Една ѕвезда ми шепоти,
дали си блесок што постои,
трепет од крилја на гулаби.
Срце ми создава бол,
дали може љубовта ноќва да ја продолжи.
Дали може да ја задржи.
Ја имам само ноќва да бидам јас со неа.
И не знам дали можам да заборавам.
Во гради имам сонце за уште три светови,
ако замине ќе изгаснам.
Илјада слики, сеќавања
и мечти не домечтаени.
Ќе носам трагови нејзини,
во себе цел еден век.
Знам дека ќе замине,
денот штом ќе надојде,
ќе ми рече не барај ме!
Ја имам само ноќва да бидам јас со неа.
И не знам дали можам да заборавам.
Во гради имам сонце за уште три светови,
ако замине ќе изгаснам.
Знам дека ќе замине,
денот штом ќе надојде,
ќе ми рече Не барај ме!
Ја имам само ноќва да бидам јас со неа.
И не знам дали можам да заборавам.
Во гради имам сонце за уште три светови,
ако замине...
Ја имам само ноќва да бидам јас со неа.
И не знам дали можам да заборавам.
Во гради имам сонце за уште три светови,
ако замине ќе изгаснам.