Сведоштва за континуитетот!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Да сте коњи, па да ве појам.

Ова не е наменето за сите оние протагонисти на македонскиот континуитет, за сите колонизатори и разнебитувачи на македонската земја и дух.

Ова е наменето за Македонците, кои заспале, кои се успијени од политичките реторики и пропагандите.


Се' што требит, е да читате на глас, па доколку ви затепери душичката, немам сомнеж дека ќе знаете да го одберите правиот пат.



„...jужниот дел на Балканот го заземаат Македонците, кои се потомци на наjстарите Словени, и кои беа во Тракиjа уште пред Христа. Од север ги граничи шар Планина, од исток Родопите, од jуг Белото Море и Тесалиjа, од Запад Епир и Jужна Албаниjа. ...“

—'„Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе“, Београд, 1872, стр. 35





Македонците се наjстари Словени на ова илирско трополе...тоj народ стои во средината меѓу Србите и Бугарите“

—Jован Драгашевиќ, „Географиjа за средње школе“, Београд, 1871, c. 162-163





„Пред австриската окупација на Босна, никој во Србија не помислил на искажување претензии кон Македонија ... се додека Србија ги бараше своите брегови на Јадранското Mope, немаше тврдења дека во Солун има српско население. Дури откако на Србите, со насилен акт на Берлинскиот конгрес, им беше одземено природното право, поради историјата и јазичните граници, да се прошират кон Јадранското Mope, со вештачка агитација погледот на српската политика се сврте кон Македонија.

—Изјава на Балугџиќ , Списанието "Словенски Југ", 21.9.1904.




„Македонците не се изгубиле од лицето на земата како што си дозволуваат некои да велат, зошто, доколку што знаеме ние, тие не згрешиле ништо па да зине земjата да ги голтне...“

—Димитар Македонски, „По македонското прашане“, „Мaкедониjа“, V, 7, Цариград, 16.II.1871
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Има уште многу повеќе. Убаво, препроширено и на други места.

:smir:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Охохо...ко печурки на дожд,ги наоѓате...браво....а се чудам како од 45та па до сега...само со еден текст работеле нашиве историчари: "Ние сме потомство на словените кои со трски го преминале Дунав од VI do VII век":kesa:

Страв ми е само ако остане темава со 5 коментари...заради тоа што не им е интересно на народов да дебатираш на место кај што се е гола вистина,и нема место за шпекулации!!!:salut:
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
да има премногу докази. Google ги дигитализира сите стари и заборавени книги од 15век па навака.. Дела за Аристотел, Александар, Македонија, патеписци.. од 1700,1800

појди на search при www.books.google.com ќе најдеш чудесни книги.. книг за кои и не си претпоставувал дека постојат.. од вавилонска, античка, византиска
историја

Книги каде авторите не пиеле вода од Грчки бунар.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
„Наша должност е сите да застанеме под македонските знамиња и да си ја пролееме крвта за нашата Татковина. Македонци, Споменете си за светскиот победник, светската слава на Македонија - Великиот Александар Македонски, споменете си за храбриот цар Самуил, за македонскиот великан, волшебниот Крале Марко, сесловенска слава, - дека во нив течела македонска крв, тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започната дело.
Да се покажеме како достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожтвуваност; да го отфрлиме од себе страмниот јарем што не гуши пет века... Слободата не се купува ни подарува, таа треба да се извојува. “
—„Кон Македонците“ и „Рaд македонских комитета“, Весник „Реформи“, 14 септември 1902 и „Браник“, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2


„Бев испратил статиjа до "Автономна Македонија" за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настоjчиво молам за неjзиното публикување. Од капитално значење е да jа сврземе нашата кауза со старата историjа на Македониjа...“
—Н. Киров Мајски, В строја за Македонија - Исторически факти, бележки и документи, I, Софија, 1957, 110а - ракопис во АО на ИНИ, Сл. IV, 192/I


„...Има уште такви, кои денешните жители на Македониjа не ги сметаат ни за Срби ни за Бугари, туку за посебна народност, вероjатно наследници на старите Македонци. ...“
—Jаков Слишковиќ, „Албаниjа и Македониjа“, Сараево 1904 година, стр. 160



" ...Когато нам се налага да предприемем заштитата на угнетените македонци, ние требва на радо с'рце да направим това. Нам тука ни е тв'рде охотно да отбележим, че Александар Великиј, тоја цар на вселената, е засвидетелствувал добродетелите на славјанското племе, когато е казал, че славјаните носат геројски с'рца и поради това заслужават да носат великото име славјани, което ште рече славни. Преди да изд'хне тоја велик, наш завештател зајавил,че проклина всекиго којто за напред би злословил славјаните. За всичките војнствени качества техни, тој им завештал всичките земи от Адријатическо море до океана на вечите ледове. Освен това, тој заклел небесните си покровителои да пазјат од нештастија и постојанно да се притичат на помошт на дванадесеттех кнјазе, потомци на дванадесеттех негови другари. Сега, ако македонците не са в положение сами да спрат техното истребление и да подобрат својата участ, то Б'лгарите, С'рбите, Черногорците, и другите славјани са д'лжни да се притекат на помошт на тија братја по к'рв и вера, на тија които са родени от "мајка дојна" [Македонија] и отк'дето са излезли нај-знаменитите начала и светила..."
—„Автономна Македонија“, I, 9, Софија, 30.VIII.1903, cтр. 1



„Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките македонци на Филип II и на Александар. . . . Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест. Сандански заедно со Делчев, протагонисти и двајцата за време на Илинденското востание, стана опасен за Бугарија и бугарските шовинисти решија да го ликвидираат, бидејќи неговата агитација не одеше во прилог на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, зашто тој култивираше кај Словеномакедонците македонска национална свест. И неговото убиство, всушност, беше извршено од самите Бугари. “

—„Елефтериос Ставридис“, „Зад кулисите на КПГ“, Атина 1953 г., стр. 214


„Oваа земja e Maкедониja и ако ja погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономиja, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.“
—„Цариградски весник“, 3 март, 1860

„ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИОТ ВОСТАНИЧКИ КОМИТЕТ“ Македонскиот востанички комитет озаконува во 1878. Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земjа Македониja поради причини од еготистички цели од страна на големите сили е оставена повторно на Турциja по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа, доjде во одредени области на нашата татковина до многу крвави сценипознати на секого. Со желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот jaрем, секоj oд нас, кoj колку може, станавме да се жртвуваме, бидеjќи од секого од нас е нижна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што се лее по полината и горите македонски ние служиме, како македонската воjска на Александар Македонски, за слобода со нашата девиза" 'Слобода или смрт!'...“
—Приватна библиотека на Кирил, патриjaрх Бугарски, Заведено под сиг. Арх. Од дело 2341, AE 50, l.l. 30-61


„Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја. ... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост! “

—Коста Шахов, в. "Македонија" на , број 4, Русе, 11. ХI.1888 година


„Alexander the Great conquerred Judea, including Jerusalem. Affectuous meeting with the High Priest signifies the establishment of ancient Judeo-Macedonian friendship. Many Jews came in Macedonia and Grece as merchants, or were deported as slaves. The successors of Alexander Macedonia and Egypt were tolerant towards the Jews
—Samuel Sadikario, Important Facts about History of Jews in Macedonia


„Навистина, некогаш Македониjа била под грчка, како и под римска и бугарска власт..., но поради тоа не може да се нарече "грчка" ... земjа. Пред да биде завладеана од други Македониjа беше одделно македонско царство, управувано од Александар Велики коj ги разби Грците и го покори целиот свет. Едно што Македониjа во минатото живеела самостоен живот, што и пречи и во иднина да живее таков живот? ...“
—Македоно-одрински преглед, 1907, II/38, стр. 595


„Уште зимоска, по македонските села крстосуваа македонските деjци, борци и водачи што организираа собраниjа, претпоставуваа да собираат потписи под молбата до таткото на сите Словени молеjќи за милостиво застапништво. Тогаш Македонците ги изразиjа своите вистински желби: на древниот македонкси престол на Александар Велики, на Самуила и Марко Крале да седне руски кнез. Но за никакво соединување со Бугарите, ни за напад врз Србите, непознато од чие име, никоj од автономистите не зборувал. ...“
—„Бескрупулозен неприjател на Македониjа и на словенството“, „Македонски Глас“, 20 ноември 1914 година



Ние македонците не сме ни срби, ни бугари, туку просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но србите и бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.
—Борис Сарафов, 2 септември 1902''




Ако постои грчка и српска пропаганда, зошто да не може да постои и бугарска. Таа постои. Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите. Под имињата на мошне познати шефови тие испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја... Тука има место само за една Организација, а тоа е народната, македонската.
Даме Груев, Блеквудс магазин


„македонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот“ и затоа “ треба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат
—Јане Сандански, Рилски конгрес, 1905


„Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата."
—Јане Сандански, Писмо до жителите на Мелник, 1904

Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.
—Крсте Петков Мисирков, К. Мисирков'-македонец', Македонска култура, „Мир'“, XXX, 7155, 19.IV.1924, 1.

„...Да се знае, кога селаните од моето родно село Радибуш Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште, а и за Ранковци и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Васкресија, како 7-мо дете од дванајсе деца, пет машки и седум женски. Славјанско писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, кој така се вика зошто сме Македонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стојмен свјаштеник. И јас прекорот си го зедов Македонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме славјани од Македонија.“
—Ден Голема Богородица на 1846. Ѓорѓи Македонски, 15, т.Први, 282

„Оние што ја читале мојата “Земја на раздорот”, го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се Срби, ни Бугари туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура.“
—Александар Валентинович Амфитеатров


„Македонија според нашите разбирања, треба да биде целосна, неразделна, автономна, претставувајќи од себе суверено кнежество, кое не треба да влегува во составот на која и да е држава, а особено не во составот на Бугарија, над која управуваат такви личности како што се Германецот Фердинанд и Радославов, кој се откажа од словенството.“
—А. Ф. Ритих, „Македонски глас” – С. Петербург


„Орган на македонските револуционери. Ослободението на Македонија е дело на самите Македонци. Слободата не е Егзархијата“
—Списание „Револуција“, Велес, 1895 г.


"Хрвати!
Нашата слобода ни е мила, за неа речиси илјада години се бориме и крвариме со различни душмани, та така и македонскиот народ не сака потчинување, туку сака да биде свој на своето, слободен и независен: Македонија на Македонците! Оној кој ќе отиде во служба на големите сили за подреденост и окупација на Македонија, тој се стреми за затварање на македонските права и слободи, по планините и селата да го убива невиното население што се бори за својата земја. Ние Хрватите да го чуваме својот дом, за него да се грижиме, и да не се залетуваме за капларската чест, бидејќи и дома ќе имаме леб ако работиме. Да се угледаме на Македонците, та да се грижиме што ќе стабне со нашата крвава и тажна земја. Начечно: не во Македонија! "
—Проглас до Хрватите објавен во „Нови Хрватски Радник 2“, 25. I. 1904, стр. 4




Македонија ќе биде незвисна а Македонците ќе останат Македонци.
Ако Европа го мисли спротивното, таа греши?; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии. Она што го сакаат Македонците тоа е автономија за нивната земја, со интервенција на Европа во нивна корист. Нема делба, нема припојување кон некоја друга држава; Македонија е единствена и на Македонците. Кој може да се противи на создавањето на една автономна Македонија? Грците, да речеме. Грците имаат големи претензии, тоа е јасно, но војната од 1897 година која тие ја предизвикаа, ја докажа нивната војничка неспособност. Македонците треба да се признаат и треба да им се помогна да создадат своја автономна држава на Балканот, безбедна и цивилизирана. Овој народ е надарен народ кој ќе направи големи дела.“
—Routier Gaston, "La Macеdoine et la question macеdonienne", Paris, 1903
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И вистина, зар ке се решит iеден искрен патриiот македонец да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопiе и пр. за соiединуаiн'ето на Македониiа до левиiот брег на Вардар со Бугариiа?
—Крсте Петков Мисирков, За македонцките работи, 1903, Софиiа

Како Македонец јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично“
—Крсте Петков Мисирков, „Самоопределувањето на Македонците“, 1925


... Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојаните држави за присвојување на туѓи територии. А зошто за не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?
William Gladstone, The Times, 6 февруари 1897



"...во името на правото, во името на историјата, во името на практичноста, Ве молиме Вас, браќа, да ја прифатите следнава информација: Македонија е населена со хомогено православно население, кое има сопствена историја, свој начин на живот, своја држава во минатото, свои идеали. И оттука има право на самоопределба. Македонија треба да биде независна држава, со сопствени етнографски, географски и културно-историски обележја, со сопствена влада и народно собрание. Македонската држава треба да биде независна како и другите балкански земји. Неопходно е да се возобнови старата охридска автокефална црква, која потоа треба да оствари канонски релации со црквите на Грција, Русија, Бугарија, Србија, Романија".
—Димитрија Чуповски


Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881
23 март 1881 во Ќустендил

Македонци,
Нашата мила татковина Македонија еднаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија.
А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа.
Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен.

Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска.
Денеска е само географски поим.
Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот.
Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови.
Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан.
Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт. Вистински Македонци, верни чеда на вашата татковина! Ќе дозволите ли вашата татковина да биде уништена? Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа! Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми!

Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишта зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам.
Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него: Да живее Македонскиот народ, да живее Македонија! Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена. Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!

Ќустендил 11-23 март 1881,
Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.
Претседател Васил Чомо
Секретар Никола Трајков
—Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).

http://bratot.blogspot.com/


Доколку треба да продолжам, кажувајте!
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Брат полека малку со материјаливе, цела недела ќе ги оставиш без сон татарите. Се кладам дека ќе се обидат за секој од овие извори да најдат или да измислат некој демант. Како на пример тоа за српските извори дека им била намерата да создадат нова македонска нација за да се порази полесно епската и славна блгарска нација.:kesa:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Нема простор за татари ни срби, ова е за нас.

Бидејќи голема недоверба си имаме кон своето потекло, замисли, пред 100 години колку биле понапред од нас денес, во овие услови во кои живееме.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Цитати:

Во т.н. Раванички препис за Законот на Стефан Душан, најден од познатиот славист П. Ј. Шафариќ во манастирот Раваница во Срем и сега чуван во Народниот музеј во Прага, во самиот наслов на Законот покрај датата: 21 мај 1349 година се истакнува дека Душан бил „Македонски цар“. „Благочьстиваго и христолјубиваго македонскаго цара Стефана, србскаго, бльгарскаго, оугар`скаго, дал'матскаго, ар'банаскаго, угровлахıскаго и иньним пр'деломь и земьлıам – самодрж'сца“
Смешни се тврдењата на Србите дека тука се работи за посочување на територија која ја владеел Душан, а не за посочување на Македонците како народ над кого владеел Душан. Јас дури сметам дека е сосема обратно, а тоа го кажува и документов:
Благочьстиваго и христолјубиваго македонскаго цара Стефана
Ова кажува дека Стефан Душан е титулиран Македонски цар
србскаго, бльгарскаго, оугар`скаго, дал'матскаго, ар'банаскаго, угровлахıскаго и иньним пр'деломь и земьлıам – самодрж'сца.
a ова дека тој владее врз овие, па и други предели.
Значи, од записов може да се заклучи само дека Стефан Душан е Македонски цар кој владее со србски, бугарски, далматински и др. земји.

Da za momenat okrenem ovaj razgovor i pokazem kako se u starija vremena , uglavnom po propasti "srpske" srednjevekovne drzave dozivljava pojam Makedonije uopste. "Geografski lose informisan" autor narodne pesme o Princu Kajici stavlja podunavski grad Smederevo u Makedoniju.
U zapisima iz 1564 Manastira Zavale u Hercegovini, zapisano je da "manastir lezi nadkriljen planinom Velez koji je u makedonskoj zemlji" (Stari srpski zapisi i natpisi, Lj Stojanovic )
Bozidar Vukovic Podgoricanin kaze za sebe da dolazi iz "Dukljanske zemlje, u Makedoniji, iz grada Podgorice".(Stari srpski zapisi i natpisi, Lj Stojanovic )
Hodocasnici Hristova Groba Vukovoj, Gavrilo, Sava, Jovan i Sekule rekose na dva mesta da su iz "makedonske zemlje, Zahumlja, poznatog kao Hercegovina".(Stari srpski zapisi i natpisi, Lj Stojanovic )
1615 kaze se da se manastir Moraca nalazu u oblasti Hercegovine, u zapadnim zemljama, u makedonskim zemljama.(Stari srpski zapisi i natpisi, Lj Stojanovic )
Upravo je mozda zbog ovih gore pomenutih izvora Vuk Karadzic i primetio da su "sve zemlje nasih ljudi nazivane Makedonija" (V S Karadzic, Beispiele der serbisch-slavischen Sprache, Vienna, 1857)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ерејот Димитрија од Кривопаланечко во врска со своето етничко потекло, во далечната 1848 година, запишал:

