тоа е лична одлука на самата персона.

Јас сепак мислам дека постојат одредени периоди во животот кога сакаш да бидеш затворен во себе, значи зборувам за подолг период и не би рекол дека секогаш е случај таквиот живот, поради одредена лоша ситуација или тн бед, како што велиш.
Што се однесува до компјутерскиот свет би рекол, дека дефинитивно има голема улога во различниот живот кај многу луѓе, значи кога си оспеднат со него, многу повеќе се поврзуваш кон таков начин на живот, би рекол стануваш затворен длабоко во себе.
 
Да се само две, одлично е. Познам peoplz кои имаат онолку колку треба лица само да се одведе некој во кревет. Потоа истата личност категорично тврди дека има само една личност, строго принципиелна која не може да остане со тебе повеќе од таа вечер бидејќи така ја научил животот. :toe:

На крајот на краиштата што има лошо во шизофренијата, единствената лоша работа е ако сакате да престане. Требаат многу пари за лекови, или во првиот случај, многу пари за презервативи. Проклети капиталисти... :nerv:
 
Едноставно понекогаш можеме да се прикажеме во различно "јас", во смисла, различно однесување и различно гледање на работите.
За пример некогаш вие сте насмеанa и дружељубива особа, полна со енергија и сакате да се дружите, да излегувате, сакате да бидете во тек со настаните, но понекогаш, се променуваат нештата и одеднаш станувате личност која што обожава да остане затворена во својата приватност, да остане дел од личниот живот, без притоа да воспоставува контакти со поголем дел од своите пријатели.
Тоа се две лица, кои што ги покажуваме, две различни личности. Постои ли причина, или е тоа нормално, дали можеби тоа се случува поради некоја одредена ситуација, во која ќе покажеме неуспех или едноставно ни здосадува од истиот живот. Дали сметате дека компјутерскиот свет за пример, не привлекува кон тој затворен начин на живот?
Дали балансот е добар во животот или вреди да се живее на еден, односно на повеќе начини?

тоа е во пубертетот...знаеш кога на америчките филмови клошарот ја кари најјаката типка....која патем е центар пажња кој ја фати е најзвер!!!!!!!!

не вреди да се живее на повеке начини...или си една дефинирана личност со тие и тие карактерни особини....или зад другото јас се крие непринципиелност или самооправдување.....

инаку интернетот не е лош....зависи кој како и за што го користи!!!!!


јас лично сум ги разгледувал тие негативни работ од интернет(некоји успејаа...ама некои...јас знам)......ама се исправив:toe:
 
Е нема врска тоа што го кажуваш. Ни најмалку, барем не според мене.
И не мораш да убедуваш, како што тоа знаеш да го правиш на сите теми кај и да пишеш.
 
КО бев помлад бевме тројца . Едниот беше пијаница , едниот беше разумен а едниот во меѓувреме ... Сега ни за едниот шо остана немам време .
 
Имам две лица, едниот е рационалист другиот хедонист. Рационалистот знае да проанализира се околу него, да погоди и место и време за кога како да се случи. Другар(к)ите го обожаваат, пошто стално им помага за нешто гледајќи од страна, освен Мими.:pipi: Хедонистот се појавува во многу ретки моменти кога ми е преку глава од рационализам,па не ми е гајле што кога како е,па што ќе биде после итн, туку си терам меракот. Ама за жал, рационалистот скоро секогаш го победува хедонистот.
 
Интересни коментари :helou:
Сепак зборуваме за карактерот на личноста кој што според мене може да биде толку различен, дури некогаш да не можеме да се препознаеме себеси. Не зборувам за шизофренија :)
 
Јас имам сериозен проблем со лесно адаптирање спрема личности и нивните ставови доколку ги доживувам како авторитети (на некој начин) или кај народот познато како `немање свое јас`. Е сега, во мојот случај моето `јас` постои и е дефинирано, ама ретко излегува на виделина и е недостапно за перцепцијата на публиката. Со други зборови интроверт, кој автоматски има две јас, од кои едното е за публиката, а другото е за мене.
Тоа во добар дел од ситуациите би се протолкувало како лицемерно, ама мене ми е сосема фер да носам маска ако сум во средина на емотивно неписмени и крути луѓе со кои не можеш да споделиш став кој е различен од туѓиот и кои не сакаат да слушаат, едноставно нели. Ова за `делот` на одбраната.
Обвинителот (исто така некој човек кој живее во мене) би кажал дека проблемот е сепак во моето `немање доволно храброст да се соочам со кретенското, погрешно толкување на луѓето на мојот персоналитет. ` (или моја вина).
Судијата (личност која исто така фигурира во структурата `јас` )е некој постар мрзлив човек скриен во гарант погрешната мозочна хемисфера кој најверојатно е секогаш полузаспан за да може да донесе било каква одлука. И мене затоа, проблемите ми се заминати во пензија или заглавени ете, во некој од најнеефикасните судови во Македонија. Нека биде тоа , еве од чист мерак, Основниот во Битола.
 
КО бев помлад бевме тројца . Едниот беше пијаница , едниот беше разумен а едниот во меѓувреме ... Сега ни за едниот шо остана немам време .

Ова болдираново,никогаш не сум сретнал реченица вака прецизно карактерно да ме опише.
Мислам дека е до моментот,што бара моменталната ситуација и што ми е волја да и дадам.А волјата сум забележал ми ја одредуваат многу околности(со кого сум,дали имам пари,дали сум наспан итн).Оваа повекекарактерност изгледа е некој животен механизам за да останеме во нормалните.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom