„Наша должност е сите да застанеме под македонските знамиња и да си ја пролееме крвта за нашата Татковина. Македонци, Споменете си за светскиот победник, светската слава на Македонија - Великиот Александар Македонски, споменете си за храбриот цар Самуил, за македонскиот великан, волшебниот Крале Марко, сесловенска слава, - дека во нив течела македонска крв, тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започната дело.
Да се покажеме како достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожтвуваност; да го отфрлиме од себе страмниот јарем што не гуши пет века... Слободата не се купува ни подарува, таа треба да се извојува. “
—„Кон Македонците“ и „Рaд македонских комитета“, Весник „Реформи“, 14 септември 1902 и „Браник“, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2
„Бев испратил статиjа до "Автономна Македонија" за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настоjчиво молам за неjзиното публикување. Од капитално значење е да jа сврземе нашата кауза со старата историjа на Македониjа...“
—Н. Киров Мајски, В строја за Македонија - Исторически факти, бележки и документи, I, Софија, 1957, 110а - ракопис во АО на ИНИ, Сл. IV, 192/I
„...Има уште такви, кои денешните жители на Македониjа не ги сметаат ни за Срби ни за Бугари, туку за посебна народност, вероjатно наследници на старите Македонци. ...“
—Jаков Слишковиќ, „Албаниjа и Македониjа“, Сараево 1904 година, стр. 160
" ...Когато нам се налага да предприемем заштитата на угнетените македонци, ние требва на радо с'рце да направим това. Нам тука ни е тв'рде охотно да отбележим, че Александар Великиј, тоја цар на вселената, е засвидетелствувал добродетелите на славјанското племе, когато е казал, че славјаните носат геројски с'рца и поради това заслужават да носат великото име славјани, което ште рече славни. Преди да изд'хне тоја велик, наш завештател зајавил,че проклина всекиго којто за напред би злословил славјаните. За всичките војнствени качества техни, тој им завештал всичките земи от Адријатическо море до океана на вечите ледове. Освен това, тој заклел небесните си покровителои да пазјат од нештастија и постојанно да се притичат на помошт на дванадесеттех кнјазе, потомци на дванадесеттех негови другари. Сега, ако македонците не са в положение сами да спрат техното истребление и да подобрат својата участ, то Б'лгарите, С'рбите, Черногорците, и другите славјани са д'лжни да се притекат на помошт на тија братја по к'рв и вера, на тија които са родени от "мајка дојна" [Македонија] и отк'дето са излезли нај-знаменитите начала и светила..."
—„Автономна Македонија“, I, 9, Софија, 30.VIII.1903, cтр. 1
„Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките македонци на Филип II и на Александар. . . . Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест. Сандански заедно со Делчев, протагонисти и двајцата за време на Илинденското востание, стана опасен за Бугарија и бугарските шовинисти решија да го ликвидираат, бидејќи неговата агитација не одеше во прилог на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, зашто тој култивираше кај Словеномакедонците македонска национална свест. И неговото убиство, всушност, беше извршено од самите Бугари. “
—„Елефтериос Ставридис“, „Зад кулисите на КПГ“, Атина 1953 г., стр. 214
„Oваа земja e Maкедониja и ако ja погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономиja, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.“
—„Цариградски весник“, 3 март, 1860
„ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИОТ ВОСТАНИЧКИ КОМИТЕТ“ Македонскиот востанички комитет озаконува во 1878. Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земjа Македониja поради причини од еготистички цели од страна на големите сили е оставена повторно на Турциja по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа, доjде во одредени области на нашата татковина до многу крвави сценипознати на секого. Со желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот jaрем, секоj oд нас, кoj колку може, станавме да се жртвуваме, бидеjќи од секого од нас е нижна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што се лее по полината и горите македонски ние служиме, како македонската воjска на Александар Македонски, за слобода со нашата девиза" 'Слобода или смрт!'...“
—Приватна библиотека на Кирил, патриjaрх Бугарски, Заведено под сиг. Арх. Од дело 2341, AE 50, l.l. 30-61
„Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја. ... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост! “
—Коста Шахов, в. "Македонија" на , број 4, Русе, 11. ХI.1888 година
„Alexander the Great conquerred Judea, including Jerusalem. Affectuous meeting with the High Priest signifies the establishment of ancient Judeo-Macedonian friendship. Many Jews came in Macedonia and Grece as merchants, or were deported as slaves. The successors of Alexander Macedonia and Egypt were tolerant towards the Jews“
—Samuel Sadikario, Important Facts about History of Jews in Macedonia
„Навистина, некогаш Македониjа била под грчка, како и под римска и бугарска власт..., но поради тоа не може да се нарече "грчка" ... земjа. Пред да биде завладеана од други Македониjа беше одделно македонско царство, управувано од Александар Велики коj ги разби Грците и го покори целиот свет. Едно што Македониjа во минатото живеела самостоен живот, што и пречи и во иднина да живее таков живот? ...“
—Македоно-одрински преглед, 1907, II/38, стр. 595
„Уште зимоска, по македонските села крстосуваа македонските деjци, борци и водачи што организираа собраниjа, претпоставуваа да собираат потписи под молбата до таткото на сите Словени молеjќи за милостиво застапништво. Тогаш Македонците ги изразиjа своите вистински желби: на древниот македонкси престол на Александар Велики, на Самуила и Марко Крале да седне руски кнез. Но за никакво соединување со Бугарите, ни за напад врз Србите, непознато од чие име, никоj од автономистите не зборувал. ...“
—„Бескрупулозен неприjател на Македониjа и на словенството“, „Македонски Глас“, 20 ноември 1914 година
Ние македонците не сме ни срби, ни бугари, туку просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но србите и бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.
—Борис Сарафов, 2 септември 1902''
Ако постои грчка и српска пропаганда, зошто да не може да постои и бугарска. Таа постои. Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите. Под имињата на мошне познати шефови тие испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја... Тука има место само за една Организација, а тоа е народната, македонската.
—Даме Груев, Блеквудс магазин
„македонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот“ и затоа “ треба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат“
—Јане Сандански, Рилски конгрес, 1905
„Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата."
—Јане Сандански, Писмо до жителите на Мелник, 1904
Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.
—Крсте Петков Мисирков, К. Мисирков'-македонец', Македонска култура, „Мир'“, XXX, 7155, 19.IV.1924, 1.
„...Да се знае, кога селаните од моето родно село Радибуш Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште, а и за Ранковци и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Васкресија, како 7-мо дете од дванајсе деца, пет машки и седум женски. Славјанско писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, кој така се вика зошто сме Македонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стојмен свјаштеник. И јас прекорот си го зедов Македонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме славјани од Македонија.“
—Ден Голема Богородица на 1846. Ѓорѓи Македонски, 15, т.Први, 282
„Оние што ја читале мојата “Земја на раздорот”, го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се Срби, ни Бугари туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура.“
—Александар Валентинович Амфитеатров
„Македонија според нашите разбирања, треба да биде целосна, неразделна, автономна, претставувајќи од себе суверено кнежество, кое не треба да влегува во составот на која и да е држава, а особено не во составот на Бугарија, над која управуваат такви личности како што се Германецот Фердинанд и Радославов, кој се откажа од словенството.“
—А. Ф. Ритих, „Македонски глас” – С. Петербург
„Орган на македонските револуционери. Ослободението на Македонија е дело на самите Македонци. Слободата не е Егзархијата“
—Списание „Револуција“, Велес, 1895 г.
"Хрвати!
Нашата слобода ни е мила, за неа речиси илјада години се бориме и крвариме со различни душмани, та така и македонскиот народ не сака потчинување, туку сака да биде свој на своето, слободен и независен: Македонија на Македонците! Оној кој ќе отиде во служба на големите сили за подреденост и окупација на Македонија, тој се стреми за затварање на македонските права и слободи, по планините и селата да го убива невиното население што се бори за својата земја. Ние Хрватите да го чуваме својот дом, за него да се грижиме, и да не се залетуваме за капларската чест, бидејќи и дома ќе имаме леб ако работиме. Да се угледаме на Македонците, та да се грижиме што ќе стабне со нашата крвава и тажна земја. Начечно: не во Македонија! "
—Проглас до Хрватите објавен во „Нови Хрватски Радник 2“, 25. I. 1904, стр. 4
„Македонија ќе биде незвисна а Македонците ќе останат Македонци.
Ако Европа го мисли спротивното, таа греши?; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии. Она што го сакаат Македонците тоа е автономија за нивната земја, со интервенција на Европа во нивна корист. Нема делба, нема припојување кон некоја друга држава; Македонија е единствена и на Македонците. Кој може да се противи на создавањето на една автономна Македонија? Грците, да речеме. Грците имаат големи претензии, тоа е јасно, но војната од 1897 година која тие ја предизвикаа, ја докажа нивната војничка неспособност. Македонците треба да се признаат и треба да им се помогна да создадат своја автономна држава на Балканот, безбедна и цивилизирана. Овој народ е надарен народ кој ќе направи големи дела.“
—Routier Gaston, "La Macеdoine et la question macеdonienne", Paris, 1903