"Родум сум Македонец... Од Бога било пишано мојата татковина да страда од Грците, па тие не ни даваат мир ниту денес, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното царство."


"Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот."

- Виктор Григорович, во врска со импресиите од својата посета на Македонија во 1844 - 1845.


"Клетата раја од Македонија уште ги воспевува подвизите на завојувачот на Персија и Индија".

- Патопис од непознат автор од 1807 година. "Френски патеписи за Балканите 19 в." составила и редактирала Бистра Цветкова, Софија. Преземено од "Archives de l'armee de terre", со сигнатура МР 1618, 17.



"Македонците во стари времиња биле многу проучени како научници, а исто така и по својата храброст. Сега пак тие се плашливци и незнајковци"

- Патопис од непознат автор од пред 1798 година, Конгресна библиотека во Вашингтон, Оддел за ретки книги сигнатура Г 160. Л 317, 1816 год.


"Македонија толку славна со спомените на Филип и Александар, толку несреќна за време на римското владеење, понижена под Бугарите и најпосле толку понижена под отоманскиот меч, денес претставува само пустош кој зад себе го влече фанатизмот, незнаењето и деспотизмот".

-Патописот на Кузинери од 1816 година. Voyage dans la Macedoine I, Paris, 1831, Esprit Marie Cousinery, стр. 11.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Македонскиот полк бил полк, односно посебен воен одред на Руската царска армија составен од Македонци кои дошле како бегалци во Русија по неуспехот на Карпошовото востание во 1698 година.
По неуспехот на востанието и набивањето на кол на водачот Карпош на Камениот мост во Скопје, голем број на востаници и останато цивилно македонско население (претежно од североисточниот дел на Македонија) под водство на владиката Арсение Чарноевиќ најпрвин пребегнало во Војводина. Подоцна поради силните притисоци на Австријците за германизација на ова македонско население, тие пребегнале во Царството Русија и се населиле на подрачјето на денешна Украина.
Со самото пристигнување голем број од нив стапиле во редовите на руската царска армија поради што бил созададен посебен полк со назив „Македонски полк“ кој учествувал во повеќе подоцнежни војни водени од Царска Русија. Војниците (Македонци) од Македонскиот Полк се одликувале голема храброст и воинственост и во битките често биле праќани во првите борбени редови како јуришници заедно со храбрите Козаци.
Особено е интересно што припадниците на Македонскиот полк што имале силна македонска национална свест за својата национална припадност и себеси се сметале за Македонци и при своето пристигнување во Русија се изјаснувале дека се дел од македонската нација за што сведочат повеќе документи кои се чуваат во националниот историски архив на Украина во Киев (види слика).



 
D

dzale1

Гостин
kazite nekoa jaka kniga za Aleksandar da procitam OSVEN Plutarh koj go iam procitano
 
K

KomitaMKD

Гостин
Баш вчера се расправав со еден другар за континуитетот и сеуште во најголем дел народот мисли дека сме биле словени дојдени во 6 век.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Затоа што го дојат со цензурирана историја и го бомбардираат со пропаганда.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Баш вчера се расправав со еден другар за континуитетот и сеуште во најголем дел народот мисли дека сме биле словени дојдени во 6 век.
Резултат на југословенската историографија која 45 години пропагираше братство и единство преку теоријата дека сите сме Словени дојдени од зад Карпатите во 6 век. Штета што од '90 до '98 владееја потомците на истата комунистичка гарда кои ни со прст не чепнаа во историските фалсификати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom